|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXXVII |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор 1. Каква Цеца, каква Северина, зошто ни се? Ние си го имаме Стево Пендаровски! Бога ми, ваква возбуда во македонската јавност, особено во масмедиумите, одамна нема испровоцирано ниту една ѕвезда од поранешната Ју-естрада (за чии настапи нашите градоначалници со невидена леснотија фрлаат десетици илјади евра народни пари), како што тоа го направи неодамна Стево Пендаровски. А не му е прв пат! Во атмосфера на до сега недоживеана духовна и материјална /финансиска/ криза со која се соочуваме сите ние како генерација, и стари и млади, а заради која се помасовно е иселнувањето, особено на младите, "Таткото на нацијата" (во некои културни средини ваква метафора се употребува за шефот на државата) Стево Пендаровски, наместо да упати зборови за барем некаква надеж, настапи како лош(!) очув буквално упатувајки повик до оние граѓани со само(!?) 400 евра плата, да си заминат од земјата! "Да не бев претседател на Македонија и јас ке си заминев.... ", рече Стево на Регионалниот младински лидерски форум во Нови Сад, и остана жив. Свесни за непроценливата штета што си ја нанесе себеси и на институцијата претседател на државата, кабинетот на Стево побрза да дообјаснува со сопштенија дека тој не бил разбран!? Па ние сите говориме ист јазик и невозможно е да не се разбираме, нели!? Тоа што Стево мафта со рацете како сообраќаец и кога зборува изговара со космичка брзина не го прави попаматен одошто е па за да неможеме да го разбереме. Впрочем, ако не знае да се доискаже, заради што и наводно "не е разбран", тогаш нека носи со себе некој тумач кој вербално или со знаци и симболи ќе го дообјаснува него за да нема недоразбирања. А да прашам: каде би одел Стево ако не е претседател? Кој ќе го прими и што би работел? Денес во развиениот свет и самите тие имаат свои блебетала колку сакаш, но многу подобри од Стевота. Во развиениот запад од мали нозе младите учат ораторство како предмет со цел кога ќе дојдат на одредена возраст и позиција во општеството да знаат што сакаат да кажат и начинот како тоа да го кажат. Стево оваа дисциплина не ја знае, а не е лошо да ја поднаучи за да не не’ резили на меѓународни трибини каква што беше онаа во Нови Сад. Додека поднаучи и за да ја оправда претседателската плата и воедно да врши корисна улога и барем до некаде да влева позитивно расположение на сопствениот народ, предлагам организаторите на Пивофест, ракијади, пифтијади, пастрмајлијади и слични манифестации како ѕвезда на вечерта да го канат Стево. Ем нема да трошат пари за естрадни ѕвезди од страна, ем тој ќе ги расположи, со гаранција! 2. Од секогаш сум чуствувал одбивност кон поимот "консензус" и тоа пред се бидејки консензусот во суштина значи е д н о у м и е, а од едноумието и од "демократскиот централизам" имаме доволно искуство во претходниот систем (до пред воведот на плурализмот во Македонија 1991 година). Впрочем, и самите во постреферендумскиот период, бевме жртва на едноумието (консензусот) речиси три децении од осамостојувањето, пред се со две и пол-децениските блокади од Грција за членство во НАТО и сега, со најновата блокада од Франција за /не/добивање датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Конкретно, тоа што речиси сите членки на Алијансата на самитот на НАТО во Букурешт (2008) беа за прием на Македонија во полноправно членство, само заради немањето "амин" од Грција, т.е. немањето консензус, извисивме и останавме без покана. Истото ни го приреди и Емануел Макрон, кому атер на Франција подршка му дадоа Холандија и Данска, со недавање согласност за почеток на преговори за членство во ЕУ. Безбројни беа реакциите дома, а особено меѓу самите членки на ЕУ, а најнова е писмото на шест членки (Австрија, Италија, Словенија, Словачка, Полска и Чешка), што го упатија до Европската Комисија со барање за почеток на преговори за Македонија и Албанија во март 2020 година. Оваа иницијатива ја подржаа уште девет членки на ЕУ (Бугарија, Естонија, Грција, Унгарија, Ирска, Летонија, Литванија, Малта и Португалија. Значи 15 членки, од вкупно 28 со оваа иницијатива се "ЗА" определување конкретен датум за почеток на преговори (На самитот на ЕУ во октомври во Брисел "ЗА" беа 25 членки). Значи и во двата случаи мнозинството членки надвладеа над "скептиците" во ЕУ што практично значи дека би требало да преовлада нивниот став доколку се почитува основното правило во демократијата - мнозинството да одлучува!? За жал, реалноста е грда каква што е и во НАТО и во ЕУ правило на донесување одлуки е едноумието, т.е. консензусот, што не ретко се покажува како непремостива препрека за брзо и ефикасно реагирање, особено во кризни ситуации. 