Среда, 24 Јули 2019   
Планетата на мајмуните

Goce MarkovГоце Марков

Планетата на мајмуните

Дали небесно тело, држава, град или човек, потребата за гравитација е посилна од нагонот на првиве да одолеат на поголемата Сила!?

Така и кај нас, во поретко населенава ,,територија" гравитации еден куп, од комети, ракети, небесни подржувачи од се срце па се до небеса па се до лажни Комити и костумирани Војводи, а има и вистински ама тие со пиштолите закон не ги фаќа оти одма лично му се јавуваат на оној Пренк Министерот?!

Па сега видете вие драги мои!?

Која гравитација Вас ве влече?

Како млад мајмун на ... или како шеф на обезбедување кој си вади пиштол?!

Како нелегални градби, дивоградби кои ,,легално" ги лечат црвените ленти функционерчиња на Западот, или како бутната настрешница со 22 см наклон кон улица на Истокот?!

Тоа е таа кантонизација која беше во главите на црвено-црните а ја негираа ,,плаво-ружните, ружите"!

Имате комплекси на мајмунска планета а живеете во држава правна, што ми думате?

Дотука било со демократија?!Или има уште некоја секвенца? Ставањето на прстот на челото на Умот во рамки на државни институции ќе донесе контрапункт на реалната состојба на терен, еден нов Ѕвер кој ќе ви лута низ лавиринтите на сивите вијуги и на системот измешан.Тоа ново суштество не е Вашата свест, тоа е запечатена судбина, тоа е моментум, тоа е оган во ѕвездите, пиштол во рацете на решителен Војвода!

Среќа што го нема на сцена?! Македонскиот народ отсекогаш бил сличен на окованиот Прометеј, на туркачот Сизиф, на силниот Атлас, понекогаш и на брзоплетиот Епиметеј!! Вечно казнуван за Мисла, за Куршум, за Срце, за Идеја…Мислевте, ќе згаснете ѕвезди и ќе обоите синило, е не, не било така нели? Оган, мисли, имагинација, Кауза, цел, ама сончоглетката можеби е сунѓер од впивачки соништа и мисли, ама однадвор е лажна, временски штура, таа е ароганција, себевљубени идиоми поминале покрај идиоти, азнобарачи интригантни осмоделенци на триесет и кусур,а тука се и непријателите на идеолошкатаа свест! Изградивте тврдина со лажни темели, не сметавте дека фундаменталното, т.е. Ние, сме непокорлив народ, Магаре и инает да се опстане!Како главен инает меѓу троскотите и главен троскот меѓу инаетите, им покажавме како без пари за леб се купува булдожер. Амбивалентната природа на духот и на чудовиштето во Нас, во Вас ќе ги демне сите нови генерации на слабокрвни крводарители!Дозволивме малоумници да бидат основачи на поредок?!Неопитни љубовници кои чекаат благ збор и ненаплатени за проституција?Ќе биде, почекајте! Го исранивте Кербер на стероиди и на халуциногени, чунки три глави без мозок се попаметни од една на психопатка а девица…десница, де левица,ама не не до толку!? Исчукана од тристе камења, мислеше се што лета со вино се прелива и со белја на главата!? А каменот, нели иде одблизу? Бевте чеда на големдисување и на лажни величини на великодостојници, недостојни за почит од специјалното затворено одделение.Црвено-црните дамки по сивите вијуги се нашата гордост, нашиот вековен сон и стремеж.,,Сината крв” не остави бескрвни со намалени еритроцити и со лоша крвна слика. Да се озакони спротивното на колективното Јас е затвор за сечија индивидуална ќелија.Сам ќе си пресудам и ќе бидам затворен во мојата иднина која само Бог и јас ја поплочуваме со надеж, љубов, емпатија и самобит.Ги следам смешните потези на богомолката која психопатично и пустински песокливо, го бутка Министерот во Човекот надвор од неговиот шатор.А надвор топло, пече црното сонце загорено на тристе степени жива вистина, да, да, жива испечена човечка несовест.Добивте разработена агентура и шема наместо држава а вас лед ви се троши во ушите?! Во текот на таа драматургија за кантонизација на Магарето кое инаетливо бара егзит од Шарената судбина на црните ноќи, осакатен комитин.Интелектуално осакатени од нуклеарката која радијално ја озрачи радиоактивната душа на богомолката остануваме тука на ова парче поделена европска територија.Социо-патолошките белези на двогрбото чудовиште не го фаќа ни Метла ни Камила, ни систем ни устав, ни борба ни творба, и упорно си уринира врз главата на совесното Магаре (читај;Народ). Учени многу, малку фајде од Нив!? Избраниот си поигра џек-пот со Магарето во шаторот на социо-психопатската природа на темните , на црните… Очекувајте нов бран на ,,Брн аут синдром” како настинка во јули.Ќе ви трае се до декември!Ве очекува наезда од скакулци и црни гулаби, ве очекува Луда пофалба на глупоста!Ве очекува страшна шаховска симултанка на нов и стар, на груб и нежен, на идиоми и идиоти… Луда е!-рече Главниот готвач, и си ја пофали главната келнерка.И умре болеста во нејзината глава.Сега и е само-Празна!? На современата академија за политичари маските ифејс – лифтингот се главна тема. Лоботомија со шарени маски и лажни ветувања, на беспарица и на големи задолжувања, Таа е бјути камера на лажен фотошоп на лажен газда, на лажен Народ.Орангутан на продажба со пет научени збора по неформален редослед на хинду проповеда света сожителска филозофија, заснована на некоја си нова Библија, репер од Западната кујна.Таа нова света книга ви е комисиски меѓународно корегирана, по теркот на лажните комшиски истории.Таа света книга е рефлексија на црното лице на човештвото, на желбата да се биде Бог а ти си Мајмун од Планетата на мајмуните.

