Среда, 11 Септември 2019   
Народе, барате трета опција? Ја имате!!!

Мирко Трпески

treta opcijaВМРО-ТРЕТА ОПЦИЈА

Подолго време меѓу обичните жители на Република Македонија се слуша идеја дека на земјава и’ е потребна трета политичка опција. Демек, ова што сега го прави СДС го правела и ВМРО-ДПМНЕ. Притоа се мисли на непочитување на правото, особено на крадењето, (не) бранење на националните интереси на Република Македонија, на партиски вработувања, на губење на довербата кај обичниот граѓанин ...

Една куса споредба помеѓу поранешната партија ВМРО-ДПМНЕ и сегашната СДС сепак фрла друга светлина на вистинските состојби.

-Ако ВМРО-ДПМНЕ цело време стоеше на браникот на националните интереси, не давајќи ги името и националниот идентитет и гордост, сегашната СДС точно ги погази - и името и националниот идентитет и гордост.

Зад името и националниот идентитет стојат и чисто економски интереси. Тоа особено се гледа деновиве кога Грција започнува да спроведува интензивни дејства за елиминирање на се’ што како производ и услуга е означено како Македонско, а со децении припаѓало и припаѓа на нашата земја. Тоа ќе значи не само национално понижување, туку и елиминирање на Македонски производи од меѓународниот пазар. Тоа исто така ќе значи и дека и во домашниот промет ќе мораат да се елиминираат наши производи што во називот го содржат името “Македонија“, “Македонски“ и други изведени називи. Ако ова личи на многу црно предвидување, треба да се види што е со знакот на Кутлеш на шахтите....

-ВМРО-ДПМНЕ се обвинува за кражби. При кражбите има барем два аспекта: да се гради и да се земе провизија или да се предвиди градба, за истата да се обезбедат пари и да се земат сите пари - како за градбата, така и за провизијата - и да не се изгради ништо.

Дали ова последново ви личи на нешто што се случувало последниве две-три години - од насадувањето на власт на СДС?

Во однос на провизијата, ние постарите што уште во времето на поранешна Југославија сме учествувале во големи набавки, во големи градби, добро знаеме дека провизијата е измислица на Западните земји. Тие ни’ ја донесоа во земјава! Во времето на таа поранешна Југославија, но и извесно време по осамостојувањето на Република Македонија, не постоеше провизија при набавките и големите инвестиции. Но ниту тогаш, ниту до пред три години не постоела ситуација да се предвиди градба, да се обезбедат пари и тие пари да ги снема.

Доста смела идеја е да се тврди дека се земани сите пари - и за градбата, и за провизијата. Но, ако две-три години наназад приходите на централниот Буџет и на буџетите на локалните самоуправи се исти или и повисоки како и во времето на ВМРО-ДПМНЕ, ако задолжувањето на земјата дома и во странство е дури и поголемо во споредба со времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а сепак се планирале и се обезбедувале средства за големи градби и набавки, логично се поставува прашањето - каде се тие пари, каде завршиле тие пари?

Како доказ дека има основ за ваквото смело размислување е тоа што последните неколку месеци сепак не гледаме некакви инвестиции. Значи, ако сега има пари за таквите инвестиции, дури и симболични, каде завршувале парите порано, кога немало инвестиции, а имало приходи во Буџетите? Е па, кој крадел и краде: ВМРО-ДПМНЕ или?

- За настаните од 27. април, а со тоа и за Специлајното јавно обвинителство, не ни треба да се зборува. Тие очигледно треба да се поделат на два дела: до моментот пред изборот на квазипретседателот на Собранието и по овој миг. Се’ до тој миг е незаконито, нелегално, неуставно.

Се’ по тој миг најпрвин е знак на граѓански бунт, изразување на граѓанско незадоволство од незаконитостите, нелегалностите, неуставноста, а потоа спроведување на тортура кон ВМРО-ДПМНЕ и неговите членови, но и кон обичните граѓани кои учествувале во граѓанскиот бунт. Како потврда дека ова е така е одлуката на Шведскиот суд за неодобрување на екстрадиција на лице кое учествувало во овој граѓански бунт. Тој суд во настаните не нашол тероризам и загрозување на уставниот поредок, туку, од растојание од неколку илјади километри видел дека тероризам - немало.

И пак за ВМРО-ДПМНЕ: оваа партија беше и е на удар пред и по настаните на 27. Април. И тогаш таа партија стоеше на страната на правдата, уставноста, националните интереси. Таа правда, уставност, национални интереси ги погази ...

Специлајното јавно обвинителство е очигледно неодминлива тема. Околу истото, и пред неговото воспоставување, и по воспоставувањето, и во текот на неговата работа?, но и сега, кога не незаконит начин му се одземаат квазиуставните ингеренции, се’ е само против ВМРО-ДПМНЕ. До ваков заклучок дошол еден од главните учесници во активностите против ВМРО-ДПМНЕ - Проф. Гордан Калајџиски.

Велат дека во секое лошо има и добро.

Досега овде е наведен само мааал дел од лошото што му се случуваше, што му се правеше на ВМРО-ДПМНЕ. Доброто е што ВМРО-ДПМНЕ се престрои, се преорганизира од темел. Не дека и поранешното ВМРО-ДПМНЕ беше лоша партија, не дека поранешниот Претседател д-р Никола Груевски беше лош и криминалец (како што ... сака да го прикаже), туку оваа партија имаше и има потреба од подновување на партиските редови, ослободување од кариеристи кои заради лични интереси дошле во партијата, особено од... , од поголемо свртување и кон политичките и националните аспекти на партиското дејствување. Мора да се признае дека поранешното ВМРО-ДПМНЕ беше првенствено свртено кон економските, финансиските и слични аспекти.

Како доказ за ова се големиот број градби, инвестиции, но и тоа што многу не се гледа - од корен менување на економскиот, правниот, социјалниот и другите системи на земјата.

Само еден податок: при преземањето на власта во 2006 година, приходите на централниот Буџет беа под една милијарда Евра. Во 2016 година изнесуваа околу 3,5 милијарди Евра - триипол илјади милиони Евра!!! Не сме свесни колку темелни промени се спроведоа - на подобро!!!

Да се потсетиме само на рангирањето на нашата земја од страна на меѓународните институции за рангирање во последните години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ - подобро рангирање по многу основи дури и од високоразвиените Западни, но и други земји. Но, на лутите противници не им одговараше ваквата вистина и измислуваа и измислуваат кражби, лажеа, не’ понижуваа како нација и се’ така. Велат стопати повторената лага постанува вистина. Така и го убедија обичното население дека ВМРО-ДПМНЕ била се’ најлошо, а кога тие ќе дојдат на власт се’ ќе биде најдобро. Е, па, не е така, не испадна така!

И, ВМРО-ДПМНЕ се престрои. Ја води Универзитетски професор во ранг на Вонреден професор, чија специјалност е вештачка интелигенција. Путин рекол дека тој што ќе ја совлада и ќе ја применува вештачката инталигенција ќе го владее светот. Овој Универзитетски професор околу себе прибра квалитетни кадри. Се престрои и на терен.

Ги проби лагите што на ВМРО-ДПМНЕ и’ ги пласираа во странство, особено кај сестринските народни партии и кај Европската Народна партија. Значи, сега имаме нова партија - ВМРО-трета опција. Народе, барате трета опција? Ја имате!!!

П.С. За ликот и делото (каква фраза!) на д-р Никола Груевски треба посебно да се пишува. Тоа не може да се опфати со само еден напис.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.