Петок, 16 Август 2019   
Ги повикувам СИТЕ македонски патриоти да се вклучат во оваа иницијатива!

68824329 10218166777615641 2572877489831411712 nСКАНДАЛОЗНО ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА АНТИЧКА ИСТОРИЈА – И КАКО ДА СЕ ОПОНИРА ОРГАНИЗИРАНО?

На 15.8.2019 година се случи скандалозно ЈАВНО фалсификување на македонската античка историја, кога најголемиот македонски цар Александар Трети Велики Македонски, на јавен натпис среде Скопје, е означен како „Хеленски“ (дури ни придавката не е правилно напишана). Истото детерминирање е напишано и за неговата мајка Олимпија (иако таа била  Епирка).

Ова значи дека иницијаторите на овие натписи, а тоа се претставниците на квислиншката влада на Република Македонија – се прават себеси поголеми Грци и од Грците (штом и Македонците и Епирците ги прогласуваат за „Хелени“). Но, ова е само почеток на лудилото. Допрва ќе бидат менувани историските учебници во македонските основни и средни училишта, а нашите деца ќе бидат труени со грчка (но и со бугарска) пропаганда во однос на нашата историја. Поради тоа уште од сега треба да се преземат стратешки мерки за разобличување на ваквите активности пред македонската јавност и пошироко, како што се:

-Идно отворање веб-страница  во која ќе бидат цитирани спорните прогрчки и евентално пробугарски извадоци од новите учебници по историја. Притоа истите ќе бидат аргументирано демантирани и побиени. Линк од оваа веб-страница ќе  треба организирано и нашироко да се испраќа среде наставниците и професорите по историја низ целата држава, а пред се среде младината и учениците. Со ова ќе се разниша довербата во квислинзите што ќе ги подготват и иницираат ваквите фалсификувани учебници, што може да додје до израз на сите следни избори.

-Снимање видео клип со официјални ставови на СДСМ во кои се тврди дека античките Македонци не биле никакви Хелени,туку посебен народ, како и дека античките Македонци се и делумни предци на денешната македонска нација. Поседувам збирка вакви артикулации и подготвен сум да ги објавам за да се види како оваа партија лесно ги менува ставовите во однос на историјата.

Видео клипот потоа ќе може да се шири низ Јутуб со цел да ја информира пошироката македонска јавност, но и да создаде забуна среде самите членови на СДСМ.

Ги повикувам СИТЕ македонски патриоти да се вклучат во оваа иницијатива!

ЗА ФАКТОТ ДЕКА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕ БИЛЕ НИКАКВИ „ХЕЛЕНИ“ ПОСТОЈАТ СВЕДОШТВА ОД НАД ПЕДЕСЕТ АНТИЧКИ АВТОРИ, КОИ СЕ ПРЕТСТАВЕНИ ВО СЕРИЈАТА ОД 40 ЕПИЗОДИ ПОД НАСЛОВ „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“.

ОВДЕ СЕ ДАДЕНИ ИЗЈАВИ ОД САМИОТ АЛЕКСАНДАР КОЈ СОСЕМА ЈАСНО ПРАВЕЛ РАЗЛИКА ПОМЕЃУ ДВАТА НАРОДА.

ЕВЕ ЛИНК ОД СЕРИЈАТА НА АНГЛИСКИ, СО МАКЕДОНСКИ ПРЕВОД:

https://www.youtube.com/channel/UC3Qrkh5UK9iypmV_Q-VOVDg

Александар Донски

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.