|
|
Правда и правичност? – Што беше тоа!? |
пишува: Светислав ВАСЕВПравда и правичност? – Што беше тоа!?По којзнае кој пат во овие две ипол години , повторно сме сведоци на политички прогон, во Македонија под власта на Заев правната држава одамна ја погребаа. Ја уби Заев и врхушката околу него. Тука суди политиката, а не правото. Веќе и на врапчињата на гранките им е јасно. Кога има апсења – Се апсат членови на ВМРО. Апсењата секогаш доаѓаат кога власта тоне, неуспесите се присутни на секое поле и тогаш кога анкетите покажуваат пад на СДСМ, е тогаш драги мои веќе и сами гледате, очевидно е… се прибегнува кон апсење. Не е важно кој, важно е да има уапсени, да се крева фама, да се зборува за се, само за неуспесите на власта не. Не е важно што народот нема што да јаде, што се иселува, што е лошо образованието, што земјоделците солзи ронат, што нема квалитетно образование, во тој момент власта сака топ тема да биде тоа што се апси. Е до кога бе другари? До кога со тие стари фори? До кога ќе се апси за да се покрие скандал, до кога ќе се штанцаат обвиненија без основ? Држењето на целиот систем во грч, само за остварување на моменталните лични амбиции на поединци се вика автократија. И тука нема право, нема правдина, нема правичност. Има само интерес што подолго да се остане на власт. За таа цел целиот државен апарат е впрегнат. Но тоне, системот кој мислеа ќе трае долго им се распаѓа одвнатре. Криминалот и корупцијата, како и превирањата во сопствените редови веќе ја расипаа машината. Дополнително се поочевидниот прогон им создаде слика на гадење на граѓаните. Неправдата и неправичноста болат, го болат целото општество, особено кога тие ќе станат епидемични. Кога ќе дојде време за наплата ќе биде лошо, како за извршителите, така и за нарачателите. Еден куп пресуди ќе паднат во Стразбург, ноторните прекршувања во постапките, како во случаите со Чавков, Јанакиески, Ристовски, сега и Димовски и Митески ќе треба да ги платат македонските даночни обврзници. Но болката на нив и нивните семејства неможе да ја надокнади никој. Македонија стана држава со политички затвореници во 21 век, цели семејства се жртви на тортура на тлото на модерна Европа. И ова верувајте нема долго да трае. Чука часовникот. Западната цивилизација нема да дозволи некој аврократ во Македонија да имитира модерна инквизиција, власта го знае ова и затоа е во паника. Доаѓа време на правда и правичност. Ќе биде можеби тешко за државата, но неопходно за нејзиното битисување. |