Среда, 23 Октомври 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXXIII

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор на РМ

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXXIII

1.  Повеќе нема никакви непознаници: злото што се вика Зоран Заев, заедно со неговиот колаборационист Никола Димитров и целата политичка опција што стои зад нив, одат во историјата!?

На лидерската средба што ја свика Стево Пендаровски во неделата (20. октомври, 2019) во неговиот кабинет, партиите се договорија на 12 април идната година да се одржат вонредни парламентарни избори. Во духот на Пржинскиот договор што предвидува 100 дена преодна влада, Зоран Заев ќе мора да се повлече од функцијата претседател на Владата на РМ на 3 јануари 2020 и на негово место да се устоличи некој негов пајташ, најверојатно Оливер Спасовски или секретарот на СДС Љупчо Николовски!?

     Ваквата ситуација е испровоцирана од тешкото фијаско што го доживеа нашата земја на Самитот на ЕУ на ниво шефови на држави и влади на земјите членки одржан во Брисел на 18. октомври кога не ја доби толку многу посакуваната и со право очекувана покана за почеток на преговорите за полноправно членство.

     Веста за падот на владата на Зоран Заев предизвика изблик на радост и воодушевување особено кај членовите и симпатизерите на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, но и пошироко, т.е. кај сите што не ги прифажаат политиките, предавствата и понижувањата што ни ги приреди актуелнава од страна наметната, власт!

    Но, сметам дека не смее да преовлада еуфоријата, поучени од искуствата од неколкуте претходни изборни циклуси! Да не забораваме: Имаме работа со валкан и бескрупулозен тип - залутан во политиката (ЗЗ), кој не бира средства за да опстане на власт, подржан од неговите силни, надворешни фактори чиј експонент е тој! Впрочем, да не забораваме дека Зоран Заев не е "црпнат од нива", како што самиот кажуваше за себе, туку некој (!) од страна го устоличи на таа позиција за да одработи нешто што е од интерес и според сценариото на тие истите што го донесоа на власт.

     Предупредувам: сценариото на странците не е комплетирано (останува да се сработи уште пописот на населението и тоа според нивните проекции, а тоа е конкретно: бројот на албанците во Македонија да изнесува по секоја цена (!), а не реално колку што е, 30% од вкупното население!? Затоа не исклучувам повторно да се соочиме со веќе видени сцени на давање кеш пред џамиите, делење вреќи брашно, зејтин и слични нешта само за да се купуваат гласови за подршка на ненародната и слугантска антимакедонска опција на Зоран Заев.

2.  На Македонија во Брисел и пресуди лицето со Едипов комплекс кој моментално ја врши функцијата претседатал на Франција, а кој на моменти се занесува дека е втор Наполеон, а се вика Емауел Макрон. Упорното спротиставување на Макрон, наспроти заложбите на мнозинството членки на Унијата кои беа за почеток на преговорите со нашата земја, неминовно бара сериозна анализа! Макрон го образложуваше својот негаторски став со инсистирање за наводни реформи во самата Унија, но и во преговарачкиот процес со земји-кандидати за членство во истата!?

Според мене, станува збор за обично лицемерие на Макрон од некои други - нам непознати мотиви, да се спречи нешто да се случи, а што според сета логика и ставовите на останатите членки на Унијата требаше да се случи!

     Впрочем, како што добро констатираше одличниот познавач на приликите на Балканот, Карл Билт, не треба да се очекува Македонија да го достигне нивото на развој на Шведска, за да отпочне преговори за членство! Кристално јасно е дека тие преговори можат да траат со години, па и со децении (како што покажа праксата со некои земји, сега веќе членки на Унијата), што пред се зависи од реформите на земјата кандидат за членство, но најважно е преговорите сепак да почнат.

     Самозамислениот втор Наполеон дури даде изјава дека, замислете: кандидатките за членство Македонија и Албанија и неморало (!?) да бидат членки, туку "соседки" на Унијата, газејки при тоа на заветот на неговиот претходник и еден од титаните на XX-от век - генералот Де Гол (кому не може ни вода да му носи), кој со својот германски колега Конрад Аденауер, мотивирани од страотиите од Втората светска војна, ја промовираа идејата за обединета Европа од Атлантикот до Урал! 

     Не го кријам личниот впечаток и сомнеж дека Франција во суштина одработува за некоја друга земја членка на Унијата, а можеби и за неколку земји членки (треба ли и ние наместо благодарам да изговараме "мерси" и наместо лифт да изговараме "асансер", за да ги освоиме нејзините симпатии?)!? Или, на пример, во случајот со Грција: иако актуелниот грчки премиер Мицотакис изрази жалење (!?) за исходот од гласањето во типично византиски манир, да потсетам дека неговите министри отворено се закануваа дека "ќе го блокирале Скопје" во текот на преговорите и на тој начин ќе не приморале да се откажеме од се што носи назив "македонски". Таа улога, според мене, во случајов со блокадата во Брисел, ја превзеде на себе Франција, моќна земја, една од оснивачите на ЕУ и голем љубимец на Грција.

     Дали Франција ни е судбина со која по којнае кој пат се соочуваме и тоа сега, од кога наводно сме ги решиле проблемите со соседите? Тешко е да се каже, но неколку конкретни примери упатуваат на тоа.

