Среда, 10 Јули 2019   
ПОЛИТИЧКИТЕ НАСТАНИ КОИ ВЛИЈАЕА НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

4

ПОЛИТИЧКИТЕ НАСТАНИ КОИ ВЛИЈАЕА НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Ангел Ангелкоски

Во моментов во светот има две најголеми светски сили, тоа е Америка, која е наследник на Англија која до 20ти век беше најголема колонијална империја во светот и Русија која има најголема територија на картата на светот и уште толку големо влијание врз остатокот од светот. Помеѓу овие две сили се води геополитика која е осмислена и испланирана многу одамна уште во 19ти век, па преку различни програми и методи се спроведува она што е испланирано. Овие две сили имаат јасна цел, а тоа е кој ќе владее со светот, кој ќе располага најмногу природни ресурси и кој ќе има контрола над природата. Затоа што поголем процент од земјата е вода, за да се контролира копното , прво треба да се завладее со водата. Така сега во овој момент мета на таа геополитика е Македонија, која е клучна за овие две сили во остварување на нивните цели.

За Македонија можеби одамна се е испланирано, нејзиното настанување, нејзината независност како држава, настани кои ќе се случуваат, а сигурно и нејзиното згаснување. Со појавата на шарена револуција, започна нов процес во Македонија и нова политика на удар на државата и бришење на нејзиниот идентитет. Целта на секоја шарена револуција е иста, рушење на системот на државата, поделба на народот и прекројување на границите на таа држави. Сето тоа има психолошки позадина, односно со помош на медиумите да се влијаае на народот да се приклучи, велејќи му дека власта е диктаторска, нема слобода на медиуми и дека тој се наоѓа во најлоша можна состојба до сега. Самото име револуција алудира на рушење на систем и воведување на нов или создавање на нова држава. Револуцијата започнува со удар на најважните државни институции на земјата и со тоа се негира не само власта, туку и државата, а тоа значи  дека народот е наведен сам против себе, сам против својата слобода, против својата држава. Во револуцијата учествуваат многу организации финансирани од странски фактор, меѓу кои и тогашната опозиција, на чело со неколку политичари кои потоа завземаат највисоки функции на државата.

Така револуцијата доведедува до конфликт на македонскиот народ, кој се случува токму во Собранието на Република Македонија и со тоа се постигнува целта да се подели мислењето на луѓето, одреден дел од народот да се наведе против својата држава, против својот идентитет. Така сега имаме македонци кои се патриоти и ги бранат интересите на државата и македонци кои го негираат патриотизмот и се против интересите на државата, водени се од глобалистички медиуми кои се залагаат за униформност. Интересно е тоа што сега конфликтот е помеѓу македонците, а не е конфликт помеѓу македонци и албанци, како што дотогаш се правеше и се играше на таа етничка карта.

Тој конфликт резултираше со предвремени парламентарни избори каде владејачката партија освојува најголем број од гласовите и  би требало да е победник на тие избори, но дотогашната коалицја од албанска страна не сака да формира влада со таа партија туку со таа која има освоено помал број на гласови од кои пола од нив се купени глсови на Албанци. Така таа партија е избрана да формира влада на државата, спротивно на волјата на народот, всушност таа е избрана од големите сили за да може да ги спроведат своите геополитички цели на територијата на Република Македонија. Сега ова вештачки создадена и наметната власт почнува со рушење и негирање на се што е македонско и работи спротивно на интересите на Македонците. Со овие избори на некој начин се постигнува уште еден психолошки ефект на народот, а тоа е сознанието дека неговиот глас нема никакво значење и дека друг одлучува за иднината на државата.

