Среда, 03 Јули 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XVI

Martin Trenevski

М-р Мартин Треневски, поранешен министер за информации и иселеништво и екс амбасадор

1. Најнов политички бисер на актуелната власт во Македонија е обидот (велиме "обидот", бидејќи овој пат со никакви задкулисни комбинаторики и подметнувања не ќе може да го реализираат) пописот на населението закажан за 2020та, како што тие го планираат. Јавноста, имено, дозна дека меѓу двата круга од неодамна завршените претседателски избори, на тајна средба во Тетово, лицата Зоран Заев и Али Ахмети го направиле следниот пазар: за да добие подршка гласови од албанските гласачи консензуалниот кандидат за претседател, наметнат од Калето, Стево Пендаровски, СДСМ (читај Зоран Заев) да гарантира дека на најавениот попис процентот на албанците во Македонија да го наштимаат да изнесува - по секоја цена, а не реално колку што се на денот на пописот, барем 30 посто од вкупното население!?

Муртинецот очигледно прифатил ваков дил со Ахмети, бидејки мафташе со тие фамозни 30 проценти и од говорницата во Собранието на седницата за пратенички прашања минатата недела.

Не знам дали оваа индивидуа (З.З.) мајка го родила или е растен во саксија за дотолку да нема елементарно чуство почит кон сопствената нација на која и припаѓа!? Малцинствата во Македонија се колку што се и во македонското граѓанско општество се потполно рамноправни со остатокот од населението! Премногу опасно е мајоризација на било кое малцинство, особено не на сметка на остатокот, пред се мнозинството, граѓани.

Графата за пријавување со матичните броеви и тоа од роднини на македонски граѓани од странство за пописот, што се заговара, е кукавичко јајци преку кое ќе се обиде власта да ни го подметне и преку што се планира да се изврши маниупулацијата! На радост на сите нас, опозицијата располага со оружје против кое власта нема одговор, а тоа е  б о ј к о т о т  на пописот!!! А без учество на опозицијата во оваа статистичка операција што некои упорно сакаат да ја претворат во политичка операција, неможе да има попис!

Белким ова сознание ќе влезе во главите на политичките манипулатори во актуелната власт!?

2. Македонија и нејзиниот бисер Охрид се на дневен ред на заседанието на УНЕСКО што се одржува во Баку, Азербејџан. За жал, не за добро! Во прашање е промена на статусот на Охрид од категоријата споменик од светското културно и природно наследство, во категоријата  з а г р о з е н о  културно наследство. А како не би: во потесното градско подрачје на Охрид се констатирани 407 дивоградби а никој не се нафаќа да се соочи со тој проблем; се палат трските околу езерото за да се освојува земјиште за хотели и други објекти во крабрежјето, некој насилник поставил дури база за градежни материјали до самиот брег, а друг насилник гради дивоградба во срцето на градот, веднаш до древниот охридски чинар. Па добро бе луѓе, има ли нормални во оваа нам драга татковина Македонија!? Има ли закон со којшто тие наши наследени вредности од природата и од минатото ќе ги заштитиме и ќе им ги оставиме на генерациите по нас?

Има ли крај за ова лудило што преовладува како секојдневие во светата земја Македонија? Посакувам да е така, но не сум сигурен.

Можеби  не е лошо да се размисли за укинување на локалната управа во Охрид и определување на некој вид повисок специјален статус на државно ниво со овластувања со кои ќе води сметка и ќе се решаваат проблемите во овој наш бисер што е светски раритет.

Без сомнеж, локалната управа е директен соучесник во безаконијата и хаосот што владеат во Охрид.

3. Лицето Зоран Заев не успеа да си ја присвои и функцијата министер за финансии благодарејки на одлучното спротиставување на пратениците од опозицијата во македонското Собрание, но и пошироката јавност. Арно ама, Заев очигледно ептен многу им се намерачил на финансиите па за да си го бајпасира проблемот со сопствениот неизбор за министер за финансии, наметна решение да не предлага воопшто никого на таа функција, туку самиот тој е раководел со министерството!? Пусти мерак да се дограби до чекмеџето по пекоја цена.

Една од најпрвите мерки на новата власт, која и да е и кога и да е, очигледно ќе мора да биде:  з а м р з н у в а њ е  на имотот на сегашнава владеачка врхушка стекнат од денот на превземањето на власта и национализација доколку сегашниве властодржци не ќе можат да докажат потекло на капиталот со којшто е стекнат тој имот во Струмица, Велес, скопско Дебар маало...

4. Медиумите во Македонија бомбастично најавуваат бомби во август за злосторот крај Смилковското езеро со петкратното убиство што го сторија албански екстремисти на 12. април 2012 година. Во повеќе наврати пишував, а и во оваа прилика ќе го пренесам моето мислење за овој случај. Сторителите на злосторот одамна се знаат, но клучен момент секако е  м о т и в о т!!! Одговорот на ова прашање е во американската база Бондстил на Косово (каде се претпоставува дека се заштитени двајцата егзекутори на петте момчиња, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ), и од каде се регрутирани останатите учесници во овој злостор чија цел беше да се предизвикаат етнички немири (вообичаен метод на ЦИА кога е во прашање Македонија) и тоа непосредно пред самитот на НАТО во Чикаго што се одржа еден месец по злосторот кај Смилковското езеро, со цел да се девалвира Македонија како најспремна кандидатка за прием во Алијансата.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.