Среда, 21 Август 2019   
НАЗАД КОН НИВИТЕ

 mmm

Емилија Кукубајска

Колумна од македонката на студии во САД, 1999-2000

НАЗАД КОН НИВИТЕ

Како да се однесуваме со „успесите“на прехранбената

технологија кога токму таа ни ја осиромашува храната

Како што моралните вредности даваат здравје на нашата духовна состојба, така исхраната и начинот на живеење се условни фактори за здравје на нашето тело.

Но како да го заштитиме физичкото здравје кога стереотипните норми на исхрана се покажуваат штетни, кога индустријата и прехранбената преработка се тие сеприсутни загадувачи? Кога најосновната материја за живот, воздухот, е затруен од фабрички гасови, метални молекули и хемикалии, што можеме да очекуваме од водата и храната? Како да ги одбегнеме штетните ефекти од воздухот кој врши континуирана инвазија на нашите гради и крв со токсични и канцерогени супстанци (јаглен моноксид, кадмиум и сл.)? Ако овие невидливи отрови стануваат неизбежни, како да не се спротивставуваме на свесниот избор да не се труеме и со цигари, на пример? Овој примарен причинител на рак, вооружен со повеќе од 10.000 убиствени токсини, одзема повеќе од 1.000 животи на ден само во САД (повеќе од било која тековна војна).

Водата што ја земаме здраво за готово, истотака е непоштедена од технолошкиот напредок, ни го залева организамот со индустриски и земјоделски загадувачи, со тешки минерали и метали од самите водоводни цевки, и со додатните хемиски „прочистувачи“ (хлор). Тешките минерали и метали можат да предизвикаат симптоми од главоболки до камен во бубрезите, до општа затруеност и рак.

Храната – колку што може да ни носи здравје, толку може и да ни го одзема. Новите и унапредени методи во земјоделието, доведоа до прекумерна употреба на пестициди кои содржат повеќе од 1.000 штетни состојки што ги уништуваат и инсектите, а за луѓето сервираат спора смрт. Како можеме да бидеме сигурни дека внесуваме здравје преку уста кога вештачките бои, конзерванси и хемикалии во храната, употребени за „естетика“ и „долготрајност“ (против згуснување, против разводнување, против губење боја) докажано предизвикуваат рак?!

Како да се однесуваме со „успесите“ на прехранбената технологија, кога токму таа ни ја осиромашува храната од прехранбени материи преку рафинирање и преработка, а ни ја „збогатува“ со празни калории и маснотии, поради кои кардиоваскуларните заболувања се број еден убиец во САД?

Во овој круг на опасности, стресот се јавува како здравствен ризик и непријател на хормоналната, биохемиска и имунолошка рамнотежа, отварајќи врата за домино теоријата кај заболувањата.

Но, има решение за сите овие опасности.

Да се пренасочи нашето внимание од рафинирана, преработена и мртва храна кон свежи земјоделски и градинарски производи од нашите органски ниви и пазари, кои ги нудат сите „живи“ прехранбени вредности. Таквата неосиромашена храна ни е одбрана против ефектите од надворешните загадувачи, како и пат кон долг и здрав живот.

И околу нас и во нас секогаш постои избор, но првиот чекор зависи од нашата информираност и волја за промени, за враќање кон природата, за „чисто“ тело преку поприроден начин на исхрана и поздрав животен стил.

(колумната е објавена во „Нова Македонија“, на 13.2. 2000 година)

1mЕмилија Кукубајска (16 август, 1979 – 11 септ. 2006), младата македонска писателка од САД, ги објави овие сумирања на опасностите и оптимизмот во однос на здравјето и храната, кога беше студент по нутриционизам и диететика во Сан Диего, Калифорнија, на приватниот христијански Point Loma Nazarene University. Во тој период во Македонија интересот за проблематиката на здравјето во однос на контаминираната почва, вода, воздух и индустриски загадувачи, беше недоволно афирмирана.    

mm

mmm

Емилија Кукубајска, на фамилијарната нива „Песок“, на 6 и на 16 години (детето со црна коса).

Нивата е сопственост на дедо и Александар Кукубајски, наследена од неговиот дедо, Трајко Кукубајски и татко Мише Кукубајски. Нивата со органска почва е лоцирана под минералната Бања Кежовица, и беше судски наследена во сопственост на мајка и на Емилија, д-р Марија Кукубајска, за таа да ја оствари желбата на прерано починатата ќерка.

Една од животните желби на Емилија беше на тој дел од нивата од 3 ха, да се изгради рекреативен центар за детско здравје. Денес истата нива е неосновано префрлена во сопственост на Република Македонија, со мистериозно оспорување на правото на сопственост и легализирање од страна на д-р Кукубајска. Причина е наводна неможност да се најдат некогаш постоечките документи, додека истите документи за сопственост од вкупно 6 ха, биле користени и за другата половина од нивата, исто 3 ха, кои веќе ги има неспорно легализирано друг член од Кукубајската фамилија, д-р Јасмина Белиќ.    

Во оваа меморијална 40 годишнина од раѓањето на прерано починатата Емилија, нејзината мајка Марија Кукубајска ветува пред својата покојна ќерка, дека ќе продолжи да ја бара правдата, и да ја исполни исконската желба на Емилија, изразена и во новинско интервју во САД, за градење на детски рекреативен парк за здрави и среќни македонски и други деца да се радуваат, рекреираат и раснат без да им се оспори таа можност, од било која власт или од скриени узурпатори на човековите наследни права, материјални и духовни.

Следува копија од насловната страна на Branson News Leader, 4th of July ed. 1996, USA. На страна 5А. Пишува за таа желба на Емилија. Со такви надежни идеи и можности за нејзината иднина, Емилија црпи снага и волја во борбата да се крене од смртоносните полиња на болеста Лупус, за да полета на таа ливада на дедо и` и баба и` кај бањата во Штип.

   1mmmm

2mmmmm

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.