|
|
Аферата со поткуп од страна на Боки 13 некако се поклопува со давањето отказ на Министерчето за финансии |
Мирко Трпески Аферата со поткуп од страна на Боки 13 некако се поклопува со давањето отказ на Министерчето за финансии, односно преземањето на таа функција од страна на Заев(и). Ова може да се протолкува како оттргување на вниманието на јавноста од непосредниот пристап на Заев(и) до четирите милијарди, посликовито - четири илјади милиони Евра годишно. Кој барем малку имал контакт со Централниот Буџет, па и со други буџети, ќе знае дека полнењето, уште повеќе трошењето на тие пари во голема мерка зависи од совеста на првиот човек кој управува со средствата. Знаејќи ја совеста на Заев(и), прашање е каде ќе бидат насочени (значителен) дел од тие средства. Еве неколку прашања: - приходите-приливите на Централниот Буџет се значително поголеми од истите тие приходи од времето на ВМРО-ДПМНЕ. Тука спаѓаат не само приходите од даноци, туку и од други извори, вклучувајќи и задолжувања - дома и особено во странство. Ако приливите се поголеми, а пласманите, барем тоа што јавноста може да го дознае, се помали, големо прашање е каде е пласирана разликата во средствата. Секој би заклучил дека таа разлика е насочена во некакви лукративни намени, како полнење на нечии џебови, но и плаќање на нечии долгови. - Провизијата при набавките е измислица на Западните земји. Тие ни’ ја донесоа. Преттоа, во поранешна Југославија, значи и во поранешна Република Македонија, ја немаше или беше застапена во мал обем. Сегашната власт ја напаѓа претходната власт за земање провизии и по таа основа оштетување на Буџетот. Може да се претпостави дека сегашнава (не)власт не зема провизии - поради тоа што ги зема ем парите за инвестицијата, ем парите за провизијата. Значи, само за провизии не остануваат пари. Тоа значи дека износите од неколку стотини илјади Евра по основ на провизија се НИШТО во споредба со износите за главницата и провизијата заедно!!! Има индиции дека одделни Министри имаат насобрано-купено многу имот - за само две-три години од нивното министерување. - Денес, 8.8.2019 година, во објавениот текст од страна на Словенечки аналитичар, се вели дека на Заев и неговите во доаѓањето на власт им помогнале Ангела Меркел и С О Р О Ш. Одамна постоеја индиции дека кога Сорош финансира нечие доаѓање на власт, тие финансии подоцна неколкукратно ги повраќа. Логично се поставува прашањето - дали и во нашиов случај на Сорош му се исплатени неколку стотини милиони Евра-Долари од Централниот Буџет, поради што не се гледаат ефекти од четирите илјади милиони Евра од Централниот Буџет, но и од средствата што се прибираат во Буџетите на побогатите општини, како Општина Аеродром, Карпош, Прилеп, па и Градот Скопје. Може да се претпостави дека некој им зема голем дел од тие средства, па на градоначалниците на тие општини од лицата им се гледа дека нешто не е во ред таму, кај нив. За евентуалните трансфери на, особено поголеми износи на средства кон странство, евиденција мора да се води во Централната банка. Дали Гувернерката, но и Заменик Гувернерот и помошничките на Гувернерката намерно се одбрани “меки“ за да може да се манипулира со нив, како што е одбрана и Катица Јанева, за која сега е премногу очигледно дека е донесена заради манипулирање со неа? - Во однос на пласирањето на средствата, премногу индикативно е што за првпат годинава не се планирани средства за субвенционирање на лозарството. Ова наведува на помисла дека голем дел од четирите илјади милиони Евра ќе одат јабана, па не останува за земјоделците, за инфраструктурни намени, за други намени со години финансирани или субвенционирани од Централниот Буџет. Може да се извлече заклучок дека (не)власта му фрла пепел во очи на населението со укинувањето на радиодифузната такса, со воведувањето на дневна “евтина“ тарифа за корисатењето на електрична енергија, со некаквиот поврат на средства по основ на данок на додадената вредност (ДДВ), со воведувањето на Фонд за технолошки развој и со многу други мерки. Например, радиодифузната такса најпрвин беше наменета за финансирање на творечки дејности во областа на културата, а подоцна остана само финансирањето на Македонската радиотелевизија, заедно со Македонскта радиодифузија. Сега нема ништо од финансирањето на творештвото!!! Воведувањето на дневна “евтина“ тарифа претставува чисто техноекономска мерка за трошење ма електрична енергија во периоди од денот кога мора да се произведува, а нема потрошувачи. Кај нас тоа не е случај, ами на увозниците им се дава можност да увезуваат електрична енергија - по нормални цени, нејзиното плаќање кон нив да биде исто така по реални цени, а наплатата од неселението да биде со пониски цени - значи со загуба за државата. Во однос на повратот на 15% од ДДВ, ако се види вообичаениот обем на дневен поврат, ќе се види дека во прашање се износи што се бројат со делови ОД ДЕНАР, а не со поголеми износи. Тоа само ќе ги зголеми трошоците на даночната аминистрација - без особен ефект врз обичниот граѓанин. За ваквциот Фонд за технолошки развој не треба коментар - сите ја знаеме неговата намена, барем досега. - Оваа власт лаже на дневна основа. Дали лаже и во областа на стопанската активност, на вработувањето и други области? Веројатно ДА. Ова му е јасно на секој што барем малку имал врска со статистичкиот систем на земјата. Ако власта е со сомнителни скрупули, лесно се фризираат објавените податоци, односно се објавуваат податоци како што некому одговараат. Во прилог на ова оди и квалитетот на кадрите инволвирани во статистичкиот систем. Тие што подолго време користат статистички податоци знаат дека на ова поле има деградација, односно дека постојните кадри се на пониско стручно ниво од кадрите што порано оперативно ги извршувале задачите. Сето досега речено, но и други аспекти на функционирање на државата, ги оправдува залагањата на опозицијата во Република Македонија за колку што е можно поскори предвремени избори. Треба што поскоро да се добие вистинскиот увид во реалните состојби, по потреба да се извршат и корекции во објавените податоци, за новата власт да може да има реален увид во состојбите, но и реално да ги мери успесите или неуспесите од своето “владеење“. Треба што поскоро да се преиспитаат имотите на одделни Министри, како и да се утврдат вистинските причини за катастрофалното потфрлање на инвестициите, односно каналите на движење на средствата од Централниот Буџет и од Буџетите на општините, особено “побогатите“. Сепак, тоа се народни пари, од кои народот не гледа аир! |