3. Повеќе електронски медиуми во земјата повторно ја актуелизираа темата за случувањата во кумановско "Диво насеље" (мај, 2015) со упадот на терористичката група од Косово и дводневните пушкарања во кои загинаа осум македонски специјалци, десет терористи и четири американски "инструктори" од базата Бондстил (податок што се крие од јавноста, забелешка МТр)! Во прилогот, според МИНА, меѓу останатото се истакнува дека: станува збор за преписка од американскиот Стејт департмент и американската амбасада во Македонија, во која се зборува за подготвеноста на Заев да предизвика и немири и насилство, само за да дојде на власт. Агенцијата МИНА во коментарот по повод кумановсите настани своевремено се повика на декласифицирана депеша што ја објави ВИКИЛИКС и констатира: Тepopистите од Дивo Насеље биле во комуникација со Заев, а биле пратени од Харадинај! Во неа, помеѓу останатото, се истакнува дека тepopистите неколку пати се сретнале со раководниот врв на СДСМ. Оваа шокантна вест е објавена од македонските медиуми, но веднаш, на барање на Заев и со помош на ЦИА, била отcтранета (На случувањата од пред четири години во Куманово на 12. ноември, 2019 потсети на 12ти ноември 2019 и порталот ИНФОМАКС)! За жал на Заев и на ЦИА објавената дипломатска депеша сепак не е избришана и некои портали, меѓу кои и mn.mk ја имаат меморирано и дел од таа депеша ја објавуваме и во оваа прилика, а во интерес на правилното информирање на македонската јавност и некои елементи, според МИНА, ги преобјавуваме и во овој прилог: Заев бил во комуникација со терористите и имал средби со нив во Приштина! ВИКИЛИКС ОБЈАВИ РАЗУЗНАВАЧКА „БОМБА“ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ: Заев бил во комуникација со терористите и имал средби со нив во Приштина! Викиликс, мрежата која веќе неколку години објавува разузнувачки извештаи, хакирани електронски пошти на светски лидери и политичари, пласираше разузнавачки извештај на Американската администрација дека структури на СДСМ биле во комуникација со терористите од Диво Насеље. Како што пренесува МИНА од извори во УБК, Зоран Заев практично ја признал соработката на СДСМ со терористичките групации од Косово кои влегоа во Диво Насеље, најавувајќи дека „Ќе има крв во мај ако Груевски не отстапи“! Колку за потсетување: терористите нападнаа на 10ти Мај, 2015, но беа спречени од полицијата да го спроведат нивниот првичен план за напад на поголеми јавни центри, плоштади, отворени пазари и полициски станици, како што планирале на 15ти Мај, што ќе резултираше со големи цивилни жртви. Во преписка помеѓу Стејт Департментот и Амбасадата на САД во Скопје, Викиликс ја објави следната комуникација што ја пренесува МИНА. Во депешата од Стејт департментот додаваат: „Оваа група е блиска до Харадинај во Косово, веќе има остварено комуникација со политичари во Скопје. Се сретнале најмалку два пати во Приштина. Членовите на овие радикали во Косово и Македонија комуницираат со политичкото движење (СДСМ) кои сакаат да ја соборат Владата“ се вели во документот објавен од Викиликс. Ден по инцидентот во Куманово, лидерот на СДСМ Зоран Заев наместо да ги посети ранетите полицајци, ги посети лицата со блиски врски до УЧК кои им помагале на терористите со логистика и информации за движењето на полицијата во реонот. Десната рака на Заев, Захир Бекири – Чауш кој е во затвор за производство на 35.000 лажни лични карти, имал сокриено 80 панцири во канцеларија на СДСМ наменети за терористите во Куманово, но никогаш не биле дистрибуирани до нив, имајќи во предвид дека полицијата имаше акција неколку дена пред терористичкиот напад, констатира МИНА. Освен политичка поддршка, терористите имаа и медиумска поддршка за време на терористичкиот напад. Истата беше координирана, а Македонската јавност може да се потсети на „извештаите“ на ТВ Телма и порталите кои известуваа дека тоа не биле терористи туку „цивили во пижами кои се бранеле од полицијата“! Ја потсетуваме македонската јавност дека mn.mk во десетина наврати во авторски колумни го повикуваше Јавното обвинителство да покрене истрага по допрен глас за евентуалната инволвираност на Зоран Заев и раководството на СДСМ во овие терористички случувања, но од кај нив немаше никаква реакција. Зачудува сознанието зошто опозицијата овие неспорни факти не ги користи во пропагандната војна против власта, особено сега, во контекст на престојните парламентарни избори??? Бидејќи, станува збор за терористички напад како што Македонија нема доживеано во скоро три децении независност, во кој напад осум (и со бројка: 8) припадници на специјалните единици на МВР беа убиени на подмолен и кукавички начин од уфрлените терористи! Чудно, навистина! |