Прво нешто што го прави оваа влада, а е спротивно на интересите на народот, а тоа е назначување на Албанец за претседател на Собранието на Република Македонија. Албанец кој во конфликтот во 2001 година како терорист се бори против Македонците. Така Македонците се на некој начин понижени од никој друг туку од самите себе. Со назначување на Албанец на така висока функција се создава плодна почва за тиранска платформа осмислена и испланирана во Тирана, Албанија. Платформа која се бори за Албанските интереси кои се спротивни на Македонските и удира на Македонскиот јазик. Налага двојазичност во земјава каде албанскиот јазик ќе се изедначи со македонскиот јазик и ќе се користи на целата територија на Репулика Македонија независно од процентот на албанци на одреден дел од териоторијата. Со таа тиранска платформа се негира македонскиот јазик, а со тоа и македонскиот идентитет, македонската единственост, историја и Македонцот како народност. Така се постигнува уште еден психолошки ефект врз народот, создавање конфузија за неговиот идентит, конфузија за тоа дали неговиот јазик е природно настанат, дали е различен од другите или е како што велат дијалект на Бугарскиот.  Оваа тиранска платформа за среќа не се рализира до крај, но целта е постигната со психолошкиот ефект.

Следува преспански договор помеѓу Грција и Македонија кој резлутира со одење на референдум за промена на името на Република Македонија и решавање на т.н. проблем помеѓу Грција и Македонија, кој не смее да се гледа само како проблем за кој би требало да се бара решенеи, бидејќи тој „проблем“ е нерешлив затоа што во прашање е наешто историско име. Референдумот е факултативно неуспешен, бидејќи има мал процент на излезност, народот го бојкотира и не сака воопшто да гласа. Парадоксално и спротивно на волјата на народот во предвид се зема само бројот на оној мал процент на гласови кои гласале ЗА.  Името на Република Македонија е променето во Република Северна Македонија, географска одредница која во ниедна смисла не и договара на Македонија и македонскиот народ, туку и одговара само на Грција и на остатокот од светот. Со тоа ефектот врз народот е продлабочен, народот на Македонија не одлучува за сопсвената држава. Името со брзина на светлината се прифаќа во светот, се менуваат сите можни места каде до сега пишуваше Македонија иако меѓународно го користеа ФИРОМ, од сега секаде станавме Северна Македонија меѓународно призната. Со промената на името се продлабочува негирањнето на идентитетот на македонскиот народ, практично се менува неговиот идентитет, сега тој станува граѓанин на Република Северна Македонија, а не Македонец,  граѓанин како што може да биде билокој. Со ова се птврдува она што со години се провлекува низ историјата, тоа дека Македонците се вштачки создадена нација, вештачки создаден народ од Југосалвија, тие немаат историја, немаат идентит, тие се одродени Бугари кои зборуваат бугарски дијалект. Така конфузијата кај народот се зголемува. Промената на името на државата беше само почеток на промена на имињата на се што е од Македонската историја, а Грција го украла и го смета за нивна, се промени името на аеродромот, името на стадионот, а новот име нагло почна да се спроведува низ сите документи, низ медиумите, секаде аде што е можно, како претходно да не постоела држава наречена Република Македонија.

Следен настан кој се случува и е поврзан со новото име, а е длабоко пворзан со политика иако се работи за музички настан, тоа е Евровизија. За прв пат после толку години имаме добра, но симболична песна, имаме добар настап, позади пеачката која е една од најдобрите вокали на Македонија стои цел тим од внимателно одбрани луѓе, најдобрите во музичкиот бизнис. На евровизија нашата земја е наградена за промената на името, наградена со најдобро место до сега, 7мо место, а претходно и прво, за прв пат нашата земја е  една од фаворитите за победа. Така името Северна Македонија е изрекламирано на најдобар можен начин, цела Европа сега дознава за новата држава Северна Македонија, а пеачката е горда што е од Северна Македонија. Со тоа се покажува на светот дека македонскиот народ е горд што го смени името, македонскиот народ ја прифаќа промента, а се откжува од историјата и сега може да правите што сакате со него, бидејќи самиот на себе си заби нож во грб.

