Среда, 04 Септември 2019   
ипл.екк Рубинчо В. Јованоски

rubincoДипл.екк Рубинчо В. Јованоски

Спортот не мора да е заложник на институционалните лавиринти

Нашите најдобри македонски одбојкари финишираат со своите подготовки пред своето деби на претстојното Европско првенство кое од 12-ти до 29-ти Септември за прв пат ќе се одржи во 4 земји, а нашата селекција познато е ќе биде во група која натпреварите ќе ги игра во Љубљана, Република Словенија.

Првата фаза од подготовките беше успешно спроведена во Маврово (15.07. – 15.08), каде се одработија базичните подговтовки, каде посебен акцент селекторот Матијашевиќ, неговите соработници и неговите протагонисти, поточно одбојкарите посветија на физичката издржливост на одбојкарите од една  и работа со топка во сала каде се испробиваа различно тактичко – технички варијанти. Исто така се посвети и одволно внимание на психичката подговотовка на одбојкарите.

По враќањето од Маврово се продолжи со тренинзите во СРЦ Кале во Скопје.До овде е супер. подговотовки оние прави за европски предизвици.

Но, во денешни наши македонски услови одбојката не би била интересна ако не се појави некој проблем во смисла на организациски план, но не по вина на раководните луѓе во ОФМ.

Имено во петокот и саботата (30-31.08.19) успешно беше организиран 43-от меморијален одбојкарски турнир посветен на македонската одбојкарска ведета од градот под Шара, Бранко Хаџијоски – Чајка. На турнирот зедоа учество Македонија, Бугарија, Украина и Белгија.

Турнирот се одржува од 1975 год, меморијален за Бранко Хаџијоски – Чајка еден од основоположниците на одбојката во Македонија, најпрвин како активен одбојкар, а потоа и како тренер.

Во последен момент одбојкарите во буквална смисла на зборот одбојкарите беа истерани од СРЦ Кале од концесионерот на салата поради одигрување на футсал натпревари од претквалификациите за лигата на шампионите каде домаќин беше Шкупи. Но во последен момент раководно – одбојкарскот трио, и тоа претседателот Јованоски, потпретседателот и воедно и член на семејството Хаџијоски, г-динот Ивица Хаџијоски – Чајка и неуморниот алфа и омега ген- секот Карановиќ да се игра во салата на Градскиот парк.

Агенцијата за млади и спорт која е покровител на турнирот и под чија надлежност би требало да бидат спортските објекти беше немоќна да го реши овој во последен момент наметнат проблем. Директорот на АМС Дарко Каевски нагласи дека салите и другите спортски објекти се во надлежност на ЈП за станбен и деловен простор што ги издава истиот на користење. Тука се преклопуваат ингеренциите и надлежностите.

Но спортот не треба да е заложник на институционалните лавиринти. Не е добро и за гостинските селекции кои и тие се во фаза на завршни подготовки за ЕП во последен момент да му се нагласи дека натпреварите ќе се играат во друга сала.

Во последните неколку одбојкарски натпреварувачки сезони ген-секот во федерацијата Карановиќ успева да организира лига систем од аматерски карактер која е доволна за да селекцијата се натпреварува на меѓународно ниво.

На крајот се поставува  прашањето до кога овој спорт кај нас ќе биде со импровизации и секогаш во втор план?

Контурите на репрезентацијата се поставени на високо ниво, очекувањата од одбојкарите се големи, но за жал, на истите во дадени моменти му се оневозможуваат од одредени институции елементарните услови за работа.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.