|
|
Кој си игра со оган, од оган ќе се изгори |
Свекрва „Кој си игра со оган, од оган ќе се изгори!“ На почетокот на февруари 2015 година лицето З:З започна со објавувањето на т.н. „бомби“, кои имаа за цел да ја срушат владата на Никола Груевски, преку негова лична и дискредитација на неговиот тим. Истовремено, подржана од центрите на моќ, објавувањето на нелегално прибавени снимки, имаше за цел да ги парализира институциите, за да се инсталира марионетска власт за промена на името. Меѓутоа, вирусот тогаш уфрлен во системот за да доведе до смена на власта и промена на името, денес како да ја достигнува својата кулминација во земјата. По објавувањето во јавност на извештајот од распитот на Камчев, во кои се споменуваат високи политичари дека се замешани во случајот „Рекет“, целата влада ја зафати треска. За разлика од времето кога објавуваа т.н. „бомби“, денес истите луѓе кои се во власта им се закануваат на медиумите кои го објавуваат извештајот од распитот на Камчев со тужби. Дали тие се плашат само за себе или пак и за нивните работодавачи од центрите на моќ?. Веќе се најавува дека болеста од Македонија, не само што ќе го потресе регионот, туку и Брисел, кој морал да знае што правело СЈО и Катица Јанева, како и сегашната власт предводена од Заев Заканите со тужби за објавениот извештај преставува обид да се замолчат медиумите кои пишуваат против сегашната власт. Едноставно сакаат да забранат да се објавуваат информации или да се расправа за корумпираноста на поединци во власта. Односно се обидуваат да направат чекор кон „ново контролирано општество“. Тоа што застрашува е што голем дел од општеството не ја доживува оваа закана озбилно. Имено, во тоталиризмот барем се знаеше кој може да ги следи луѓето, да им ги чита писмата и за што можат да послужат резултатите од истрагата. Тогаш документите остануваа класифицирани во архивите далеку од очите од јавноста. За жал денес ваквите документи можат лесно да се најдат во јавноста или да се искористат за рекетирање на одредени личности за лична корист. Сегашната власт го смени името но не донесе правда во земјата. Остана истото од пусто турско „кадија те тужи, кадија те суди“. Со таков однос, без правна држава, и без разлика на промена на името, за Македонија нема да има место во ЕУ. Македонија продолжува да тоне. Наместо борба против криминалот и вакцинација против коруптивната болест, власта се заканува со тужби против новинари. Но, тука ја прави најголемата грешка. На обидот да се заќутат новинарите реагираа Македонската асоцијација на новинари (МАН) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Македонската асоцијација на новинари МАН им порача на своите членови да не подлегнуваат на притисоци и закани, и да не ги повлекуваат текстовите кои се однесуваат на аферата Рекет. Како што велат од МАН „секое објавување текстови во однос на оваа афера е заштита на јавен интерес каде се пишува и опишува само работа на државни функионери. Истовремено и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикуват политичарите „да се воздржат од тужби кон медиумите и да не ја загрозуваат слободата на изразување. Најавите за тужби, како што велат од АВМУ „претставуваат директен притисок врз работата на медиумите особено кога известуваат за теми од висок степен на јавен интерес“. Заканите кон медиумите на оваа власт значи дека се фатени во тесно и дека им се ближи крајот. Се очекува уште некоја т.н. „бомба“ која ќе стави крај и на оваа ненародна власт. Инаку, Ларис Гејсер, аналитичар и професор по геополитика, кој во низа написи за италијанскиот весник „Ла верита“ ја откри аферата околу уцената на бизнисмени во која се вплеткани Боки 13 и многу други во разговор за „Ало“ вели дека „за Заев е најдобро да поднесе оставка. Тоа е за негово добро и за доброто на Македонија. Порано или подоцна тој ќе мора да си замине. Тој е минато и меѓународно е мртов.“ Кој си игра со меч од него ќе погине, кој си игра со оган, од оган ќе се изгори!. |