|
|
Дали да се верува на трета политичка опција во Македонија? |
Александар Џеповски Дали да се верува на трета политичка опција во Македонија? Ова е прашање на кое треба брзо и храбро да се размисли. Лично и персонално сакам да го споделам моето размислување јавно и да биде мое, а не наредба и закон на кои мора да се поклоните. Од досегашните идеи, размислувања и планови кои сите таканаречени опции, партиички и нели разочарани од двете најголеми партии, една работа ми боде очи и не разбирам ... како сите овие „разочарани“ удираат по ВМРО-ДПМНЕ, предходно по Груевски а сега по Мицкоски, НО НИКАКО ПО ЗАЕВ И СДСМ ? Едно зборче да се немало за рекетарската влада која уште само што не почна да вади органи од телата на Македонците и да ги продава за пијанки и кафански лумперајки. Да бидам попрецизен, мене третата опција и сите демек разочарани поединци по Фајсбук и интернет ми се дефинирани како платеници на Заев и СДСМ. Уште потрагично е самиот факт што дури еве и да се навистина толку искрени и чесни, не гледаат дека му вршат голема услуга на Заев и СДСМ со намалување бројот на Македонци и Македонскиот интерес за кауза како сложни и обединети Македонци со свое ЈАС ? Оваа трагедија не е нова настаната, напротив вака било и пред 50, 100 па и повеќе години. Дали ќе остане така или ќе пресечеме на арно, ситуацијата е сега многу алармантна. Како и да е, трета опција (ако веќе се формира) мора да биде во склоп и безусловно со ВМРО ДПМНЕ а се друго е погреб на Македонија. После тоа, ако заедно и сложно се искорени Заев и СДСМ, може да збориме за разлики и препирки, но на високо и цивилизирано ниво, не на муртинско комуњарски начин. Дали третата опција што се кочопери многу по интернет е спремна за соработка и да подаде рака на Мајка Македонија или ќе стане орудие на Заев, СДСМ, Сорос и Масоните ?... нека одлучат машки и без многу калкулации. Господ ќе пресуди на крај. Господ да ја чува нашата единствена татковина Македонија! Амин!!! |