|
|
ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА НАД СЀ ЗНАМЕТО НА МАКЕДОНИЈА |
ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА НАД СЀ ЗНАМЕТО НА МАКЕДОНИЈА Шестнаесеткраката Ѕвезда од Кутлеш Сонце или Соѕвездие Во јавноста многу често доаѓа до мешање на поимите со кои се нарекува Старомакедонскиот симбол Шестнаесеткраката Ѕвезда од Кутлеш. За некои е геометриски претставен симбол на Сонцето, за некои е некоја ѕвезда или пак соѕвездие. Дали симболот потекнува од Кутлеш или Вергина, кое е ахајскиот топоним за месноста не е толку важно. Особено значење има тоа што преку археолошки докази често се сретнува придружена со претстави на свастики. Најдобар пример за тоа се Старомакедонските штитови и фреските насликани на ѕидовите во Македонските гробници од Антиката и погребните дарови. Светлина на ова прашање фрла изгледот на самиот симбол. Поточно тоа е сината розета или ѕвезда во центарот на симболот и белиот круг околу неа. Тоа е стилизирана претстава на најсветлата ѕвезда од Соѕвездието Лира, Aquila Cadens (Орел кој носи Лира) или Мршојадец во некои култури како Египетстката. Toa e Ѕвездата Вега која околу неа има бел прстен, исто како и на знамето на Македонија („Ѕвездата од Кутлеш“). Бројот на краците, кои се шестнаесет се симболични претстави на останатите ѕвездени групации од истото соѕвездие. Истото тоа соѕвездие е претставено и во просторот за крунисување, т.н. Омфалион во Црквата на „Светата Мудрост“ во Цариград. Црква која ја изградил Јустинијан, човек со потекло од Таор, Скопје, Македонија. Конкретни докази за ова денес нуди и астрономијата која преку набљудување на ѕвездите и компаративна анализа на претставите од Омфалионот во „Света Софија“ може да докаже дека станува збор за истото созвездие. Во Омфалиониот во Црквата „Св. Софија“ во Цариград детално се претставени и боите на ѕвездите, нивната величина и нивните движења во Вселената. Покрај користењето од Македонците на овој древен симбол како нивно државно знаме, исто така ова Соѕвездие, условно наречено „Ѕвездата од Кутлеш“ се користи и како државно знаме во поинаква стилизирана претстава од Црна Гора, Србија, Русија, како обележје од Грчката Црква, Византија, Полска и други. Тоа е составен дел од многубројните грбови на Словенските држави, но и на други држави како што е Австралија. Исто така кога албанците го мафтаат своето знаме, они го веат знамето на Македонија, „Сонцето од Кутлеш“ во уште една стилизирана претстава на соѕвездието Лира или Aquila Cadens. Meѓудругото ова соѕвездие се искачува највисоко на небото токму на 24-ти декември според Грегоријанскиот календар и го одбележува Христовото Раѓање односно Христијанскиот празник Божиќ. Односно на 24ти Декември на пладне кога сонцето е највисоко на небото, со Планетата Земја и Соѕвездието Лира се наоѓаат подредени во права линија. Бог е со Нас.
МНС |