|
|
Македонија никогаш нема да добие датум и влез во ЕУ и НАТО |
Александар Џеповски Македонија никогаш нема да добие датум и влез во ЕУ и НАТО. Кој не мисли вака, тотално е во заблуда. Оваа игра топло ладно веќе дојде преку глава кај секој еден Македонец. Како дозволуваат политичарите да лажат народ и да се занесуваат со нешто што одамна се знае и се гледа од авион. Да смениш име а да не профитираш со голема економија и цврста гаранција за влез не само во ЕУ и НАТО, туку и на Месечина и на Марс и тоа како минимум, навистина ова е можно само кај муртинското имбицилче со намера да профитира спектакуларно во својот џеб. Оваа игра се тегне десетици години. Те Франција, те Германија па после Холандија и Данска за на крај ако се попишманат во игра да влезат традиционалните душмани и негатори, нашите добри соседи, спремни на се или ништо да не дозволат влез по никоја цена. Криминал на светско ниво, корупција насекаде и како капак на се рекетарска влада која едноставно рекетира се што ќе и дојде под рака ... прашање за 10 милиони евра - кои се будалите што веруваат и сонуваат дека има шасни и еден процент за влез дури и во клозет ? Најтрагично е што нема барем двојца паметни да видат дека ЕУ и НАТО се готови и пред распад а златна Евроазија на чело со Кина и Русија како водечки економски и војно стратегиски сили едноставно да се игнорираат и потценуваат ? Господ може да ти помогне еднаш, два пати, петпати ама ако го игнорираш и седиш пасивно на страна ... е тогаш знае и да крене раце од тебе. Изгледа знае што прави и да се надеваме дека се е под негова контрола. АМИН !!! |