|
|
Иселеувањето на младите под оваа власт стана тренд |
Свекрва Иселеувањето на младите под оваа власт стана тренд
Со СДСМ и ДУИ, Македонија стана нефункционална држава Заменик помошникот државен секретар Метју Палмер е новиот специјален претставник на САД за Балканот. Се очекува дека Палмер ќе ги зајакне дипломатските напори на САД во поддршката на мирот, стабилноста и напредокот на регионот и ќе се насочи на интеграцијата на државите од Западен Бaлкан во западните институции. Всушност се очекува овој „српски зет“ да спроведува силна дури и брутална политика на „земјите на линијата на огнот“. Специјален претставник на САД за Балканот го поддржува Преспанскиот договор. Мекото македонско сценарио со кое беше инсталирана марионетска власт требаше да биде модел по кој ќе се елеминираа властите во регионот кои не се коперативни со меѓународната заедница. Меѓутоа, криминогеното однесување на дел од преставниците на власта во земјата, Боки Тредичи, Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство, кое беше инсталирано од меѓународната заедница со цел дискредитација на преставниците на претходната власт и промена на името, ќе ја натера меѓународната заедница да преземат други чекори кои можат да бидат во иднина дури и брутални. Новиот специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер сигурно дека не би сакал да има работа со оние лица од регионот кои се инволвирани во афери од типот на „Рекет“. Тоа би значело дека на сегашната власт им се ближи крајот. Сепак многу е чудно што досега по сите објавени скандали од аферата „Рекет“ нема оставки, ниту пак е распуштена Владата. Исто така многу е чудно што ништо не се говори за преставници на ДУИ во власта иако постојат индиции дека многу од нив длабоко се инволвирани во низа афери во земјата. Очигледно добро се заштитети како „бели мечки“ Се очекува меѓународната заедница, која досега молчеше, набргу да реагира и оваа ненародна власт која наводно бегајќи од режим се обиде да воспостави централизирана власт - тоталиризам (една личност да раководи со извршна, судска и законодавна власт, да ги има клучевите од благајната, како и да се обиде да ги замолкне медиумите), да биде заменета на предвремени парламентарни избори. Ако нешто брзо не се промени во власта Македонците се помасовно ќе се иселуваат од земјата. Иако нема попис од 2002 година, изгледа во последно време, иселувањето на младите се повеќе се зголемува. Причини се различни - од немање на работа па се до недоверба во институциите, за каде е потребно алашвериш ако сакаш да завршиш некоја работа или пак да се вработиш. Отука иселеувањето на младите под оваа власт стана тренд. Со ваквите криминогени дејанија во земјата, луѓето како Боки Тредичи и Катица Јанева допринесоа кај младите да преовладува мислењето дека секаде животот е подобар отколку дома, дури и кога не е така. Тие што ќе заминат во странство дури и кога не им е добро, кај своите домашни говорат дека живеаат во изобилие, што предизвикуваат комплекс на инфериорност кај оние што не успеале да заминат. Младите Македонци со ваков комплекс им се клањаат на странците мислејќи дека се подобри, а всушност често пати се тоа белосветки неранимајковци кои доааѓаат во земјата само за да заработат на начин од кој потоа произлегуваат разни афери. Со доаѓањето на власт на Социјалдемократите и ДУИ, Македонија стана нефункционална држава. Се наметна еден стил на уцена, лажење, крадење и т.н. Со фалсификувана диплома можеш да бидеш поставен на висока позиција. Голем дел мислат дека колку повеќе излажат се многу попаметни. Но, тоа се марионети кои неможат да се справат со проблемите и ги прават нефункционални институциите. Тие ја уништуваат државата. Постарите Македонци кои можеа да се справат и да ги надминат проблемите полека го напуштаат овој свет. Сега светот останува на младите. Ако младите Македонци сакаат да ја зачуваат оваа држава која постарите им ја оставиле во аманет, треба да ги засукаат ракавите и да направат нешто за своите деца. Прво треба да ја искоренат корупцијата која како рак рана го нагризува секое тело и потоа без да ја виткаат кичмата пред странците да создадат пристојна држава на македонскиот народ. |