Во исто време со Евровизија се одржуваат и претседателските избори на сега РС Македонија. За претседател на државата имаме 3 кандидати еден од владејачката партија, еден од опозицијата и трет од албанците. Кампањата на владејачката партија е многу силна, подобро рекламирање, позастапени на билборди, во медиуми итн. Додека пак на опозицијата сиромашна кампања која наликуваше на онаа кога владејачката партија беше опозиција. Опозицијата исто така имаше кандидатка за претседател, која велеше дека е независна од таа партија, професорка на правен факултет со големо знаење, но без предиспозиции да биде лидер, некако не изгледаше за да биде лидер. Од другата страна кандидатот на владејачката партија кој исто така претходно се кандидираше на претседателски избори и загуби и како тоа сега повторно се кандидира кога народот веќе му рече не, му кажа дека не е достоен за да биде претседател, инаку по занимање исто правник кој сменил разни позиции до сега благодарение на партијата која стои зад него. Па така почна да се дига прашина околу нив, се зборуваше за нивниот приватен живот, за нивното минато и се дознаја многу работи за нив кои ни покажаја дека двајцата не се добар избор за државата. Па сега македонскиот народ беше ставен во таква позиција да избира помеѓу два кандидати кои не се некаков избор. Тоа се виде и по излезноста на изборите, народот повторно на некој начин бојкотираше и излезе во најмал процент до сега за претседателски избори во Македонија, значи влијанието преку претходните парламентарни избори и референдумот доби резултат, народот стана свесен за совјата позиција. И на овие избори одлучи малиот процент, и на овие избори одлучи албанскиот фактор, Македонците се крајно поделени и анестезирани, никаков политички настан повеќе не влијае на нив.

После председателските избори и победата повторно на власта со помош на странство, а спротивно на волјата на нардото продолжија да се реализираат наредбите од страна. Сега власта откако го реши долгогодишниот проблем со Грција, сега ќе го решава проблемот со Бугарија, а тоа е околу историјата. Имено нашата историја е украдена од нас во времето на формирање на Бугарската држава, формирањето на Бугарите како народ од страна на Русија. И сега ние имаме заедничка историја со нив, кај нив е толку добро вграден таа психологија на нивна посебност и национализам, преку нашата украдена историја, со што имаат измислено многу работи против нас Македонците. Според Бугарите, ние сме еден народ со нив, а територијата на Македонија е нивна териоторија, ние сме Бугари на кои Тито им наметнал идеја за посебност и националност, дека ние сме одродени Бугари а македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот, така целата наша историја е нивна, тоа значи дека Кирил и Методиј се Бугари, Самоил е Бугарин, големите дејци на македонската преродба Кирил Пјачиновиќ, Партение Зогравски, Џинот, потоа романтичарите браќата Миладиновци кои напишале зборник на македонски народни песни кои Бугарите ги сметаат за бугарски. И сето ова е апсурдно и ако се признае дека историјата е наша, а е чисто наша, тие ќе останат без ништо.

Така сега формирана е комисија која ќе го решава проблемот помеѓу Македонија и Бугарија, кој исто така не е проблем, нема решение. Комисијата е составена од Бугарски и Македонски корумпирани историчари кои земаат големи хонорари па со тоа ќе најдат и решение на „проблемот“. И што прво се става на маса, нешто најсуштинско, нешто што е чисто македонско, а тоа е Гоце Делчев. Македонски херој по кој се именувани безброј школи во Мкаедонија, херој кој се борел за Македонија и оставил аманет, неговите посмртни останки да бида однесени во Независна и Слободна Македонија. Херој кој е дел од македонската химна, некој кој самиот по себе е Мкедонија. И сега некојси тамо историчари треба да одлучуваат за тоа каква народност имал Гоце Делчев, кога има безброј докази дека тој бил Македонец. Со ова се удира уште еднаш на психата на Македонецот, така што тој ќе се посомнева во својот најголем херој, а со тоа и со целата своја историја, накрај и идентитет. Многу лесно се спроведува оваа метода бидејќи таа е жива 100 години, 100 години се манипулира со Македонецот.

Никогаш не успеавме да се обединиме како народ, да постигнеме висока свест за себе, за нашата историја, за нашиот идентитет, дозволивме секогаш светот да влијае на нас и да ни го креира мислењето, да создава конфузија кај нас и да не ни дозволи да се истакнеме. Никогаш не успеавме да создадеме интелектуални луѓе кои ќе влијаат на Македонците да се вреднуваат себеси и да веруваат во нивната самобитност и единственост, ителектуални луѓе кои ќе разберат како функционира светот и ќе ја разберат светската политика. Затоа што сигурен сум дека постои начин да се спротиставиш на се она што ти се спрема, на се она што е против твојата волја.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.