Среда, 01 Јануари 2020   
e-mail комуникација со АА поттикната од д-р Груевски

nikola 1

e-mail  комуникација со АА поттикната од д-р Груевски

На 26 декември  2019 година, Мирко Трпески напиша:

Вчера на Yahoo беше објавен текст во кој Руди Џулијани, советникот на Трамп, го напаѓа Сорош како, едноставно, нечовек, како неевреин кој не влегува во синагоги, како човек кој преку сега разрешената амбасадорка Јовановиќ, влијаел на Украина и на односите на САД со оваа земја. Ова за нас како Македонија може да биде од исклучителна важност, особено сега, пред изборите, ако САД фрлат малку поглед и кон нас. Некој треба да им укаже на активностите на Сорош во текот на Шарената револуција, по изборот на (не)Владата на Заев и по истекувањето на значителни суми на пари од Македонија кон Сорош. За ова последново да се докаже, оваа (не)Влада треба да падне и новата да го испита работењето последните три години, односно да се утврди каде се изгубија барем три милијарди долари, кои во претходните години биле инвестирани, а овие три години се прибирани, а не се гледа нивното искористување.

Мирко Трпески

На 26 декември 2019 година, АА напиша:

Едвај чекам да падне оваа (не)влада.

АА

На 26  декември 2019 година, Мирко Трпески напиша:

Дали сакаш да се натпреваруваме кој повеќе чека да падне оваа (не)влада?

1. Да Те потсетам, имам работено и на проектот за компјутеризација на сите работни места во органите на државата - во Скопје и во општините. По тој основ сум го проучувал функционирањето на државната управа и многу работи ми се познати, вклучувајќи ги и приходите и расходите на државата и општините.

Ние бевме неколкумина, во позадина, кои се обидувавме да воведеме новини во функционирањето на државата, особено по осамостојувањето на Македонија од Југославија. Но, добро ми се познати методите на саботирање на воведувањето на новини во оваа област. Е, тогаш се појави Никола Груевски и воведе мнооогу работи што тогашните социјалдемократци саботираа. Оттогаш јас чувствувам голема почит кон тој човек. Овие сега само ги продолжија кражбите и саботирањата од времето пред Груевски. Едвам чекам да паднат па следната влада да испита каде отидоа барем милијарда ипол Евра за овие три години!!!

2. На еден познат човек му го испратив следново: ако Бугарите велат дека Македонскиот јазик е Бугарски, пишуван на Српска машина за пишување, тогаш Бугарскиот јазик е Руски, пишуван на Македонска машина за пишување :)) . Тие впрочем се дојдени оттаму!!! Ми го одобри.

Мирко Трпески

На 30 декември 2019 година, АА напиша:

Јас  го ценам Груевски затоа што спроведе денационализација, трансформација на СОК, воведе фискализација, отвори бесцарински зони и донесе фабрики во РМ, го дотера Катастарот, купи автобуси  за Скопје, воведе бесплатен превоз за пензионери, линеарно ги зголеми пензиите за сите, го дотера Скопје со Скопје-2014..., само за жал, голем дел од народот не го сфаќа  или од негативната пропаганда не го согледува тоа.....

АА

На 1.1.2020 година, Мирко Трпески напиша:

Оваа Твоја e-mail ќе ја чувам бидејќи на едно место, сублимирано, ги имаш наведено сите глобални работи што ГРУЕВСКИ ги спроведе. Можеби треба да се дополни со потставки, како приспособувањето на правниот систем на земјата кон правниот систем на Европската Унија, воведувањето на Академија за судии и обвинители и задолжителност на знаење на странски јазик и минимум просек од студиите, воведување на информатика во правосудниот систем, изградба на судски згради, внесувањето на западни стандарди во образованието, прибирањето на приходите на државата како поддел од фискализацијата што ја спомнуваш (кога тој “го прими“ Буџетот на Републиката-државата, тој изнесуваше 700 милиони Евра - 1,4 милијарди Марки годишно - во услови на двапати подобро стопанство отколку по неговото предавање, а го предаде со околу 3,5 милијарди Евра годишно; тоа се триипол илјади милиони Евра годишно; истото се однесува и на буџетите на општините, а за посиромашните општини обезбеди солидни субвенции). Човек да се праша каде оделе, односно кој ги земал парите што се разлика помеѓу 700 милиони и три и пол милијарди Евра-триипол илјади милиони Евра - годишно? Дали тие што си ги земале овие народни пари не можат да му простат за ова? Да не се заборават субвенциите за земјоделието.

Рангирањето на Македонија од страна на меѓународните финансиски институции и од агенциите за рангирање-рејтинг, според кои Македонија честопати беше подобро рангирана и од многу западни, високоразвиени земји, се случуваше во времето на Груевски. Сево ова претставуваше основ за привлекување на странски директни инвестиции. Верувам дека ова на Груевски не можат да му го простат многу државјани на високоразвиени западни земји, кои веројатно се чувствуваат донекаде понижени и надминати од човек кој водеше една така мала земја за кој некој можеби и не знаел.

