Среда, 21 Август 2019   
Станавме Циркус ///

Goce MarkovПишува: Гоце Марков - Kолумнист, Македонец и Човек

Станавме Циркус ///

Веќе сто и еден пат говорено, повторено и утврдено: Територија или правна држава?

Што беше тоа држава а што државник?

Паднаа ли критериумите и нормите да се биде политичар?

Од ден на ден се повеќе мислам дека не бараме дно на дното или негатива во негативата…ова повеќе е траги-комично!?

И замислете сега, драги мои како би перцепирале Вие, ако сте граѓани на некоја си друга држава и отстрана ги следите гафовите на нашите политичари?! Проста како Закон, жалостива како мајка, вулгарна како Циркус ///, еве тоа е таа слика, која требало на биде а не е… Од прастара, силна и исконска слика на држава , како по нарачка за три години станавме главна тема на потсмев, смеа и солзи за секој еден што ја следи политиката ни. Ако таа била остарена, гнила, лита на памет, брзоплета како дете и брзопрометна како Дама во црвено облечена позади МТВ, како Булевар на црвени рози и црни доколенки…би била и Мудра?!Искусна?! А овде спротивното?! Вулгаризирано искористена и злоупотребена жена за една употреба, а држава? Ангажирана номенклатура да се растури се што е македонско и се што се нарича Македонија. Да се уништи самочувствието, да се имплицира се и сешто само младиот Човек да ја одљуби, да ја отсака…да гледа во други, држави за подобро утре! Не, не говорам за распуштеница со лош и уличен сленг, овде думата е една цела територија со нејзините претставници!? Не, не говорам за минато свршено време, но за ненавремено, предвремено кое свршува…во презент?! Смислата на Пофалбата на глупоста ги надмина секојдневните поени наречени политика, ова е друго, ова е Говор на омраза преточен во неспособно Пупка судство кое не може да реагира со врзани раце.Ова е преседан за првиот човек во ,,државата” да навредува одредена група во опшеСво со различна сексуална ориентација. А изговорите слаби, наклонот до земја е предвиден од моментумот на кажана и изречена глупост, се е јасно само немаме кој да санкционира…

Станавме Циркус ///!

Територија во ек на трудноќа? !

Ако наместо територијални претензии и сеир Отстрана, би имале експоненцијално демократски варијации на норми , закон и почит а не како двојните аршини на Баба му, како Заштитата од Вујкото Владика!? Како одлучност и чесност на граѓанството или мал дел од него кое до вчера ревеше и виеше за реформи и за авангарда, тогаш што имаме денес? Комшиите ,,демократи”, Влада ,,реформистичка”, патот трасиран а само нас не не бива, Народот?! Е не не’ бива!

Бескомпромисниот карактер на простиот матрикс, суетата на политичарите во очите на закрвавеното аџамиче-момче или бар со поделени чувства, кое си се возика наоколу со скап електромобил нема да е вашиот Че Гевара!? Ќе ве плука во боја со парите и очите на Македонскиот Плаќач на Даноци! Зошто Јас плаќам Даноци? Зошто Јас не доцнам на Работа никогаш??? Зошто барам Правна држава кога истата за едни мајка за други Тетка?! За да некое си арогантно цинично момче плука по моите сметки за струја, вода, телефон…патарини, регистрации на возила, годишна во УЈП…

Кој си бре ти, да им се смееш на моите сметки? Мене црното под ноктите ме боли за твоите – бело во очи и крв во ноздри!? Кој си ти да ми ги удвојуваш кредитите во банка? Имаш право на Се? Ти си Закон?Држава? Монарх ли си ти? За каква црна демократија говорете бре лажливци? Па и Господ Бог говори за Тестот за дроги! И Господ Бог ти вели: Момче тебе сите ти се драги, ама сепак Ти плачеш за еден детектор на лаги! Нашето време помина во неизвесност и борби.

И многу малку ни останува, ако не друго барем светот за децата да го смениме и реформираме.Мора така! Зошто повеќе не верувам дека сме држава!?

Ова е ,,територија” и колку побрзо разберете сите, толку побргу ќе излеземе од вртлогот.

А вртлогот е /// Кај нас имаше и Референдум за Европска Македонија. На него се одлучи од страна на граѓаните да биде неуспешен. Помогна ли мислењето на граѓаните на Македонија? Сите оние Македонци што ја прегрнаа таа идеја, наместо по националност/ државјанство да постанат “Граѓани на Северна …” , сега според документите се водат како \\\\\\\\. Значи, сега има или нема граѓани на Северна Македонија и дали има или нема Северномакедонци? Има ли ,,Граѓани на Северна”? Кога големите Чувари на златното Око поставија ваква стратегија преку своите избрани поими дали сметаа на пирејот кој како метастази се возобновува и шири во просторот? Дури и во ваков амбиент, Македонецот, барем оној просветлен, чист остана на платформата на Правдата и Името, на браникот на Јазикот и Идентитетот!

Тој Македонец нека ви биде репер во оваа Циркус држава ///.

Дури и она што набрзина им го склопија не знаеја да го допочитиваат…она напишаното, со ситни букви, она скриеното… ,,-Согласно член 2 став 3 од Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, во графата „државјанство“ во изводите за родени, венчани и умрени, издадени пред и по стапувањето во сила на Конечната спогодба помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, треба да биде впишано македонско/гр

раѓанин на Република Северна Македонија.”

И ова е лага, фејк њуз, мозокот се мати од премногу информации, простотилук и неписменост.

А велеа, други биле неписмените! Закони, нормативи, односи, релации, култура, државнички пристап, да, да, беше си и тоа, некогаш!

И сега, номенклатуро, ерекција имавте, на ред е ејакулација?!

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.