|
|
Здравјето се расипува во притвор според Катица и Боки |
Александар Џеповски
Здравјето се расипува во притвор според Катица и Боки.
Никој нема намера на туѓа мака да донесува заклучоци или да се сити, напротив се вели пу,пу, пу не дај Боже.
Но неколку факти ме тераат и сите вас да ги спомнеме и да се присетиме.
Како здравјето им беше перфектно и некогаш не се пожалија ( Катица и Боки ) додека имаа сила и власт ?
Дали мислеа дека дека дојдоа на власт и тоа со сила преку корумпираните ЕУ и Америка, па ќе останат вечно и ќе можат на секој да му ја дерат кожата, читај Македонец, како што сакаат ? Ова се однесува и за сите СДСМовци специјално до врвот со Заев !!!
Колку криминалот и рекетот можеше да остане како тајна и лесен бизнис без да помислат на антиреакција и излегување на вистината на виделина па така цел свет јавно да увиди што се случува во Македонија ?
Народот Македонски од првиот ден јавно и тегобно изјавуваше како едвај чека да им го види крајот, спацијално односот јаничарски на Катица. Народот се нервираше и пиеше таблети за смирување очекувајќи дека некој можеби згрешил па ќе има правда нели. Само се увиде колку голема фарса се мерцедесот, милијардите на Грујо, лепени бомби од стилот шу праиш бе ... но најтрагично е бранители на устав и внукот на Ченто да влегуваат во затвор и тоа замислете како терористи а терористи што убија деца во име на вера, политика и идеологија се путшија на слобода, па драги мои Македонци тука е тој клучен момент и пресвртница.
Здравјето на Ченто, Игор, Чавков и другите невини Македонци ( се разбира и други националности ) не беше важно ни за Катица како коли беси кадија ниту за нивните газди.
Арно ама, животот да ти биде карма и се докажа дека тркалото се врти и тоа опасно. Праќаш во затвор, одиш во затвор. Сакаш да ја уништиш Македонија и да и смениш име - Македонија ќе те уништи и ќе ти го смени името и тебе како персона. Едвај чекаме да ја видиме судбината на сите а посебно на Заев и Димитров во пакет со Шеќерка. ТОГАШ НЕ ЗАБОРАВИТЕ НА ГОСПОД КОЈ СЕКОГАШ ПОСЛЕДЕН СЕ СМЕЕ. ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА ВЕЧНО СО ЗНАМЕТО ОД КУТЛЕШ. АМИН !!! |