Среда, 28 Август 2019   
Што точно предвиде Баба Ванѓа за спас на Македонија!?

doom 1Македонска нација

Што точно предвиде Баба Ванѓа за спас на Македонија!?

Легендарната претскажувачка Ванѓелија Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа во едно свое претскажување предвидела дека Македонија ќе има финансиски проблеми се додека не почне со работа рудникот ”Алшар”. Ова таа му го кажала на извесен С. Синадиноски кој ја посетил Баба Ванѓа во деведесеттите години од минатиот век, кога бил ангажиран на одредена функција во Владата на Република Македонија.

Според негови познаници тој кај Баба Ванѓа бил приватно, но покрај тоа прашал и добил одговор и за Македонија.

alsar

Одговорот од познатата претскажувачка бил дека нашата држава ќе биде во криза, се до оној момент додека власта во земјата не го даде рудникот ”Алшар”, кој е единствено наоѓалиште на талиум во светот.

Интересно е што Ванѓа во дел од нејзините предвидувања за милениумот пред нас, претскажала дека планетата Земја покрај познатто Сонце, ќе ја грее вештачко сонце (најверојатно мислела на некој неисцрпен извор на енергија ), а соред научниците токму со талиумот може да се дојде до неисцрпен извор на енергија.

Алшар е рудник на планината Кожуф во кој за првпат е откриен талиумовиот минерал лорандит.

Историјата на Алшар започнува уште од времето на античка Македонија, преку римскиот период и Османското Царство до денес. Историјата на рудникот Алшар е многу интересна, но малку позната и документирана. Станува збор за рудник што има особено голема традиција. Минерали од Алшар се најдени и во археолошките остатоци на Стоби.

Во пишувани документи рудникот Алшар се споменува во турските тефтери од 1481 година. Во овој документ, кој се однесува на Рожденскиот атар (селото Рожден е во близина на Алшар), се споменува годишниот приход на турскиот султан кој изнесувал 13,380 акчиња, од кои 1,500 акчиња се дел од продажбата на арсенската руда од Алшар. Во текот на 15 и 16 век регионот бил добро развиен како резултат на дејноста во рудникот Алшар.

Следни податоци за работата на рудникот се среќаваат во документи од 1877 година, кога почнала да се формира и рударската населба Мајден. Во тој период Алшар бил даден под концесија на англиско-француска компанија со седиште во Солун, а работите во рудникот ги надгледувал инженерот Шарто. Во почетокот во рудникот биле вработени 500 работници. Денес, во долните делови на селото Мајден се забележуваат траги од старата сепарација на арсенската руда. Вака издробената и сепарирана руда со каравани со коњи и маски се транспортирала во Солун, а оттаму со воз во топилниците во Фрајберг, Германија. Токму од тие вагони биле земени и првите примероци во кои било откриено присуството на минерали на талиум (крај на 19 и почеток на 20 век). За време на балканските и Првата светска војна рудникот престанал со работа.

Геолошки истражувања

По Втората светска војна рудникот бил главно геолошки истражуван, а редовно експлоатирање не било воведено. Истражувањата до 1965 година резултирале со откривање количество руди на антимон, арсен и на талиум.

При истражувањето е утврдено постоење на талиум во концентрации од 0,11-0,22%, посебно во северниот дел на наоѓалиштето наречено Црвен Дол.

Во почетокот на 80-тите години на 20 век за минералите од Алшар (особено за минералот лорандит) се заинтересирал и американскиот астрофизичар Мелвин Фридман, од аспект на употреба на талиумските минерали од Алшар како детектори на неутрината по потекло од Сонцето.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.