|
|
Нивото на реализација на капитални инвестиции за цели 7 месеци е само 24.5% |
Интегрален текст од изјава за медиуми на Светислав ВасевПочитувани, Нивото на реализација на капитални инвестиции за цели 7 месеци е само 24.5% од годишно планираното. Власта нема капацитет да го реализира ниту она што сама со Буџетот за 2019 година се обврзала дека ќе го направи. И со Тевдовски и со Заев и со било кој друг на чело на министерството за финансии СДСМ за повеќе од половина година не е способна да сработи ниту една четвртина од тоа што требало. Во истиот период од 7 месеци предвидениот дефицит е на ниво од над 50%, исто како и социјалните трансфери. Единствено каска реализацијата на капиталните инвестиции. Тоа е показател дека СДСМ нема план и не знае како да ги инвестира парите на граѓаните во капитални проекти. Ова укажува единствено на фактот дека СДСМ целосно го ставил Буџетот на Република Македонија во функција за купување гласови! Оттука ја предупредуваме власта да не влегува во било какви сценарија што би значеле изборна корупција. Почитувани, Нивото на јавен долг рапидно расте. Тоа води до едноставен заклучок. Заев нема план за капитални инвестиции, Заев има план за капитален грабеж. Цела година не видовме да отпочнат со изградба на едно ново училиште, амбуланта или градинка. Единствено што прават е раскопување на неколку скопски сообраќајници кои ги премачкуваат со асфалт. Три години ги развлекуваат проектите во инфраструктурата започнати од ВМРО-ДПМНЕ. Направија целосен застој на инфраструктурен план. Никаде ги нема ветените 600 километри нов автопат, ниту 550 километри нови магистрални патишта. Поминаа 3 години, а ништо од тоа што го ветија за време на изборите не реализираа. Оваа власт која три години со прст нема мрднато мора да си замине. Потребни се итни предвремени избори, час поскоро. Потребна е обнова на Македонија. |