Среда, 25 Декември 2019   
Патриотите се забранета категорија

Violeta PetkovskaВиолета Петковска

Патриотите се забранета категорија и за нив владее медиумска цензура и дискриминација веќе четврта година!

Во Цела Европа Уште Само Индоктринираните од Сорос МладоСеверџани “Веруваат” во ЕУ – Виолета Петковска!

Младина која верува во Еу иднина! Додека дома има одземено право на иднина, идентитет и постоење во својата држава со нејзино име јазик и посебност како народ! Ова се вика младина која нема сенс за својата припадност и безично го поддржува бришењето на својата татковина! Слушам пред малку на вести се собрале младите (северџани) на некаков семинар или што им беше…

За евроинтеграциите со наслов”Младите веруваат во Еу иднината”!! А, младите прво дома да се завртеа и да погледнат во каква држава им ја претвори нивниот избран премиер, ги избриша, не постојат.. Криминални банди шефуваат, рекетираат, ништо не градат, а рушат. Нивните родители преживуваат со плата која трае од први до петнаести! Млади кои пијат и се дрогираат.Бизнисот со марихуаната на црно им цвета! Во училиштата жолтица , во војската шуга! Баш фино, Еу обожуваат држави кои живеат како два века поназад од нив! Држава во која деца и млади умираат за лек додека во министерствата и СЈО се претураат од кркање лешници, бадеми, апетисани, морски плодови, месишта и за муслимани и за православни. “Ко воли нек изволи”.. Нема што нема! Епа, сега…

Што да прават они, деца што умираат за лек и од бодење! Они држава битно водат! Не дај Боже да ти затреба брза помош или ќе дојдат по еден час или умираат од чекање! Ама, затоа трошат пари по менување на табли на три јазика и преводи на стотици амандмани и документи! Сосема непотребно! За сапун и средства за хигиена во училиштата се штеди или вооошто нема. Болниците дувло на зараза и не хигиена! А, персоналот бега заради лоши услови и малите лични доходи!

Има ли на светов друга ваква држава за пример и младина која верува во Еу интеграции, а во нивната држава се пропаѓа и ништо не функциoнира. Ама им ги испрале мозоците нивните родители и ментори дека Еу ќе ги рани, НАТО ќе ги брани! Зошто да ве рани бре, кој ги рани европјаните, па, да чекате вас некој да ве рани и збогатува. А НАТО од кoго ќе ве брани?!. Кој ќе ве напаѓа?

Малку ли ви е државата заробена од тиранскиот апархејд од кого ќе мораме ние македонците да се ослободуваме сами и вас неосвестените северџани и себе си! Од домашните сме нападнати, од надвор нема кој да не напаѓа. Тоа е уште една шарена лага за вас алчните!

Толку ли ви е средена државата дома, па, да верувате дека сте и достојни на Еу. Нели го гледате ропството дома во кое живеете, па, верувате во Еу иднина?! Нели слушате за бодење на младите најмалку еден избоден од нож во месецот!

Денеска во близина на средното уметничко училиште,,Личеновски”во сред бел ден поставена била бомба во автомобил.. Луѓе поминуваат , деца, родители со бебиња итн.. Што можело да се случи страв ми е да помислам. Касапница, е тоа! Дали Еу почитува една држава во која нејзиниот премиер е прв рекетар. Виновник за корупцијата! Ги пушти сите криминалци на слобода и сега по улуците на Скопје е жив Тексас, престрелки меѓу банди или банди и полицајци! Аболуциран три пати!

Медиумски мрак каде медиумите му се послушници и известуваат само тој што ќе им дозволи! Тие што му опонираат и му вадат докази за криминали кривично ги гони, а македонците немаат никаков пристап до медиумите за своите настани кај што го креваат гласот против ропството во кое живеат! Патриотите се забранета категорија и за нив владее медиумска цензура и дискриминација веќе четврта година!

Дали се ова е во видокругот на вашето живеење и оска во која се вртите како изгубени германци, па, верувате во Еу иднината.А, дома се сопнувате на неправда , загаден воздух,одземени права, ропство и бришење, не ги гледате.. Така?? Ама, сте ја гледате Еу иднината!! Како кои ќе вкезете во Еу, безимени , без идентитет, истирија и име! Ова ли е вашата гордост и успех, да будете никој и ништо , ама, битно во Еу да сте биле!

Епа, драги мои млади верници со испрани мозоци, гледате ама ништо не сте виделе од носот потаму. Кога не сте виделе каква ви е дома вашата иднина, ништо не сте виделе. Со младина како вас кои не си ја сакате државата, не се почитувате кои сте и од кога сте, без сенс за припадност и патриотизам, никој не ги сака, ниту на пазар пипер да им продаде, а не во Еу да ги интегрира меѓу младина која е горда на своето и својата држава и што и парира и на Еу и на светот!

https://kolozeg.info/2019/12/21/

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.