|
|
Театарот во Македонија продолжува |
Свекрва Театарот во Македонија продолжува СДСМ свесни дека ќе изгубат на следните предвремени парламентарни избори, по кое треба да одговараат за злосторството извршено врз македонскиот народ, кршење на Уставот, промена на името, идентитетот и македонската историја, како рекетот вршен преку поединци од СЈО, челниците на Социјалдемократите и ДУИ, преземаат низа мерки за да се спасат од прогонот на органите на власта. Се прават напори да не се одржат закажаните избори за април идната година и се сее страв од мултиетнички тензии. Поедини преставници на актуелната власт најавуваат за можно одложување на предвремените избори поради задоцнување на спроведувањето на процедура за ратификација на протоколот за членство на земјата од страна на Шпанија. Имено, тие велат дека неодговорно ќе биде државата да остане без парламент во случај на одложување на постапката. Сепак, тоа би било прекршување на договореното на лидерската средба овој предлог не им држи вода бидејќи македонските пратеници можат да го ратификуваат истиот пред да им заврши мандатот, односно пред да се распушти македонскиот и пред да го ратификува шпанскиот парламент. Освен желбата да се одложат предвремените избори, се прават напори да се избегне правдата. Па оттука заканите и за меѓуетнички тензии доколку не бидат избрани на следните избори или пак заштитени од словото на правдата. Исто така, постојат притисоци и врз уставните судии. Така на пример претседателот на државата Стево Пендаровски им порача на уставните судии кои гласаа за иницијативата за оценувањето на одлуката на претседателот Ѓорѓи Иванов за повлекување на аболицијата да се свестат навреме и да ја преиспитаат одлуката. Аболициран демек е против аболиција И додека претседателот на државата во враќањето во игра на амнестиите од Иванов во Уставниот суд, препознава удар врз демократијата, опозицијата пак, во неа препознава влијание на премиерот Зоран Заев. Имено тој си создава простор да биде амнестиран по поразот на изборите на пролет. Како показател дека Уставен постапува под влијание на власта се посочува одлуката за да на дневен ред се постави иницијативата за помилувањето, а не многу поважни иницијативи кои чекаат во фиоки. Ова со помилувањето мириса дека доаѓа фаза на крешчендо по кое на крај од „театарската престава за промена на името на државата и идентитетот на македонскиот народ“, ќе дојде до помилување на актерите. За своето актерство кое одвреме навреме се одвиваше во екстремни услови, некој дебело си наплати. Пример се сите од семејството на СЈО, каде секретарката како што велат, земала поголема плата од претседателот. Сепак за да си ја осигураат својата иднина, преставниците на власта не престануваат со своето додворување кон меѓународната заедница. И претседателот и премиерот и сите високи преставници на актуелната власт, кога го спомнуваат името на државата постојано го потенцираат името Северна Македонија. Во своите изјави од неколку реченици често пати и по десет пати повторуваат Северна. Тоа е нешто што не е природно и не може да го прифати увото на македонскиот народ. Претставниците на власта не престануваат со своето омаловажување кон сопствениот народ. И покрај што Македонците се мнозински народ, тие не говорат за постоење на македонски народ, туку се потенцира за „мултиетнички македонски народ“. Може да постои мултиетничко општество, но не и „мултиетнички македонски народ“. Додека земјата се презадолжува и поединци дебело се „офајдуваат“, театарот во Македонија продолжува. |