Слично на експериментот со Ацката, Хитлер, Наполеон, Садам, Штатите, Големата Земја на Исток, Сврзната земја и Земјите на демократијата.Се ви е тоа дело на 12-те владетели од далечната галаксија кои оставаат Мајмуни да владеат со Сила.Да, да тоа е новата алатка , апликација на оние од Големото село!?

А Мајмуните со гафови , со гестикулации си прават што сакаат на новата ,,територија" оти Закон не ги фаќа??Ниту Закончеееее!

Тука затвор лежат ситни измамници од хуманоидната раса а се поштедени секогаш оние со Мајмунска книшка, да оние со силата на Пиштолот!

Така да, од Планетата на мајмуните можете да побегнете со Ум, со Сила или со авион и нострифицирана диплома?!

Овде за жал сеуште Балканот како црн волк во ноќта ја силувал Европа, или пак таа него?

Ќе да е второво, оти без неа не Можеме, нејзе и на сон ја бараме, а таа ,,Ја боли нејзе за...", како констелација во новите односи со обљубувачката, ќе си бидеме сон недосонуван, земја без право и либидо со секс клип на чело!

Таа нова Библија ќе биде Закон, да да Закон со ,,80 депутата сменет" на интергалактичко ниво.

Ви се плукнам во двојните аршини, ви се плукнам!

Пример за безбожни Мајмуни и пиштол кој владе на мотор со некоја кубикажа на километар страшна, немерлива на он-лајн полициски радар, чунки и он со време ќе бил приватизиран.

Ќе бил приватен гол мајмунски задник со Фонд за инструкции наместо иновации?!

Ќе бил приватен и Фонд за здравјето на Човеците, чунки ,,манки донт гет дик"?

И платите ќе ви бидат илјада евра а Фондот ,,приватно" ќе ве лечи бре Човеци??!

Ќе биде сон недосонуван и капитализам на социјални рамки, бесплатно се е , ама се се плаќа?

Каков Народ , таква Власт!

Немојте да бидете гневни, Вие хуманоиди на Планетата на мајмуните?!

Ви говорев и пак ќе ви кажам:

Ум, сила или авионот со дипломата во џеб?

Ум немаме, Сила ич, а дипломите ни се пола приватни!

Затоа без гнев кон првиот лингвист или побарајте го Авторот на телефон за совет!?(не се наплаќа)Ова а Планет  е Закон!

Таа ви е вашиот егзамплар за позитивната, ,,негативна селекција”!?Ќоро е ама че биде!

Глуво е ама гледа на карти!

Автобусот на соништата ја допре со крајчето на отворената врата, тивката девица и ја качи на белото предно седиште небаре бел коњ во црномурест шатор, по состав и дефиниција мелези!Си ја качи на жолто такси, преморена од своите интриги, болно оздравена од вирусот на лагата и дупките на мозокот, качена на предно седиште на жолто комби. Немо ве гледа со депресивен поглед, ги гледа сенките на решетките на кафезот на шарениот папагал кој повторува во идеал:

Планета планета!!!

П.С.Нема друг пат за нас православните  ,,крстоносци"!

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.