Никако не смеат да се заборават стапките на растеж на бруто-домашниот производ од над 4,5 проценти што се постигаа, дури и во време на светска, или барем Европска рецесија, кога со мерките на Груевски и тимот што го следеше, овие стапки се постигнуваа тогаш кога другите земји постигнуваа стапки од околу нула или под нула (еден процент се сметаше за голем успех!!!). Овие стапки на растеж тој ги постигна со задржување на стапките на инфлација околу еден процент.

Тој и неговиот тим паметно ја воведоа и акцијата “Да купуваме Македонски производи“, со која прометот на овие производи се покачи за околу 6%.

Износот на девизните резерви при преземањето на власта од негова страна беше барем за половина помал, стапката на задолженост, особено на ниво на држава - дома и во странство не беше висока како што е сега и, ако овие останат на власт, и понатаму ќе расте, доспеаните обврски државата редовно ги намируваше (употребив Српски збор!), а имаше и периоди кога задолжувањата кон странство дури и се намалуваа.

Земјоделието и тогаш имаше одредени проблеми со пласманот на производите, но не вака како сега - да нема пласман за цело производство и тоа не само за една култура, туку речиси за сите!!! Тогаш се направија доста подобрувања во рамките на испекциските функции со набавка на опрема за инспекциска контрола на производите, со набавка на возила и друга опрема ...

Во однос на Скопје 2014, на Груевски нема никогаш да му го заборават тие што на органите на управата им изнајмуваа деловен простор - по 7 евра за квадрат - месечно. Тоа се огромни расходи за Буџетот, а огромни приходи што со Скопје 2014 им секнаа затоа што се направија канцелариски објекти за кои државата сега не мора никому да плаќа. Не треба да се заборават и спортските сали во училиштата и во одделни општини низ земјата.

Никако не ми влегува во глава како еден единствен пензионер можел да гласа против Груевски (и неговата партија) кога со мерките во пензискиот систем, на огромен дел од нив им обезбеди доста пристојни услови за живот - точно со линеарното зголемување на пензиите. При ова треба да се води сметка дека покачувањата беа над износите и проценти што ги предвидуваше законот.

Кај пензионерите и воопшто, здравјето на населението, треба да се наведат подобрувањата што се спроведоа во здравствениот систем со набавка на опрема, воведување на системот “Мој термин“ (за кој, замисли, најмногу ни’ завидуваат АНГЛИЧАНИТЕ!!!), испраќањето на лекари и здравствен персонал на усовршување во странство, набавката на возила и опрема за брза помош, вложувањата во здравствените објекти, преземањето на Воена болница и нејзиното ставање во функција и на “цивилното“ здравство

Во однос на бесцаринските зони, работа што никој не ја истакнува, а е од гооолема важност, е внесувањето во Македонија на нова технологија за производство, но и на организација на работењето, што подразбира внесување на нови и современи знаења и искуства. Со такви нови знања и искуства се отвораат можности тие што ги стекнале да отворат свој деловен потфат, таканаречен “бизнис :)), - врз современи основи, а не само во нискотехнолошки области.

Воведувањето на четврта генерација на Интернет и поврзувањето со странство, воведувањето на берза на вредносни хартии, воведувањето на кабелска телевизија и дигитална телефонија, преводот на 1.000 стручни книги-учебници - по избор на универзитетски професори, замената на возниот парк за патнички возила - од Југовци и Фиќовци со понови - сево ова е со идеи и активни мерки за поттикнување точно на Груевски и партијата на власт - ВМРО-ДПМНЕ.

Едно подобрување што никој не го спомнува е и замената на возниот парк на товарните возила во земјата како основ за економски развој. Ние што паметиме што се’ “се влечеше“ по нашите патишта пред Груевски, можеме да зборуваме за квалитетот на возниот парк - тогаш и сега. Во времето, полош возен парк на товарни возила имаше само Бугарија.

Останаа доста, да не речам многу, објекти започнати од негово време, што сега се оставени на забот на времето - на пропаѓање, а притоа сега никому око да не му трепне!!! Или, ваквиот пристап кон овие објекти претставува само продолжување на практиката на социјалдемократците со оставање на објектите на пругата кон Бугарија да ги јаде времето? Бидејќи тие објекти не се завршија, никој, за жал, не му ги брои како плус на Груевски. Колку ли време, пари и труд ќе и’ бидат потребни на новата власт овие објекти, пред се’, да се спасат од пропаѓањето, а потоа и да се доизградат и да се стават во функција?

Приватизацијата на градежното земјиште под објектите, што на сопствениците им овозможува да тргуваат и со земјиштето, но и со објектите на него, започна да се спроведува точно во времето на Груевски. За тие што знаат во каква состојба беше Катастарот на државата и каква е сега, ќе знаат колкав и каков придонес во оваа област дале Груевски и неговата партија, односно коалиција.

