|
|
Се има чувство како Јанева воопшто да не е во притвор |
Се има чувство како Јанева воопшто да не е во притвор. И покрај тоа што работите околу СЈО, поради притворањето на Јанева, бараат итност, не смее да се направи нешто “преку колена“. Пред се’ Јанева нема законски овластувања да ги пренесува работите од “нејзиното“ обвинителство на било кој друг орган, дури и да не е во притвор. Тоа може да се направи само со закон со кој ќе се укине Специјалното јавно обвинителство, ќе се дефинира кој орган ќе ги преземе предметите и кои предмети, што ќе се прави со предметите и нивната рочност, податоците, вработените, имотот, финансиите и се’ друго. Исто така во законот мора да биде наведен рок до кој работите ќе се пренесат, престанувањето на работата на “Главниот“ човек во СЈО. Значи, со новиот закон мора да се обезбеди континуитет на работата на овој орган. Инаку, во текот на неколкуте поминати недели расчистени се голем дел непознати како основа за новиот закон. Ваквиот закон може да се донесе во најитна постапка. Ако, пак, се оди вака како што е тргнато, останува еден многу сериозен проблем: СЈО нема да биде укинато и некому може да му текне повторно да го активира, што може да направи огромни проблеми, како правни, така и политички и процедурални. Значи, на овој начин останува сабјата над главите на членови од ВМРО-ДПМНЕ. Се има чувство како Јанева воопшто да не е во притвор. Од изјавата на Директорот на затворот се гледа дека таа има посебен третман, што не е случај и со поранешните Министри во претходните Влади. Понатаму, таа дава наредби како да е дел од некое највисоко раководство на државата. Тоа не може да го прави притвореник!!! Владимир Павлески |