Среда, 18 Декември 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XL
 Martin Trenevski
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
 
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XL
 
1. Зоран Заев (ЗЗ) не престанува да изненадува!? Викендов, на партиската трибина "На прав пат", речиси во транс, се изнавика во микрофон во полупразната сала во спортскиот центар "Борис Трајковски" повикувајќи ги УЈП, МВР  Финансиска полиција, Антикорупциската комисија и други надлежни институции да го испитале имотот на судиите и обвинителите, а Судскиот совет да  утврдел кој влијаел на судиите. При тоа, тој не пропушти да ја покани Европската комисија да почнела со мониторинг на судски поредмети од висок профил!
 
    Браво бре Зоране? Сега, откога судовите те ослободија од одговорност за криминалот што ти лично го стори во случајот "Глобал", како и во аферата "Поткуп", што имавме прилика да ја видиме сите ние на ТВ екраните, преку ноќ се преобрати во поштењачина и побара да се испита имотот на судиите и обвинителите!?
 
    Не дека споменатите од судско-обвинителската фела се невини срцки кои не земаат рушвет за да ослободат некого од вина, или да му ја намалат казната, но сепак во заложбата на Зоран Заев има сериозна фалинка! Имено, бидејки тој се занесува дека е голем, небаре светски, лидер (патем беше кандидиран и за Нобеловата награда, зарем не!?), ред беше нешто и да научи од вистинските светски лидери, а тоа е институцијата личен пример! Можеше, како пример, да го следи Доналд Трамп кој се откажа од платата од 400.000 долари годишно што му следи како претседател на САД и зема симболично само 1$.
 
     Но за да може некој да дава личен пример, треба (како што би рекол нашиот народ) да му е чист задникот! Па како може ЗЗ да зборува за проверка на имот на судии и обвинители пред да објасни  самиот: како тој и брат му Вицето од обични земјоделеци (барем така се претставуваа), да стекнат имот од над 100 (и со букви: сто) милиони евра за само три години!: А Зоране, како, како......?
 
     Би сакал да верувам дека токму институциите што ги повикува Заев (УЈП, МВР, Финансиската полиција, Антикорупциската комисија и други) следат и евидентираат какви се узурпации од позиција на власт се прават во оваа наша економски исцрпена Македонија и соодветно ќе реагираат за да неможат узурпаторите, по парламентарните избори на 12 април 2020, да се разбегаат со украденото, на пример дури до Аргентина, каде некои од нив веќе си обезбедиле прибежиште за спокојно да уживаат во пленот!?
 
2.   Во рамките на трендот на дефокусирање на јавноста од релните проблеми (криминал, корупција, сиромаштија, масовно иселување....) се промовира нов Закон за надворешни работи! Главна заложба   во тој документ е: 80% од идните амбасадори да биле "кариерни дипломати". И се ќе беше во ред со заложбата, доколку реалноста на терен, т.е. во МНР, за жал, не толку многу грда!  Повеќе пати имам пишувано на оваа тема и ќе го повторам мојот став и во оваа прилика. Имено, хартијата трпи се па и изнесените бајки во Законот за надворешни работи, но реалноста и во Министерството и во земјата е многу "специфична", да не речам многу грда. Живееме во етнички прилично "шаренолико" општество што неминовно изискува испраќање амбасадори и од етничките заедници; а од друга страна меѓународната позиција на земјата наметнува потреба таа да биде претставена од личности со широка култура какви што во МНР нема доволно. Па да земеме како пример последната одлука на владата која во одсуство на солидни кадри, праќа амбасадори лица кои прескокнуваат по неколку звања, некои биле инволввирани во кражби или злоупотреби додека биле во дипломатска мисија со пониски звања, или пак во несоодветни служби во самото МНР!?  Но битно е дека се на платниот список на министерството и, пате, дека се од народностите!?
 
      МНР и Владата во целина треба да се потрудат да обезбедат подобри услови за работа на дипломатите за што поуспешно претставување на земјата, за што е неопходно брзо и ефикасно реагирање на иницијативите на дипломатите кои се на терен, во мисија, а не тие да се препуштени сами на себе, да се снаоѓаат како што можат и умеат, што најчесто се случува.
 
     И уште нешто, МНР и владата мора конечно многу посериозно да ја сватат улогата на  п р о т о к о л о т, за да не се случуваат гафови со истакнување погрешни знамиња при пречек на високи гости и слични промашувања какви што се изнагледавме во годинава што изминува. Уверен сум дека секоја пријателска земја со која имаме дипломатски односи ќе прими наши дипломати на обука да научат што значи врвен протокол! Само некој (од МНР, се рабира) треба да побара таква услуга.
 
3.   Хистеричната антимакедонска кампања од Бугарија деновиве доби и квази "научна" подршка и тоа не од било кој, туку од нивната академија на науките, БАН!? Никакво изненадување, би рекол, бидејки од една страна таквиот негаторски однос кон нас и се што е македонско е константна политика на сите нивоа во бугарското општество, а од друга страна тешко им паѓа на источните соседи помислата дека таквата политика не поминува кај нас, во Македонија.
 
 
     Бугарска дволична и во византиски манир политика особено дојде до израз во октомври годинава кога се очекуваше конкретен датум за почеток на преговорите за членство, за што и званична Бугарија навидум даваше подршка што не ја добивме, но сега дознаваме дека истата таа Бугарија наводно силно лобирала тоа да не се случи бидејки не била задоволна од брзината на изнаоѓање решенија за спорните личности и настани од минатото!? Види Богати!? Во својот занес дека (незаслужено) постана членка на ЕУ сметаше дека веке сме на колена и ќе не побугарчуваат и ќе стават дефинитивен печат на сето македонско духовно и материјално богатство што ни го искрадоја низ вековите, наидоја на ѕид на одбивање од наша страна, што е за поздравување.
 
      На бугарскиот шовинизам пласиран од БАНУ, особено за прашањето за македонскиот јазик (што светски познатиот славист, академик Виктор Фридман од САД го нарекува јазичен империјализам!),  најенергично се спротивстави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој предложи донесување на резолуција во македонското Собрание за заштита на македонскиот јазик, но власта предводена од Зоран Заев упорно молчи правдајќи се дека наскоро ќе се сретнел со Бојко Борисов за да го убедува како се решаваат проблеми меѓу пријатели!(!?).
 
     Заев изгледа не е свесен дека тој лично е премногу одговорен за состојбите во македонско-бугарските односи бидејки потпиша некаков си Договор за пријателство со кој се зацементираат бугарските политики кон нас и на наша штета.
 
     Така е кога дилетанти донесени на власт од страна одлучуваат за вакви прашања од круцијална важност!
 
4.  Како ладен туш на власта уследи укажувањето на поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија Ервин Фуере дека е нереално да очекуваме датум за почеток на преговорите за членство во март годинава. Според него, такво нешто е невозможно да се случи на 26 или 27 март кога во Загреб ќе заседава Советот на ЕУ, поради вториот круг на локални избори во Франција што ќе се случат неколку дена пред тоа.
 
     За Фуере, веројатноста да добиеме конкретен датум може да е евентуално пореална по одржувањето на самитот Западен Балкан - ЕУ закажан за 6ти април 2020 Загреб.
 
 
 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.