Квалитетот на статистичкиот систем на земјата - порано и сега, претставува основ за сомневање во реалноста и индикативноста на статистичките податоци објавувани тогаш и сега. И покрај тоа, на статистичките податоци и извештаи тогаш можеше повеќе да им се верува отколку сега, а не, како сега, истите да раѓаат сомневање дека голем дел од нив се вештачки надувувани и надувани и логички неусогласени (на пример, односот помеѓу просечната плата и бруто-домашниот производ и воопшто, стапките на растеж на бруто-домашниот производ, нивото на просечната плата, просечните плати по години, стапките на невработеност и на вработеност и многу други лажно прикажани податоци, па државата не може да води доста политики што се во нејзин домен). Оваа (не)влада треба да падне па новата влада да ги преиспита сите досега објавувани статистички и други податоци, да ги преобјави и на меѓународните институции да им се извини.  Тогаш Државниот завод за статистика треба да се воведе во вистинска функција, како во времето на Груевски, а не во функција на  ...

Сега, како што овие лажат за многу нешта, лажат и дека стапката на инфлација е ниска. Како прилог и пример за ова, погледај што се’ поскапе, што се’ се продава по повисоки цени. Зарем за зголемување на стапката на инфлација сега, на пример, не придонесуваат и провизиите при плаќање на сметки кај банките и кај Поштата? Такви провизии граѓаните на плаќаа – до оваа (не)влада!!!

Во времето на Груевски се водеше сметка за постоење на баланс помеѓу минималната плата и износот на социјалната помош, но како дел од економската политика на земјата. Со ваквиот баланс се обезбедуваат кадри за стопанството што нема да бидат незаинтересирани за работа, поради тоа што е поприфатливо да се седи дома со социјалната помош отколку да се оди на работа за разликата од две-три илјади денари помеѓу платата што ќе се постигне и социјалната помош.

Воведувањето на компјутери во училиштата и придонес во “компјутерското описменување“, особено на младите од времето на Груевски: сега го напаѓаат нашиот образовен систем, вклучувајќи го и делот од тој систем што се усовршуваше во времето на Груевски, при што беа вклучувани и образовни содржини од западните земји, а Германија сега јавно ги повикува младите од Балкан, значи и од Македонија, да дојдат и да работат таму. Па, зарем ако нашиот образовен систем создава неквалитетни кадри, таквите кадри ќе беа добродојдени во една Германија??? Тие кадри, создавани во времето на Груевски, сега стасуваат да се појават на пазарот на труд и Германија ги цени!!!

Зарем сево ова наведено овде ќе можеше да се случи ако не беше проследено со вложувања во квалитетите на вработените во органите на управата - кои го влечеа овој огромен товар и кои морале да имаат бројни непроспиени ноќи, меѓу другото, и за одлуките кои сами морале да ги донесат. Сериозно прашање е што прават тие кадри сега кога ништо (или многу малку) не се гради, кога ништо не се усовршува, дали тие се турнати некаде настрана, во некоја канцеларија покрај WC, а на нивно место се донесени-насадени “шарени“, без соодвени кавалификации и искуство и знења? Колкумина од нив работата ја работеле не како членови на владеачката партија и коалиција, ами како стручњаци во својата област, во нив е вложувано, а сега неоправдано им се удира печат на партиски кадри - само за да можат наместо нив да се донесат “шарени“ (во Македонскиот јазик се знае што се подразбира под зборот “шарена“). Покрај овие непартиски, а стручни кадри, треба да се спомнат и партиски кадри на тогаш владејачката партија и коалиција, кои исто така, заедно со Груевски, се вградувале и се вградиле во се’ што е постигнато. Дел од нив настрадаа последниве години, а за нивното настрадување придонес има и Специлајното јавно обвинителство (очигледно си докажа дека било специлајно).

Дали некој се сеќава дека во еден период Груевски беше економски советник на Владата на Србија? Дали некој знае дека од Македонија во Србија беа испратени наши врвни специјалисти за даноци и компјутери кои на оваа наша соседна земја им ги отвораа вратите за нешто што кај нас беше далеку понапреднато?

Дали некој се сеќава дека Груевски и д-р Шмуел Вакнин (Сем Вакнин) први започнаа воведување на современа економска мисла во Македонија? Еве, вака беше: најпрвин овие двајца објавија серија написи-економски анализи во весникот “Нова Македонија“, а потоа заедно објавија и книга на иста тема. А темата беше од областа на современите финансии и современите методи во економијата. Дотогаш, економската мисла беше на ниво на социјалистичката мисла, со социјалистичка економска терминологија, како што впрочем беше и до останатите држави што произлегоа од поранешна Југославија. Од тоа време па натаму, беа потребни неколку години за во домашната економска мисла да се појават за нас новите пристапи, па и дисциплини.

Значи, на сега Докторот по економски науки Никола Груевски - во врвна област на економијата - не можат и не смеат да му се заборават овие постигнувања, пред се’ на нашата земја.

Мирко Трпески

П.С.

1. По се’ што ни’ се случи последниве три години, луѓето сфаќаат дека д-р Груевски бил и многу храбар. Ги издржал сите притисоци од нашите надворешни и внатрешни “пријатели“ за се’ што јавно знаеме, како името, идентиттот, јазикот, итн. Како ли му било и во времето на “шарените“?

2. Велат дека избегал. Поверојатно е дека спасувал глава. А таа глава ќе и’ биде потребна токму на оваа негова и наша земја - ако некој сака во иднина да ја користи.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.