Среда, 16 Октомври 2019   
Писание за Одата на страшливите јазици

Во среда со Гоце: Писание за Одата на страшливите јазици

Пишува: Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Ова мое писание би го започнал со една Ода на Македонскиот јазик, за нашиот белег, за нашето постоење:

“Не те бирав, ама би те избрал Меѓу сите јазици на светот Тебе, навидум мал, а голем јазик на исконот и на иконата Тебе, оти си жив доказ за преминот од митско кон поимско мислење Серијал од диви бракови со туѓи јазици кои во мираз ти оставиле траги и лузни (од санскритот до латинскиот, турскиот и англискиот)

Тебе, јазол од јазици, јаз полн тајни Тебе, сенка на сакралното, сениште на профаното

– остава на забранети јазици и гатанки

– засолниште на безобразни зборој и думи

– мрестилиште на суптилни значења

– преноќиште на клетви и благослови

– складиште на игрозборки и брзозборки Тебе те одбрав, јазик

– прајазик Јазик

– мајка и матрица Јазик

– постоење и постојбина Јазик

– битие и биднина

Во тебе ниеден одговор не е бесмислен

– И сè си има свое зошто и свое затоа

– И нема случајни глаголи и именки во твоето скровиште, под твојот покров

Во тебе и дождот добива виша смисла

Во тебе огнот не е само огон, ни агол

Во тебе се будам за да бидам верен на битието свесенза собитието, во чинот на суштествувањето

Во тебе епохите легнуваат како во гнездо Душите лебдат како мистериозни глуварки

Твој сум, и кога сум прогонета од твојот дом

И кога те дебнам во заседа, за да го најдам правиот израз, кога мантрам и кога бајам со мајчинска љубов

Од тебе вдахновена, живот ти вдахнувам Премногу ти се доближив за да те изгубам

Премногу те имав за да ми се измолкнеш како низ решето

Знаеш ти, знам и јас – смрт му се заканува на јазикот кој молчи

Како мутав, нем и запоставен

Оставен на милост и немилост на припростите и празнословците на мешетарите и политичарите на социјалните мрежи и порталите

Денес не се разликува сировото од суровото

Денес погрдното е смешно, стравичното – вообичаено секојдневие, опасно по живот

Дојде ред да станеш, и ти, жртвено јаре сведен на сликичка, на немушт знак

Ти, некогаш осветен, сега испоганет Некогаш во зенитот, сега на дното Некогаш слободен, сега заложен

Некогаш со име, сега со прекар јазику мој, јазику на светот никој не може да ти ја поништи твојата волшебна моќ твоето воскресение!”

Авторот е помалку важен, поважна е Содржината, Пораката, Идеалот..

Те испоганија блујачите на оган и дневните евтини политичари. Те продадоа на тезга како зеленчук на кило. Те исплукаа со метастазирани плунки… Веќе подолго време го изучувам скелетот и коските на Јазикот на јазиците, на основота за постоењето… Тебе не те избрав јас, но ти мене.

И ден-денес ги гледам живите икони на македонизмот како се претопуваат како треска на злато во алчност и мизерија на постоењето. Овие т.н. денешни политичари се срам на македонскотото. Малата големина со која тргуваат е всушност само оптичка илузија во очите на гласачите, само шема и ништо повеќе.

Суштина или егзистенција?

Кога тебе ќе ни те земат, ќе знам дека Војната е изгубена. Заробениот ум е секојдневие за лажливите профитери и бивши функционери и нивните тајни коалициони партнери – крадачите од власта…иста сорта! Мене ме мачи една дамнешна тајна, ме мачи мисла, неодговорено прашање: Уште ли говориме Македонски? Оти и друг јазик ќе ви измислат, полека само?! Можеби тогаш ќе разберете на кое дереџе сте стигнале, ќе ја видите суштината на солзите кои извираат од плунковите жлезди на јазикот!

Со вашата матрица на граѓански послушници наскоро ќе Говорите со Пресечен јазик?!

Или нема?

Продолжете да молчете, граѓани на отвореното опшеСво!

П. С. Барем кога молчете, молчете на МАКЕДОНСКИ?!

https://bregalnicki.mk/vo-sreda-so-goce-pisanie-za-odata-na-strashlivite-azici/

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.