|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXVII |
М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXVII
1. Само за 15 месеци од владеењето на СДСМ и ДУИ, според изјавата на самиот Зоран Заев, од Македонија се иселиле 300.000 лица!? Дури и да не се во толкав број, иселувањето (или белата чума како што го нарекуваат некои) е грда и загрижувачка реалност зa нашата земја.
Причини има многу, дури премногу: политичката и економска нестабилност, сиромаштијата, лошите политики, оскудност на странски инвестиции, крајната несигурност кај земјоделците заради што ги напуштаат нивите, тотално отсуство на перспективи за младите, туѓите /странските/ агенди и сценарија........
Можеме да набројуваме уште многу, многу причини, но се прашувам: дали иселувањето не е последица на однапред таргетирани "цели" од одредени центри на моќ со цел тој процес на празнење на земјата не само да продолжува, туку и да се забрзува??? За ваква претпоставка ми се наметнува примерот со хистеријата што ја наметнаа пред неколку години таканаречените невладини организации против отворање на рудници за злато ву јужните и југоисточните делови на земјата? И, дали тезата за наводно загадување на почвата и човековата околина е вистинска причина за неколкуте референдуми во кои населението од тие краишта се изјасни против отворање на нови рудници!? Тезата за наводното загадување едноставно не држи бидејки експертите тврдат дека со најновите технологии за екстракција на златото од рудата н е м а загадување!!!
Отворање на нови рудници би значело развој и просперитет на тамошните општини, воедно и своевидна гаранција дека иселувањето од тие краишта драстично ќе се намали. Конкретен пример: за рудникот Казандол близу Валандово се најавуваше отворање на илјада (1.000) работни места! Ако се земе во предвид факторот четири (по четири члена просечно во семејството), тоа ќе значеше илјада семејства со четири илјади жители во Валандово и околината да имаат обезбедено работа, егзистенција, да примаат плата и да трошат, но и да не се приморани да размислуваат за иселување. Со еден збор станува збор се гарантира живот во градот и непосредната околина. Но по дискутабилниот референдум, таа идеја пропадна, рудникот не проработи, а луѓето продолжуваат да се иселуваат.
За ваквата ситуација во огромна мерка се виновни и одговорни таканаречените невладини организации од кои најмногу се продолжена рака на туѓи, т.е. странски интереси! Впрочем, тие (невладините) речиси без исклучок се финансирани од токму туѓи извори (Сорос, ЈуЕсЕјд и слични) за да не ги боли глава да молат за средства за работа, туку сета енергија да ја сконцентрираат на цели зададени од други.
Очигледно се работи за длабоко осмислен и долгорочен проект, без сомнеж! Единствено останува отворено прашањето: за кого е планирана испразнетата Македонија, или делови од неа, и кој треба да ја пополни таа празнина? За дојденци од непосредното соседство, или стотици илјади несреќници - бегалци и азиланти од Бангладеш, Авганистан, Сирија.. од кои Европската Унија очајнички настојува да се ослободи???
2. Здружението на патриотски ориентирани интелектуалци МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ се обрати неодамна до јавноста испровоцирано од полициската репресија на МВР по повод истакнувањето на знаме со шеснаесетзрачното сонце на фудбалски натпревар во охридското село Волино, а во чест на Денот на независноста 8ми септември!
Бруталната интервенција на полицијата Македонски манифест ја нарече "идентификациски фашизам"!
