|
|
Македонија е зрела за формирање на „Народен суд“ (Tribunis plebis) |
Свекрва Македонија е зрела за формирање на „Народен суд“ По отварањето на големиот коруптивен скандал „Рекет“, во кој се вмешани обвинители, судии, бизнисмени, новинари, криминалци, како и високо позиционирани политичари, се повеќе станува јасно зошто го смени името на државата, идентитетот и историјата на македонскиот народот (Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и Законот за јазиците). Иако, скандалот ја вжешти атмосферата во Македонија, премиерот, македонскиот парламент и Катица Јанева одмараат. Тоа го отвара прашањето за нивната одговорност и потребата од моментално распуштање на парламентот, предвремени избори, формирање на експертска влада, разрешување на Јанева и за продолжување со работа на Специјалното јавно обвинителство во рамките на Јавното обвинителство. Во услови кога земјата ја тресе корупциски земјетрос со катаклизмички последици, наместо власта да побара од надлежните институции да се прекинат одморите и да се спроведе темелна истрага и сите инволвирани да бидат изнесени пред лицето на правдата, тие се наоѓаат на одмор. Со оглед дека актуелната власт не превзема ништо во однос на иволвираните во мега скамдалот „Рекет“, ним им се остава доволен временски простор да можат слободно да ги уништуваат доказите, да влијаат на сведоците и да ги изнесат надвор средствата од уцените кои не успеале да ги потрошат. Интересно е молчењето не само на македонските власти туку и на политичарите од Европската унија чие чедо е СЈО. Со оглед дека сензационалните откритија за опсегот на корупција во земјава предизвикаа не само внатрешни туку и надворешни тензии се поставува прашањето дали европските политичари молчат бидејќи се затекнати, односно поединци се опфатени со рекетарската афера или пак тоа им одговара за да утре кажат и покрај што го сменија името дека Македонија е мафијашка држава и за таква нема место во ЕУ. Новинарите кои ја истражуваат аферата „Рекет“ очекуваат жешка есен и доколку им биде дозволено, допрва ќе откријат екслузивни детали кои ја допираат „стратосферата“. Од она што беше објавено на италијанскиот сајт на Ла Верита, очигледно е дека оваа македонска афера добро ќе ја раздрма не само Македонија и регионот, туку и Европската унија чије чедо е СЈО кое му помогна на октоподот за кој веруваме дека одамна е заминат во историјата да му нанесе огромно зло на македонскиот народ. Во ек кога корупцискиот скандал ги има зафатено сите пори на политичкиот и општествениот живот (законодавната, извршната и судската власт), најдобро за македонскиот народ е власта предводена од СДС и ДУИ да си дадат оставка. На Македонците не им е потребна ваква корумпирана власт која погазувајќи ја вољата на македонскиот народ го смени името да државата и идентитетот на народот, го посрамоти пред меѓународната заедница и го опљачка. По сите докази кои излегоа во јавноста актуелната власт мора веднаш да си даде оставка. Истовремено нејзините преставници мора да одговараат за целото зло кое му го нанесоа на народот. Ако поради актуелната ситуација и курумпираното судство веќе не можат да и судат актуелните институции тогаш нека им суди народот. Македонија е зрела за формирање на „Народен суд“ (Tribunis plebis) Во ситуација кога институциите се блокирани да дејствуваат или се инфецирани од коруптивна болест, време е граѓаните да ја превземат работата во свои раце. Не може вечно да чекаат некој друг да им ја заврши работата. Ниту ЕУ, ниту НАТО и ниту САД нема да и помогнат на Македонија да се расчистат нечистотиите кои го загадуваат нашето општество. Македонскиот народ мора самиот тоа да го направи ако сака да се врати правдата во земјата. Во отсуство на кредибилно судство, кога е изгубена вербата во судството, народот би носел пресуди. „Народен суд“ (Tribunis plebis) не е нова измислица. Тој постоел уште во Римско време, кога обичниот народ (плебејците) успевале преку него да издејствуваат одредени права од Римскиот сенат, да стават вето на постапките на конзулите и другите претставници на високата класа. Народниот суд бил употребуван и од Македонската револуционерна организација за време на османското владеење, кога владеачката класа посегала по животите, честа и имотот на Македонците. Со зацврснувањето на мрежата на Организацијата македонските селани не оделе повеќе по турските судови. Комитетите и војводите ја презеле судската функција. Денес, народниот суд би се занимавал со повредата на човековото право, кривичните дела на државните органи, па дури и на улогата на меѓународната заедница во кризата денес. Во народниот суд би биле ангажирани луѓе со високи морални вредности, како од земјата така и од дијаспората. Јасно е дека при постоечки институции, без разлика во каква состојба се наоѓаат, овој суд нема да има ниту правен ниту извршен авторитет, но секако секоја пресуда ќе има голема морална тежина. |