Среда, 17 Јули 2019   
За торба урда!?

Goce Markov

Пишува: Гоце Марков, колумнист, Македонец и Човек

За торба урда!?

Во жарот на борбата меѓу Нашите и Вашите се вмешаа Големите и ,,Неутралните”. Се подготвуваа новите, старите и марксистите! Така почнува новата балканска епопеја на платформи и лажни компромиси, на изминати рокови и на кинески монитори, на смрдеа и на миризба, на лага и на гола вистина… И тогаш и рекла рибата на мачката по примерот на Жил Мартине:

,,Бившите идеолози што го стегаа и држеа државниот капитал во еднопартискиот систем, денес станаа сопственици”.

Босови би кажал , кои во текот на тој горлив процес на масата , си ги наредија столовите.Од државни фирми, фабрики и задруги по селата до странски инвестиции, плантажи на дроги (медицински велат?) и неплатени фактури на секојдневни силни кредити, чиниш ќе градиме Ајфелова кула, а тоа за плати и пензии…а бре смејурини!?

Во екот на тој суров пост-социјализам, за кој никој не сака да говори (многу се офајдија, а други пострадаа) пропаднаа генерации, кои прелетани по белиот ни свет, со деца , без деца, други пак ги завршуваа своите животи во депресија и Ах смрт, несвесни за животниот камшик кој ги стрефи, трети Неми сведоци. Затоа, драги мои, сите кои знаат и го почувствувале, знаат и како мириса Транзицијата, и миризбата на комунизам во распаѓање, знаат дека селското буниште со годините или ќе скапе или ќе засмрди??? Е сега, скапаа ли идеалите на Македонците а не засмрдеа ли никогаш криминалите на Транзиционерите??!

На Запад ништо ново, еее Ерих Ремарк, Марија ти е средина меѓу Јованка Орлеанка и глупоста на еден Народ! И така, Истите од еден во друг систем си знаат и за криминалите, за стечајните маси, за алчната борба, за дволичните игри, за скриените убиства и ден-денес нерасветлени (пардон ,,самоубиства,, сакав да кажам ама ете…) еее, тие луѓе сега , овде, денес, имаат транзиторни атаки… Па браќа и сестри Македонци, не ви е до Име, не ви е до Јазик, не ви е, до Знаме?! Па до што ви е бре луѓе? До топлата облека ли? До малиот стан? До огромната палата на село во која никој не живее ли? До патетичните мали животи за парче леб, или за к’тк, или за сирова урда, за млеко можеби, за силни вечери и ручеци и одмори по ,,Грчка”, (намерно инаку Грција, за мене лично Атина).

До што ви е? Ај кажете? За торба урда? За троа ф’стаци? Економски зависни и заблудени по црното или по белото, по жолто – црвеното или по шареното…

Ве гледам и се чудам!? Продолжувате со вековниот процес на разооттуѓување, само сега засилен однадвор, со силни азна и богатства, со силни агентури и индоктринации…ај ке ви мине!? Па, кај и да е. А за Името? За Јазикот? За Знамето ве заболе малце? Барем троа, или?

Во сите белосветски повраќаници можеби има и троа вистина.Вистина за нашата поделба, нашата духовна поделба, нашиот чудесен начин на обсервација на настаните околу нас.Пасивни, неми, слуги, робовски менталитет, без храбри индивидуи, но со силни мегафони, лугуши и платеници.Нам секогаш други ни се должни да ни ги решаваат проблемите, други треба да не оправаат, чунки така сме си научени.Кажи му на некого да превземе Иницијатива , глава ке ти скрши . Заљубениот среброљубец ке ве опее во своите песни, ооо вие мали и ситни а бескрајно возљубени од Бога. Се секавам ко вчера да беше, негде месец мај, далечната 1990-та Господова, авторот македонски Ј.Плевнеш и ,,Ерикон”, блеснаа во еден француски театар, за првпат на македонски јазик.

Надвор еееј, и тоа народ , да види, (додуша, јас бев тогаш само дете кое веруваше во чуда) да слушне како мириза јазикот наш насушен на француско тло.Во Руан, градот на Јованка Орлеанка, градот на Молиер, градот на Корнеј, градот во кој кучето Ерикон за првпат залаја на македонски (лаеше и на француски и на англиски де, но тоа тука не е релевантно). Се секавам на тие луди години на кражби безумни, на страв без став и на затворени претпријатија т.н. фирми под стечај! Се секавам и на тажниот поглед на татко ми, дентта кога после цел век работен си дојде дома и не извести дека ги бркаат од работа, се затворала фирмата. Тогаш првпат видов скршено срце во човечки поглед, а замисли бев само дете.

И додека Жак Ширак даваше изјави за ,,Либерасион” и за ,,Фигаро” во Македонија се спремаа #Избори, за некои фешта, за други самрак, бидејки одминуваше ерата на ,,сината крв”. Од денешна перспектива зборот Избори звучи како извозено такси возило, но тогаш, во тоа време тоа беше настан. И самата Ружа и ден – денес ме потсетува и асоцира на Штафетата, а зборот Завет на првите бебешки чекори на Организацијата во современа, хм, колку-толку, Македонија.

Таа Македонија од 1991-та до 2001-та, беше друга држава, за да денес ја распродаваат на тезга, на парчиња, на ангро, кој како ќе стаса, правила нема!?

За колку ја продадовме државата?

За торба урда???

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.