|
|
Понижувањето кое оваа власт и го донесе на македонскиот народ е огромно |
Свекрва Понижувањето кое оваа власт и го донесе на македонскиот народ е огромно Македонија била постара држава и од грчкото царство Во екот на аферата „Рекет“, врз спомениците на Александар Македонски, Филип Втори и Олимпија деновиве осамнаа плочки со текст дека овие историски фигури им припаѓаат на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно наследство. Истовремено се вршеше отстранувањето на шеснаесеткракото сонце од инфраструктурата. Со овој чин симболично започна затемнување и фалсификување на македонската историја, како и обезличување на македонскиот народ. Ваквиот потег на македонските власти е резултат на склучениот Преспански договор, во кој има посебен член што се однесува на симболите и историските личности што се дел од наследството на двете соседни земји. Меѓутоа, со отварањето на аферата „Рекет“ во која освен за Боки Тредичи и Зоки Кичеец, медиумите говорат за вклученост на високи личности од извршната, законодавната и судуската власт, отвара многу прашања. Едно од нив е дали некој од овие личности зел поткуп за да го смени името на земјата. Изгледа дека само Киро Глигоров бил еден од политичарите кои го отфрлил поткупот понуден од Грците со посредство на Фрчковски. Имено оваа афера говори дека во земјата има многу лица на позиции кои се спремни за пари или под уцена многу лесно да ја продадат и сопствената мајка а не пак името на земјата. Едноставно еден дел од оваа генерација на македонски политичари немаат храброст да се откажат од лесниот и лагоден живот, ниту доволно машкост да кажат НЕ на притисоците без разлика на сите ризици и опасности. Овие продадоа се што можеа: име, идентитет, а ни го скрија и сонцето од Кутлеш за да можат во темнината полесно да крадат. Едноставно овие денешни луѓе не се ков како нашите претци Имено од минатото има многу примери како Македонците не ги даваа своите просветители Кирил и Методиј, и им се спротивставувале на нахалните Грци. Така на пример во записот на свештеникот Димитрија од 1865 година (Запис од книгата “Житие светих” во Кривопаланечката црква, претпоследната непагинирана страница) се вели: „ Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух, јас ереј Димитрија, роден сум во с. Огут, Кривопаланечко и 12 години пастирував во родното село, кога на 1848 лето Господово првенците на градот Крива Паланка ме главија за свештеник, против вољата на Неговото Високопреосвештенство грчкиот Кир Гавраил. За моето назначување се заложи најмногу г-н Михаил Македонски, зашто сум роден Маќедонец и службата ја терам по славјански. Од Бога било пишано моето отечество Македонија да страда од Грците, па тие не ни даваат и денес мир, иако сите знаат дека Македонија била постара држава и од нивното царство. Ние сме си имале наши словенски учители и просветители Кирил и Методија, кои ни го оставија нашето словенско писмо. Тие се родум Македонци од Солун, славната престолнина на Македонија. Тоа не ни го признава владиката Грк, па затоа ние не сакаме да пастирува, туку да си имаме наш архипастир Словен, во век и веков. Амин...” Уште во 19 век бугаринот Стефан Захариев зборува за посебноста на македонскиот народ. Во борбата против грчката доминација тој на 25 март 1870 година ја превел и напишал статијата „Македонско пирување“, која е објавена во цариградското списание „Читалиште“ од 1871 година. Авторот говори за потчинетоста на стара Грција под македонската власт. Во исто време авторот ја подвлекува тогашната состојба на Македонците и влијанието на фанариотската пропаганда. Во статијата, која како да се однесува за денешно време и постапки на владата на Заев која прави се Македонците да се откаже од својата народност, се вели: „ ... Но толку сега што говоревме за свадбата на богатиот Македонец Каран, сега да го оставиме споменатиот Атинеј да докажува дека Римјаните ја прифатиле раскошноста во гозбите од Македонците и да ги нарекува варварски народи, и да ги видиме оние од сегашните Македонци кои заслепени од подзатворениот блесок на елинските мудрувања, прифаќаат да се презираат и да се откажуваат од својата народност. Затоа, по опишувањето на Карановите гозби, ми се виде времето поволно да извикам и оф: Навистина колку сме оддалечени од времето кога од сите денес наречена Елада (Грција) беше потчинета од македонската власт, и се оддалечуваше од нивната јунаштина, на нивните богати пирови, и ропски ги обожуваше...“ Понижувањето кое оваа власт и го донесе на македонскиот народ е огромно. Наместо да го брише шеснаесеткракото сонце од инфраструктурата, зградите и плоштадите, подобро е тоа да го врати за да блесне и да го тргне мракот надвиснат над македонскиот народ и македонската историја. Исто така наместо да става плочки на спомениците на Александар, Филип и Олимпија на кои пишува дека овие историски фигури им припаѓаат на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно наследство, треба да стават плочки со текст дека овие историски фигури им припаѓаат на античката македонска историја и цивилизација и на светското културно наследство. Имено, во историјата е прифатено дека по смртта на Александар Македонски настанува хеленистичкиот период. Но, походот на Исток не го извршил некој грчки крал, туку македонскиот крал Александар Македонски, кој претходнол со својот татко Филип ја покорил Грција. Походот на Александар Македонски кој тргнал на Исток со својата македонска војска овозможило мешање на културите: македонска, грчка и староисточната. Дури и по неговата смрт биле формирани монархии на чие чело биле македонски династии. Ако Македонците биле главни носители на општествата, а но не грчки, кои всушност биле најголеми противници на Македонците , тогаш зошто тој период да се вика хеленски а не македонски. Сепак како и да е, Македонија имала држава уште од време на антиката, додека кај Грците постоеле градови полиси. Всушност Македонија била постара држава и од грчкото царство, кое се формира дури во 19 век. |