Среда, 21 Август 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXIII
 Martin Trenevski
М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор
 
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXIII
  
1.   Се навршија 30 години од историскиот "Паневропа пикник", настан кој ја преобрази Европа и стариот континент доби нов лик. На 18-ти август 1989 година членовите на повеќе национални организации на паневропското движење и на меѓународната Паневропа, предводена од  д-р Ото фон Хабзбург го организираа големиот пикник во местото Шопрон, во Унгарија кој настан спонтанмо прерасна во изблив на револт поротив угнетените од недемократските режими во источна Европа по што беше урната железната завеста помеѓу Унгарија и Австрија, односно помеѓу тоталитарниот исток и демократскиот Запад!
 
Настанот го искористија повеќе стотици источни германци кои слободно ја преминаа границата и преку Австрија се упатија кон западна Германија.
 
Паневропскиот пикник беше инспирација и за нас во Македонија. По референдумот за осамостојување на 8ми септември 1991 се појавија граѓански органиизации кои ги пренесуваа (пан)европските идеи и во нашата земја со цел што е можно поголема и побрза нејзина демократизација и европеизација!!!
 
Ќе биде забележено дека македонска "Паневропска унија" беше примена во полноправно членство за само три месеци од нејзиното основачко собрание што се случи во просториите на градското Собрание на Скопје со кое претседаваше Мартин Треневски, а копретседатели беа г-ѓа Доста Димовска и Горан Николовски, градонаќалникот на Скопје.
 
Беше избрано и првото раководство на Паневропската унија на Македонија со претседател Мартин Треневски, потпретседатели: Проф. Љубиша Георгиевски, Архиепископ г.г. Михаил и академик Ѓорѓи Ефремов, како и секретар и записничар инг. Јордан Бошков и Борис Трајковски.
 
Македонската Паневропа за кратко време стана ценета членка на меѓународното Паневропско движење во голема мерка благодарение на големата подршка на нејзиниот долгогодишен интернационален претседател Д-р Ото фон Хабзбург. Својот врв дома таа го достигна на крајот на минатиот век кога на трите челни позиции во државата беа членови Паневропејци: пок. Борис Трајковски претседател на државата, Љубиша Георгиевски претседател на Собранието и Љубчо Георгиевски, претседател на владата!
 
Паневропската унија ја лансираше грофот Куденхове Калерги 1923 година со книгата ПАНЕВРОПА што ја преведе на македонски Јордан Бошков. Тоа е најстарата невладина организација во Европа што се залага за обединување на Европа од Урал до Атлантикот! 31
 
32
 
Од основачкото собрание на Паневропската унија на Македонија. Сликата горе, од лево кон десно работното претседателство: Доста Димовска, Горан Николовски и Мартин Треневски
 
2   До неодамна си мислев дека на Балканов нема покоруимпиран премиер од нашиов ЗЗ!? Арно ама не било така! Според ТВ прилогот што неодамна го објави лидерот на албанската опозициона Демократска партија Љуљзим Баша, најкорумпиран да ти бил Еди Рама!? Имено, Баша тврди дека "сите меѓународни извештаи укажувале дека Еди Рама бил најкорумпиран премиер на Балканот", а токму заради тоа последниве години во Албанија "не влегла ниту една странска инвестиција".
 
Не знам дали навистина е така, но ако е така, тогај се прашувам како тоа Еди Рама е миленик на западот што упорно и силно го подржува (За Сорос и сличните и да не зборуваме).
 
Навистина е врашки тешко да се прават топ-листи на најкорумпирани премиери бидејки кој ќе ти кажи кој колку тежи, особено ако податоцитите доаѓаат од мас-медиумите. Така на пример, според бугарските медиуми Борисов тежел 3,8 милијарди долари, според некои наши медиуми кланот Заеви тежи преку 100 милиони евра...!? Се прашувам: луѓе, колку е доста, има ли насит, или како што изјави еден милијардер: "Да го заработиш првиот милион е тешко, понатаму се е спорт"!
 
3. Со нетрпение очекував да слушнам од нашите сонародници како поминал годинешниот традиционален Илинденски пикник што во организација на една од најстарите иселенички организации во северна Америка "Oбединети македонци" /United Macedonians/ се одржува во околината на Торонто.
 
Разбрав дека пикникот поминал во речиси траорна атмосвера, без интонирање на националната химна и без присуство на генералниот конзул на Република Македонија во Торонто.
 
Жално, но вистинито! Ете тоа е резултатот на политиката на лицето ЗЗ и на траумите што тој и лично тој ни ги нанесе на сите нам, доме и во дијаспората.
 
Патем, неодамна беше објавено дека лицето ЗЗ наводно се сретнал со нашинци од дијаспората и разговарал за инвестиции од иселениците во македонската економија!?
 
Слики од наводната средба не видовме за да се увериме дека навистина се случил таков настан, а ниту пак инвестиции ќе видиме по сите стресови, шокови и разочарувања што ни ги приреди ЗЗ на сите нас - дома и надвор од татковината.
 
4.  Угледниот дипломат и колумнист Ристо Никовски во свој коментар неодамна констатира дека проблемот со националната припадност на нашата легенда Гоце Делчев бил веке "решен" и дефиниран ио тоа по теркот што јавно го испресе - како од ракав, лицето Стево Пендаровски дека (според Стево), "Гоце бил Бугарин којшто се борел за Македонија"!?
 
Стево, завалијата, небаре татко на нацијата (!?) со вакви изјави и антимакедонско дејствување не го бива ни за очув, а камоли нешто повеќе. Сега ми е јасно зошто токму него го избра Калето за функцијата на којашто го накалемија: да им измеќарува на туѓите интереси и концепции, а не да служи на интересите на сопствениот народ што го плаќа!!!
 
Многу сум љубопитен што го советуваат Стевота дури двајца советници - поранешни министри на задворешни работи - незаменливиот Денко Малески (кој според тврдењето на проф. Ванковска за 40 години професорување на Правниот факултет има напишано само една скриптра!!!) и екс МНР Александар Сашо Димитров!?
 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.