Среда, 11 Септември 2019   
Збогум СЈО!

Goce MarkovГоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Збогум СЈО!

Ќе рушеа ,,Режим" и измислија безопасен начин како без Револуција, крв и нерви да инсталираат Некадарни кои ќе владеат со останатите 51/!
Да, баш така...49/ поголемо од 51/, сетики мисла и промисла на Томас Џеј за Основата на демократијата, или обратно беше?
Тоа е пак прашање за милион долари?!
Или повеќе?
Има луѓе, ќе кажат, само Л.В. чанти да си купат прво, скапи се...нема се, па има се!
Ако Бог на топкава елипсоводна измислил ,,држава" или бар нешто слично ама шампиони во парадокси, ТОА сме ние.Не дека е за фалба, ама еве барем да си бидеме искрени кога се гледаме во огледало.
Територија која својата иднина ја гледа како поле за опоен напредок во дрогите, медицински ама тука да не ситничариме многу, кога веќе се работи, нека се работи...
Еднинствени по Рекетот кој ја руши пирамидата одозгора надолу а нозите се тресат на стакло чунки млада невеста на прва ноќ...
Чарлиевите ангели беа лајт мотив и икони на Шаренашите, на кондомите во боја на виножито, на скршените врати и стакла на Институцијата Претседател, тогаш ,,невредна" а сега авион...беа носител, Алфа и Омега на ,,Правдата" ама онаа видливо насочена за прогон на ВМРОци и на напредни револуционерни дејанија, измислени за да измислат топла вода и потрошат милиони од нашите , а пази, НЕУСТАВЕН орган биле бре!?
Барем така вели оној чаушон од ЈО!
Е сега кого да веруваме?Лага до лага...да, да, неуставна институција измислена од надворешна глава да биде внатрешна!?
И беше доста успешно.
Второ, како тоа некој кој нема уставна положба во државата и правниот систем му се овозможува да гони сторители на кривични дела?
Досега го правел тоа некој друг?
Имате репер?
Зарем не е тоа самото по себе кривично дело бре Чауш?
Објасни ни нам на ,,неуките" Македонци, а тоа Северџаните твои можеш да си честиш по приеми...
На времето кога Словенците ја прогласија за нај нај нај на света обвинител, Пренк Министерот рече тоа е моја соработничка, денес со откажа со првите петли.
Се откажаа многу, и наши и нивни, надворешни де!
До вчера емисари на силни царства, ден потоа дим да ги нјама!
Ало Скандинавија?!
Што беше тоа СЈО?
Ги чувате ли барем маиците?
Облечете ги и погледнете се во огледало.Со тие маици ви го намалија IQ то од 84 на 33, ама тоа во друга прилика.
Држава во која се прави театар од истата е само шаховска симултанка на малку поголеми играчи, а не зомби фигури со рацете напред!
И да, браќа и другари мои, во држава каде неуките и некадарните владеат со интелектуалата неминовни се две работи:
Првата е отворен конфликт, ама за жал начинот е различен...првите се служат со удари под појас и разно разни притисоци а вториве се бранат тукуречи со,,молчење"...
Втората пак е работа на одлука, за бегање од бојното поле...завршуваш курс по германски и ...и така.
На нивниот левел се неприкосновени.Царови!
Останува само да го промените пензискиот систем, ќе мора!
Ова лудило негде мора да запре!?
Со кредити плати, со позајмици пензии, со нарачки пресуди...без доктори и сестри здравство, без субвенции земјоделие, без инжинери индустрија, без наставници и мотивација образование...ама кој ве лаже?
Кој да му каже дека е Банкрот блуз бенд?
Кој да го запре ова лудило од бегање од огништата, ма не бела чума, црна да ја наречете!
Ни здодеа веќе да ги броиме годините и да чекаме некое си вештачки проширено кутивче Пандорино, наречено СЈО да решава судбини!?
А решаваше!
Цел еден систем на вредности во хипокризија!?
Криза на идентитет?
Намерно потенцирам затоа што до скоро сите молчеа како риби!
Академци, професори, доктори, правници, бизнисмени, економисти, машиновозачи, медицински сестри, земјоделци, рудари...сигурно арно ви било а?
Па друго објаснување има ли?
Ако разберевте навреме зар ќе дозволевте да ја гледате Државата фрлена на колена?
Осрамотена, силувана, исплукана, преименувана, осиромашена, изрекетирана, денес вчера а и утре?
Збогум СЈО!

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.