Пример бр. 1. Авионската несреќа на 26. фебруари 2004. кај с. Ротимље близу Мостар, во која во мистериозни околности загинаа Претседателот Борис Трајковски со 11 членови на делегацијата и посадата на владиниот авион, ја предизвикаа  ф р а н ц у с к и  контролори на летање наведувајки го авионот на погрешна висина за да удри во ридот! Франција веднаш ги повлече контролорите и тие никогаш не беа сослушани за кобниот инцидент;

Пример бр. 2. На самитот на ЕУ што се одржа на 26-27 јуни 1992 во Лисабон францускиот претседател Митеран наметна донесување на резолуција со која категорички се бараше од Македонија да го промени името;.

Пример бр. 3: Франција беше една од главните фактори за поделбата на Македонија во Букурешт 1913та г. (Во текот на ноќта пред да се потпише договореното, на инсистирање на грчката делегација е извршена дополнителна интервенција во веќе "драфтираниот договор", но на штета на територијата на денешна Македонија: линијата за разграничување со Грција е повлечена дури 30 километри на север, што е во суштина актуелната граница помеѓу Република Македонија и Република Грција). Патем, француски геометри го вршеле и околчувањето на теренот на веќе на маса распарчената Македонија.

     А ние им ги чуваме гробовите на стотици и илјадници француски војници кои загинаа во војните на тлото на Македонија, но не за интересите на Македонија!!!

     Во заклучоците од последниот самит на ЕУ се наведува дека на прашањето на почеток на преговорите ќе се наврателе на самитот на ЕУ во мај идната година во Загреб. Останува да видиме каков став тогаш ќе застапува Емануел Макрон и дали за едвај седум месеци до тој настан ќе успее нешто да реформира во ставовите и политиките кај него дома и во  самата Унија!?

     Во меѓувреме стигна информација по агенциите дека Макрон, наводно, идниот месец ќе ги посетел Македонија и Албанија!? Станува збор за перење на грижата на совеста по силните критики и негативни реакции и осуди на мнозинството членки на ЕУ кои беа "за" давање датум за преговори, или...?

     АКО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МАКРОН САКА ДА МАНИФЕСТИРА ГЕСТ НА ДОБРА ВОЉА КОН МАКЕДОНИЈА, ТОГАЈ НЕКА СЕ ЗАЛОЖИ ЗА ОДВОЈУВАЊЕ НА НАШАТА ЗЕМЈА ОД ГРУПАТА СО АЛБАНИЈА БИДЕЈКИ ИСПАЃА ДЕКА ВО ГОЛЕМА МЕРКА НИЕ СМЕ КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ТАА ЗЕМЈА!!!

     Впрочем, евалуацијата на земјите-кандидати за членство во ЕУ на ИНДИВИДУАЛНО (by merits, not by words) ниво беше еден од основните принципи за нивна, валоризација, а не групно, како што ни е наметнато нам од за мене непознати причини, што сепак јасно се насетуваат!!!

     Поранешните империи, меѓу кои секако спаѓа и Франција, тешко ги менуваат политиките, но сепак треба да се работи - да се лобира за евентуално некои работи да се корегираат! Во случајопт со Франција мораме да ги анимираме нашите асови, како на пример: угледниот бизнисмен Кисковски, професорот и моќен издавач Јован Жан Павлески, но секако и драматургот и поранешен амбасадор на РМ во Париз Јордан Плевнеш кој, според мене е еден од најдобрите познавач на таа земја, со силни лични конекции со елитата на француското општество.

3.  Не можам а да не се навратам повторно на Зоран Заев, не само за сето зло што ни го нанесе за две и пол години колку што е на власт, туку и за неброените гафови што  секојдневно ги прави и не резили по светот! По фијаското во Брисел Заев се заложи за јака Европска Унија која ќе се спротивстави на САД (замислите), но и на Кина и на Русија!

     Посебен, би рекол антологиски гаф на Зоран Заев, беше неговиот настап (пред неколку месеци) во манастирскиот комплекс Вахау, на Дунав, комплекс на листата на УНЕСКО, најкатоличкиот центар во Австрија, кога говореше за "секси жени" заради што организаторите буквално му го грабнаа микрофонот од рака што е невиден резил!

4.  Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски заслужува двојна честитка! Прво, бидејки му обруси дирекно во лице на Стево Пендаровски на лидерската средба во неделата на 20. октомври, да се држи до областите што, според Уставот, се во негова надлежност (одбраната и надворешната политика) и второ, во контекст на претходното, да се иницира донесување на резолуција во македонското Собраније, како одговор на резолуцијата на бугарското Собрание, со која јасно ќе се стави на знаење на бугарската страна дека нивните барања (да се откажеме од македонското малцинство во Бугарија и да не се користи македонски јазик во ЕУ) се навредливи и тотално неприфатливи.

 5.  Очигледни се настојувањата на Стево Пендаровски да мудрува и да се прави многу паметен дури и за прашања и теми за кои не е компетентен! Како да му се заборави на Стево кога се пофали дека прва работа што ќе направи по "изборот" за претседател ќе биде да ги потпише неуставните закони што Претседателот Иванов одбиваше да ги потпише; или кога му се обрати на Бојко Борисов со : "Кај си љубави", a особено по неговата изјава дека "Гоце бил Бугарин, но работел за Македонија".

     Стево, не си дораснат за функцијата на која те наместија странците. Но јасно е дека таков профил ним им требаше за да ги извршува нивните заложби!?

6.  Поранешната европратеничка Маријана Петир од Хрватска е една од најактивните подржувачи на нашата земја која во секоја прилика јавно го осудува непринципиелното однесување на ЕУ кој нас.

     Да сме нормална земја со нормална дипломатија и надворешна политика најмалку што можеме да направиме е да и доделима во знак на благодарност и почит титула почесен конзул на РМ во Република Хрватска!

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.