|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XX |
М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XX
1. Ни претстои уште еден Илинден! На 2. август годинава, на славниот Мечкин Камен пред присутните (од кои најголем дел ќе бидат донесени од власта со автобуси од целата земја, бидејќи народот најверојатно ќе апстинира) ќе се истопори Зоран Заев.
Се прашувам: Со кој образ се осмели Зоран Заев да говори за најсветиот и најсветлиот ден во колективната меморија на македонскиот народ кога лично тој најбрутално го испогани речиси целокупното наше минато од памтивек (од антиката) па и до нашата понова историја и се откажа со капитулантските договори од нашето минато подарувајки го на тацна на Бугарија и Грција!? Да имаше образ и барем елементарно чуство за национална припадност и гордост тој (ЗЗ) такво нешто немаше да направи. Од друга страна, за жал, токму од за таа и таквата измеќарска мисија тој (ЗЗ) и беше одбран и устоличен од Длабоката држава во Вашингтон и бирократите во Брисел.
Не знам на кој начин спичрајтерите на ЗЗ ќе се обидат да го намалат со зборови злото што ни го направи во неговото обраќање во Крушево? Злото што тој лично и тие околу него ни го сторија, а што Зоран Заев со сигурност ќе се обиде во говорот да го прикаже како голема придобивка за Македонија!? Но немам илузии дека длабоко во душите на Македонецот ќе преовлада горчина, овој пат испратена токму од Мечкин Камен.
На фотографијата од лево кон десно:
Златна плакета по повод 50-годишнината од Првото заседание на АСНОМ, десно горе: плакета по повод 40-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и десно долу: плакета по повод 30 годишнината од Првото заседание на АСНОМ. Плакетите беа доделувани од државата Република Македонија на преживеаните учесниците на Првото заседание на АСНОМ
2. Конечно реагираше и фамозната МАНУ!!! Девет одважни академици и поименично: Катица Ќулавкова, Зузана Тополинска, Вера Битракова Грозданова, Витомир Мотревски, Ѓорѓи Поп Атанасов, Ратко Јанев и дописните членови Марјан Маринковиќ, Александар Димовски и Сашко Кедев реагираа со сопштение против штетните договори на Владата со Бугарија и Грција. Велиме "фамозната" бидејки од МАНУ и покрај нашето тормозње во инквизиторски манир, без никакви скрупули и без милост, осем неколку поединечни реакции во јавноста од храмот на науката и уметноста покрај Вардар, уследи длабок, мошне длабок молк.
Дали од оваа реакција на "деветте величенствени" академици ќе се осоколи и одважи да воскликне јавно и гласно уште некој академик (ги има вкупно 49) останува да видиме и да се надеваме. Тоа впрочем е и нивна морална и граѓанска должност во името на научната вистина, но и заради паушалите што ги добиваат од нас, даночните обврзници.
3. Aкарм: Големиот брат од своевидната библија за тоталитаризмот на Џорџ Орвел, книгата "1984", ни е пред нашите порти! Владата на "демократот" и "транспарентниот" Зоран Заев најавува громогласно, да се чуе на сите страни: "План за одлучна акција против дезинформации"!? Власта демек се повикува на сличен акт што донесла Европската Унија!? Но разликите се огромни и неспоредливи. ЕУ за таа цел ангажира слободни интелектуалци, експерти за комуникации, угледни новинари... А во нашиот случај, замислите, дали некоја информација е дезинформација ќе пресудуваат претставници од УДБа, МВР. МО, претставници од кабинетите на државното раководство, Министерството за комуникации и отчестност.... И сега оди и смеј напиши нешто против Заев, на пример дека двапати е аболициран за сторен тежок криминал, или за Стево Пендаровски дека е консензуален избраник на Калето и сл... !? Не знам какви се санкции за сторителите на, за власта "лажни вести", ќе им паднат на памет на властодршците во земјаваа! Знам само дека вистинско критичко и истражувачко новинарство ќе има се помалку, а медиумите се повеќе ќе се ориентираат на спорт, мода, секс и слични дисциплини типични за таканаречениот жолт печат!
4. Избликот на скандали што секојдневно се појавуваат во јавноста, што ни ги приредува актуелната влада ја охрабри во голема мерка најголемата опозициона партија која преку изјавите на нејзините челници веќе очигледно се гледа како победник на следните парламентарни избори и веќе устоличена во кабинетите на Илинденска Б.Б. Еден од водечките опозициони новинари/коментатори со Драган Павловиќ Латас со свој коментар енергично ја подржа и охрабри опозицијата, на што со своја реакција се јави исто така познатиот коментатор Тони Науноски со тврдења дека е прераноно за таков оптимизам!?
Поаѓајќи од старото правило што го промовира Винстон Черчил дека, според него, "не е важно кој гласа, туку кој ги брои гласовите", добро е оваа политичка мудрост опозицијата да ја има постојано на ум!!!
Впрочем, треба да се извлечат наравоученија од гласањето во вториот круг претседателски избори кога опозицијата беше прогласена за морален победник (!?), а претседател сепак стана консензуалниот кандидат на владеачката коалиција, кој воедно беше и избор наметнат од Калето,
Факторот ЦИА и албанскиот фактор се наша реалност и не смее да се изумат во ниту еден момент, тоа опозицијата треба да го знае!
Впрочем, Платформата на ЦИА попозната како Тиранска платформа за разнебитување на Македонија не е докомплетирана, а таа треба да се заокружи со пописот на населението каде е поставен јасен таргет што владеачката коалиција треба да го испорача, а за тоа да го направи, власта и нејзините ментори ќе мора да си обезбедат победа, по секоја цена и за да го остварат тоа авторите на Тиранската, односно платформата на ЦИА, нема да штедат (како и досега) ни напори ни кеш!
5. Бугарија треба да и плаќа на Република Македонија воени репарации за сето зло, разурнивања, убиства и грабежи што ни ги направи за време фашистичката окупација )1941-1943), и да се извини, а не да не уценува за почетокот на преговорите за членство во ЕУ. |