Со цел автентично презентирање на случувањата во с. Волино, ја пренесуваме интегрално реакцијата на Македонски манифест:
Македонски манифест најенергично ја осудува полициската репресија на владата на Заев врз жителите на с. Волино, кои решија да бидат отпор на идентитетскиот геноцид над Македонците, подготвен од цивилизациската перверзија на Брисел и домашните квислинзи. Тие, храбри и доблесни Македонци, решија да се спротивстават на бришењето на еден од архетипите на македонската исконска меморија-Сонцето од Кутлеш, кое им се подарува беневолентно на грчките хиени, иако тие тој симбол никогаш не го поседувале и за свој знак го имале бувот, симболот на ноќта, а кај Македонците вестител на смртта и тагата. Тоа може да се провери и кај Грејвс, еден од најголемите зналци на античката, таканаречена грчка митологија, и кај старогрчкиот комедиограф Аристофан, кај мајсторот на античката трагедија Есхил, па и кај многу речници на симболи на Западната цивилизација, која сега преку нејзините сезнајни жални политичари сака таа вистина да ја замачка и скрие. Арно ама архетипските симболи се отпорни на таквиот вид на перверзно замачкување, како што се прави сега тоа и со Шеснаестозрачното Сонце од Кутлеш, исконски македонски симбол, затоа што Македонците, имено, како што вели и Св. апостол Павле во своите Посланија до Солуњаните и Филипјаните се “синови на светлината“, кандила што горат во “расипаниот свет“. А Грците со нивниот архетип, симболот на бувот се синови на ноќта, на ноќното сонце што се покажа како несреќа за Македонците. Македонски манифест ги поздравува жителите на Волино и ги охрабрува во нивниот отпор кон идентитетскиот геноцид што го спроведуваат врз Македонците Брисел и Вашингтон заедно со квислиншката влада на Заев. Тоа е почеток на семакедонскиот отпор кон тој страшен идентитетски геноцид над цел еден древен народ со милениумски континуитет на постоење за што сведочи и Библијата, најважниот не само религиозен туку и антрополошки и културолошки документ на Западната цивилизација. Браво Волинци, така се чува самопочитта и брани идентитетот и по катастрофата врз него. Таа катастрофа е резултат на повампирениот еврофашизам, на кој му се приклучува и грчкиот кој заедно со бомбардерите полни со смрт на Черчил 1948 фашистички ги чистеше Македонците од родните огништа и гробовите на предците и прапретците. Е, тој геноциден фашизам над Македонците сега е повторно присутен од страна на вавилонската ороспија Европа и Грција, како и на другите околни балкански хиени, кои таа ги користи за конечна смрт на Македонија и Македонците. За жал, пак, во тој геноциден проект за ништење на македонскиот генерички идентитет Брисел и Вашингтон сега ја искористи максимално и македонската влада на Заев, инсталирана за таа мрачна цел од нив. Волинци храбро се спротивставија на тоа, иако перверзната влада на Заев го маскира во своја полза инцидентот, и Македонски манифест уште еднаш ги поздравува за тој доблесен чин, повикувајќи ги сите доблесни Македонци да застанат во општ отпор против идентитетскиот геноцид и фашизам против нив на Брисел, Вашингтон, Грција и квислиншката фашизоидна влада на Зоран Заев, Шеќеринска и Димитров. Тоа. Македонски манифест наскоро ќе го посети со древниот македонски симбол, Шеснаестозрачното сонце од Кутлеш, поточно од срцето на античка Македонија, Волино и неговите доблесни Македонци како алка за врзување на големиот синџир на македонскиот отпор против евро и амеро, но и против домашниот идентитетски фашизам што го промовира владата на Зоран Заев. Амблем на с.Волино Волино - карикатура (по фудбалскиот метеж 2019) По се што е изнесено погоре, јавно го прашувам министерот Оливер Спасовски: Министре, дали случајно планирате со еднакво дозирана енергична и брутална акција да интервенирате во Зајас и селата пред и после ова село против континуираното истакнување на знамиња на странска држава, во случајов Албанија, спротивно на постоечкиот Закон за знамиња??? И, министре, не сметате ли дека еден ден на оваа ненародна власт ќе и дојде крај и вие како прв човек на "органот" што врши насилие над недолжниот народ ќе треба и лично да се соочите со одговорност??? Ова само како тема за размислување ваше и на тие околу вас!!!
3. За нов лидер на единствената партија на македонците во Албанија е избран Васил Стерјовски. На конгресот на Македонската алијанса за европска Македонија (МАЕИ) одржан неодамна во Тирана донесена е р е з о л у ц и ј а во која македонците побараа македонскиот јазик и неговото кирилско писмо да биде службен во општините каде 10% од населението се македонци, а личните документи да се издаваат и на македонски јазик.
4. Актуелниот министер за надворешни работи на Грција Никос Дендијас (данди/денди на англиски значи прчко, фудул) убеден е дека ќе не убедел да заборавиме дека сме македонци и дека ќе не приморале "преку преговорите за членство во ЕУ да се претставуваме како граѓани на Северна Македонија"!? Тој го изјавил ова за грчкото радио "Реал ФМ", одговарајки на прашање за точките од капитулантскиот договор од Нивице, со кои неговата партија Неа Демкоратија не се согласува.
Дандијас изјавил дека грчката страна ќе инсистира да не приморацелосно да прифатиме дека називот на граѓанините на нашата земјата да биде „граѓанин на Северна Македонија“!? Министерот се закани дека нашата земја "мора да ги исполни обврските, односно треба апсолутно да се придржува до збор, до запирка, до точка, до нивните (македонските) обврски" (според капитулантскиот договор од Нивице).
И што да се коментира за овие типуси и нивните политики? Сеуште живеат во средновековието и се замислуваат некаква величина!?
|