Среда, 02 Октомври 2019   
Македонија одсекогаш имала чесни и храбри синови да ја бранат

doom 1Македонска нација

Македонија одсекогаш имала чесни и храбри синови да ја бранат

МАКЕДОНИЈА ПОСТОЕЛА ПОСТОИ И ЌЕ ПОСТОИ САКАЛ НЕКОЈ ИЛИ НЕ!

Нашата мила и напатена МАКЕДОНИЈА во историјата поминала низ многу виулици и невремиња.

На територијата на Македонската земја поминале многу непријателски војски но никој неможел да ја покори МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, оставајќи ги своите коски на Македонската земја.

Непријателите на Македонија низ вековите на најразлични начини се обидувале да го покорат Македонскиот народ и со тоа да загосподарат со народот и земјата Македонска.Но Македонија одсекогаш имала чесни и храбри синови да ја бранат својата татковина и дедовина.

По распадот на Југословенската држава Македонскиот народ на рефередум излезе масовно и се определи за НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Но непријателите на Македонија веднаш се јавија со непризнавање кој од нив на Македоската црква, други пак на Македонскиот народ, некој други не го признаваат името Македонија.

Непријателите на нашата Македонија неможеќи да се помират со реалноста дека постоиме со сите карактеристики на една модерна држава  која гради модерно демократско општество со години наназад работат на разнебитување на нашата држава.

Нивните напори беа неуспешни до пред неколку години се додека не најдоа внатрешни подржувачи кој алчни за власт се уортачија со странски сили на моќта и извршија пуч, со тоа што не и дозволија на победничката патртија (ВМРО ДПМНЕ) да формира влада.

Со вршење на силен притисок однадвор во државните структури на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА на власт беа донесени партиите кои што ги изгубија изборите. Веднаш по доаѓањето на Марионетската влада на власт наместо правда и просперитет на својот народ и држава тие  својот мирољубив МАКЕДОНСКИ НАРОД го прогласија за теророристи и започнаа со приведување на невини луѓе.

А во суштина што беше крајната цел на ваквото сценарио?

Сценарото почнаа да го реализираат со штетниот договор со Бугарија за бришење на историјата во интерес на Бугарија, Двојазичност на целата територија на Македонија и прогласување на Албанскиот за втор службен јазик, и за крај преспанскиот договор за промена на името на државата а со тоа и идентитетот на народот во интерес на Грција.

Меѓутоа, криминогеното однесување на дел од преставниците на власта во земјата, Боки Тредичи, Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство, кое беше инсталирано од меѓународната заедница со цел дискредитација на преставниците на претходната власт и промена на името, ќе ја натера меѓународната заедница да преземат други чекори кои можат да бидат во иднина дури и брутални.

Сепак многу е чудно што досега по сите објавени скандали од аферата „Рекет“ нема оставки, ниту пак е распуштена Владата. Исто така многу е чудно што ништо не се говори за преставници на ДУИ во власта иако постојат индиции дека многу од нив длабоко се инволвирани во низа афери во земјата. Очигледно добро се заштитети како „бели мечки“  

Македонскиот народ очекува меѓународната заедница, која досега молчеше, да реагира и оваа ненародна власт која наводно бегајќи од режим се обиде да воспостави централизирана власт - тоталиризам (една личност да раководи со извршна, судска и законодавна власт, да ги има клучевите од благајната, како и да се обиде да ги замолкне медиумите), да биде заменета на предвремени парламентарни избори.

Со ваквите криминогени дејанија во земјата, луѓето како Боки Тредичи, Кичеец и Катица Јанева допринесоа кај младите да преовладува мислењето дека секаде животот е подобар отколку дома, дури и кога не е така.

Со доаѓањето на власт на Социјалдемократите и ДУИ, Македонија стана нефункционална држава. Се наметна еден стил на уцена, лажење, крадење, затварање и т.н.

Постарите Македонци кои можеа да се справат и да ги надминат проблемите полека го напуштаат овој свет. Сега светот останува на младите.

Ако младите Македонци сакаат да ја зачуваат оваа држава која постарите им ја оставиле во аманет, треба да ги засукаат ракавите и да направат нешто за своите идни генерации.

Прво треба да ја сменат оваа ненародна власт, да ја искоренат корупцијата која како рак рана го нагризува секое тело и потоа без да ја виткаат кичмата пред странците да создадат пристојна држава на македонскиот народ.  

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!  АМИН!

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.