|
|
Колку може да издржи еден Народ? |
Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек
Колку може да издржи еден Народ?
...или приказната со Кубурот?
Три децении сме во постојана потрага по сопствениот идентитет!
Кој се пронашол арно, кој бил стечаен управник уште поарно, ама за него...и би Приватизација!
Незаборавна во секој случај.Илјадници и илјадници семејства фрлени на маргините на општеството, а Тие, ,,плавата крв",управници, директори, претседатели, судии, кадии, професори, удбаши, се што е моќ и квалитет во живеењето!
И имало ,,комунизам"?А бре буљаши, па се расучи Народот и селаните, и дознаа што е ,,Комуна" а што длабоко фрижедери полни со долари!
Убаво се сеќавам на денот кога во Солзата на скршениот поглед на мојот татко, тогаш столб на фамилија си дојде од работа и ни кажа дека останал стечаен работник!?
Тоа е момент кој многу семејства ќе го преживуваат одново и одново иако половина од нив досега се изумрени а другата половина се или со мозочни инсулти или живуркат во страв!
Е тоа сте Вие, многуфалените Левичари т.н.,,комунисти".
И после триесет години пак истата приказна! Народ не научил, ги избрал или не, тие се тука пак да го допродадат и она што остана, од болници, здравство, се што може да оди на тендер!
Што е Диктатура а што Хунта?
Излегува политичар пред Избори и ви ветува дека Името нема да се промени?!
Името се менува.
Излегува другпат и ви ветува непромена на Устав?!
Уставот се менува.
Лага до лага, гаф до гаф, а зимскиот сон на малите мечиња трае ли трае...
Колку и да се задоени со радиоактивен материјал сепак вашите мозочиња служат барем за една животна симултанка, не мора повеќе...
Во обезличена држава со сменети банкноти, униформи, улици, табли барате националност и графа за постоење?
А што направивте да го спречите истото?
Гледавте на ТВ?
Хм...најголемите критичари останаа и најголеми кукавици!
Чекаш Датум за датум?
Рекет, изнуди, снимки, докази, психологија, обвинители, судии, логистика, лобирање и еден куп потрчковци!
А главата цела?
Чудни се божјите патишта!
Повеќе народна желба отколку ,,комунистичка теорија".
Во државава сите професионалци, галеби предадени а едно дело нема завршница, еден предмет не е реализиран онака како налага системот на правото.
И понатаму ќе продолжи девијацијата на работењето на власта.Тоа е веќе насока!
И натаму ќе ја гледате крвната слика на невини по затворските решетки и лукавата насмевка на замешателите по фотелјите.
Но, и ова ќе мине!
Ќе дојдат сончеви денови, ќе мине зимата и заледениот здив на камшикодршците ќе биде заменет со топла затворска наметка и чајче!
Дотогаш не ги заборавајте деструкциите и девијациите!
Секој кој се огрешил, ќе мора да поднесе фактура пред Бога и пред Народот!
Злото раѓа зло, а алчноста мора да се санкционира!
Па и Ние, обичните смртници а граѓани можеби дотогаш ќе најдеме компатибилна на нас, политичка глина и ќе замесиме тесто за наши Човечиња политики кои ќе не бранат, Нас а не Капиталот!? |