|
|
Хипокризија |
пишува: Светислав ВАСЕВДоколку не беше аболициран Зоран Заев, немаше да се случи ниту промената на името, ниту договорот со Бугарија, ниту ќе бевме сведоци на најкриминогената власт во независна Македонија, ќе ги немаше Рекет 1 и 2, Кеш, Вирус, Леонардо, Поткуп и ред други криминали. Едноставно Заев ќе ја имаше одслужено својата затворска казна, а на чело на СДСМ ќе беше човек кој немаше да биде спремен на се, само за гола власт. Токму затоа предлогот на Мицкоски мора да заживее. Нема друг поадекватен збор за наслов на колумна која ја сумира политичката активност на Зоран Заев овие денови, од Хипокризија. Политичар кој беше аболициран за криминал од 8 милиони евра, и е видео документиран како бара мито од 200.000 евра, случај за кој судот на шок на целата јавност го ослободи, сега бара укинување на аболицијата која ја даде Иванов на 50 – тина политичари, бизнисмени и останати јавни личности. Да, аболиција не треба да има. Ниту за тие 50 – тина на Иванов, ниту за некој друг кој се занимава со политика, но ниту пак некој кој до сега е аболициран не смее да се занимава со политика. Зоран Заев е политичар кој е опфатен и во аболицијата на Иванов, но и политичар кој веќе еднаш е аболициран, од страна на Црвенковски, во случајот ,, Глобал” . Заев тогаш не беше така бурен поборник против аболицијата, како што е денес, за разлика од денес, кога заради политички побуди глуми правдољубец, тогаш беше весел и со музика пречекан во Струмица по аболицијата, за криминал, за кој го чекаше неколку годишен затвор. Доколку не беше аболициран Зоран Заев, немаше да се случи ниту промената на името, ниту договорот со Бугарија, ниту ќе бевме сведоци на најкриминогената власт во независна Македонија, ќе ги немаше Рекет 1 и 2, Кеш, Вирус, Леонардо, Поткуп и ред други криминали. Едноставно Заев ќе беше во казнено поправна установа или ќе ја имаше отслужено својата затворска казна, а на чело на СДСМ ќе беше човек кој немаше да биде спремен на се, само за гола власт. Токму затоа предлогот на Мицкоски мора да заживее. Државата не може да биде управувана од страна на аболицирани криминалци и да очекуваме дека таа ќе биде водена домаќински. Така секогаш државата ќе биде ставана на втор план, на прв секогаш ќе им биде криминалот. Доколку Заев навистина е за европски вредности, доколку е за правда и правдина, ќе го прифати предлогот што го дадовме и ќе се повлече од политиката. Доколку остане во политиката тој само ќе го докаже насловот на оваа колумна, дека всушност се наоѓа во една состојба на хипокризија. |