|
|
ЕМИЛ СТОЈМЕНОВ ЈА ПОТЦЕНУВА САЊА ЛУКАРЕВСКА ИЛИ? |
Виктор Грозданов ЕМИЛ СТОЈМЕНОВ ЈА ПОТЦЕНУВА САЊА ЛУКАРЕВСКА ИЛИ? Почитуваниот Чичко Мане Јаковлески еден од најголемите патриоти на денешницата и основачи на ВМРО-ДПМНЕ ќе напише: -Секој човек е со своја мисла и со свое убедување. Но, вообичаено, многумина стануваат едно, кога ги обединува една моќна идеја, една моќна реалност, како Македонија, на пример Околу идејата за Македонија Чичко Мане треба да знае дека дефинитивно сме обединети. Нема отстапување. Минатава недела беше многу забавна од многу аспекти. Се случија настани кои се убави да ги коментираш, за да се види како моменталната власт го губи тлото под нозете. Настан 1. Нашиот неповторлив Претседател на дршавата РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, патем и врховен командант на Армијата на Република Македонија. Незнам дали нашиов Претседател на државата го користи неговиот сектор за односи за јавност кој не е баш за потценување (мислам на личностите во кабинетот новите и постоечките од претходниот претседател). Па зарем е возможно да се даваат изјави од следниов тип:
Настан 2. Почитуваниот Владо Апостолов на призма.мк како дел од истражувачкото новинарство напиша колумна со наслов “Грујовизијата чинела 26 милиони евра”. Одличен текст преку кој е директно злоупотребен новинарот во случајот и агенцијата каде пишува за да не биде сконцентриран на ЗАЕВИЗИЈАТА. Всушност во текстот нема ништо суштински, туку напротив информации со статистички податоци. Нoвинарот со овој текст прво не пука ни со ќорци туку како Миле Паника каде симулира пиштол со својата рака и вика. Пињау, пињау, пињау. Ама затоа сме ние тука опозиционерите кои се занимаваме со медиуми и да на почитуваниот Владо Апостолов му дадеме сугестии и докази за феноменално одиграната ЗАЕВИЗИЈА во стилот на една филозофија која ја измислиле Комуњарите, а тоа е: Љубов. За да имаат љубовници без пари. Почитуваниот новинар мора да разбере дека бизнисот се прави со пари, а не без пари. Кога нема пари има две убави изреки во нашиот македонски јазик, а тоа се: Еве неколку теми на кои ќе му сугерирам на Владо Апостолов, а се дел од шапшалски смислената ЗАЕВИЗИЈА, а он да размислува новинарски и истражувачки: Настан 3. Но зошто текстот на Владо Апостолов е многу битен за г-ѓата Директор на УЈП Сања Лукаревска и зошто се поставува прашањето дали Емил Стојменов ја потценува како личност и ја мисли дека е тиква без корен на која СДСМ ќе и нареди што да прави? Зошто информацијата која ја извади новинарот за рекламирањето на Владата на Никола Груевски во вредност од 8.5 милиони евра на Канал 5 е многу важна? Таа е од јавен карактер. Што значи дека сега мора сакала директорката или неќела да објави и други информации од јавен карактер на основ на следниве документ врзани со Емил Стојменов. За да не ме олајава Емчо Стојменов по Скопје дека му објавувам фалсификат документи кои ги имаат уште неколкумина еве му 5 фотографии: ТУКА СЛИКИТЕ редослед, договорот со метал сивас, па после нотарските од 2007, па после со Вања Гавриловски. Што ти е кога Централен Регистар е добро организиран и транспарентен. Значи си бараш движење на сопственост на Канал 5 и ги добиваш сите информации. Може било кој граѓанин на Македонија тоа да го направи. Сега почитуваната г-ѓа Сања Лукаревска е препорачливо да ги послуша следниве совети од човек со кого делела заедничко пријателство со една прекрасна личност која секогаш додека беше овоземски со нас за нејзе велеше: Многу е убава и многу е паметна. И затоа од почит намерно кратам делови на незгодни прашања. Затоа сања Лукаревска ќе мора да ми одговори на следниве прашања: Јас лично ја разбирам Сања Лукаревска дека потребата да се биде коректен на сопствената партија е голема. Ама почитуваната знае дека и јас и уште неколку знаеме дека ако продолжи да молчи се јавува друга институција која може да и наведе нанесување на штета на државата. Е тогаш само херојот од нашето детство, а нејзин татко ќе ја сака, а другите ќе и речат: Требаше на време да мисли? Ако мисли дека и се ситам на нејзината ситуација, многу се лаже. Затоа добро е да го консултира лицето Б.К. Ќе и објасни. На крај ја повикувам јавно Сања Лукаревска зошто и верувам дека е навистина колку што е убава толку е и многу паметна, да заедно ни одзвонуваат следниве зборови на Чичко Мане Јаковлески: Да создаваме, оти така се остваруваме како луѓе создадени од Бога, со добра мисла и благослов, заради нашите предци, за доброто на генерацијата денешна, но и за генерациите што следат. Вечна да е библиска Македонија! Амин! |