|
|
Гоце Марков: За Македонија и Македонците |
Самосвесноста на овој настрадан Народ е фономен кој опстојува со векови. Поминал и турско, српско и бугарско, германско, грчко и секакво влијание и репресалии… но опстојал. Секогаш внатрешно угнетуван од своите, најблиските, продадени за грст жолти жолтици како пролив наутро и жолтица, секогаш на страна на окупаторот овие помагачите биле вистинските владетели и уништувачи на македонизмот. Така е и сега, така е и денес… Нема да штедам нимој и нема да бидам умерен како досега. Македонија е држава која секојдневно се раздржавува од ваквите имбецили од човечки форми. Продавачи на магла и ветер не подучуваат секојдневно камуфлирани во локални шерифи, маалски насилници, политички палјачовци и марионетки во рацете на малку попаметните од нив, им шефови. Ова е време кога добро ќе ви дојде една мисла на Анте Поповски изјавено во едно друго време а денес актуелна како вчера и утре: ,,… во помодерната историја на Македонија, нашиот народ никогаш не се чувствувал толку споделен, толку беспомошен и понижен, никогаш не живеел во толку големи неизвесности сврзани со неговата животна и севкупна егзистенција-како што е тоа денес“. …„Со години човекот тука одвај врзува крај со крај. Неговата социјална ситуација се понагласено се влошува. Илјади и илјади млади и едуцирани се принудени да ја напуштат својата татковина и да побараат заштита на својот гол живот , талкајќи по светот понижени и обезличени. Така и процентот на автохтоното македонско население рапидно се намалува и се разнебитува нашето, ионака разнебитено, македонско национално ткиво. Поради сето ова нашата социјална ситуација денес е во најкритична црвена зона, со сиот малигнитет на феномените на еден исклучително опасен социјален и социолошки комплекс. Она што се превидува при сево ова е дека не се прави елементарна разлика меѓу историската зрелост и толерантност на еден народ и биологијата на стомакот кој разнесува и живи луѓе. Како и се друго и сиромаштијата има свои граници: таа не поднесува бесконечни инфантилни паради на нејзините министри позајмени од најбаналниот пропаганден фолклор. Време е кога овој народ излегува од бунило и кога мора самиот да им стави крај на сите злоупотреби кои, буквално, ја разнебитија и неговата држава и неговата национална чест. Кој, нормален, може да го поднесе цинизмот да ја држи главата горе и да очекува ваква Македонија, опустошена и ограбена, да му – помогне? Доколку, воопшто нешто е неопходно, тоа е час кога секој треба да даде се од себеси – за да и помогне на својата татковина која стенка во неправди и зла!” Запамете, ако нечесните и лакоми политичари останат недопрени од Народот и Судската правда тешко Македонија да си го најде правиот крив пат кон Европа. Засекогаш ќе си останеме комшии на континентот и организациите во кои по дифолт и од раѓање генетски припаѓаме. Додека за извршените бесчестија и антиуставни и антизаконски промени на мали партиски групи торбари урдари останеме Неми и Глуви, казната од Бога е Наша само! Јас лично, нема да бидам нем и глув, а Македонија е се што имаме и наша обврска е Думата и Мислата ама онака чиста како солза и нерасипана со тендери. Се друго не признавам! Поповски продолжува,, …Македонија се движи по црвена линија: или ќе се обединиме за да ја спасиме – или ќе се разделиме и со себеси .Во таков случај, никому веќе и никакви прислушувања и разговори нема да му бидат нужни… ..Порди сето ова, сосема е точно дека Македонија е поставена во нова политичка орбита и сигурно е, без сопствено , автентично македонско гледиште, без сопствена политичка филозофија и стратегија дека Македонија не ќе може да функционира како независна држава. Особено не, доколку се потпира и натаму на сегашната политичка филозофија на постојани конфликти и разг радувања. На Македонија и е потребен лидер со далековида политичка филозофија, со смисла да ги обедини интересите на сите. Не треба да замижиме пред фактот дека во Македонија е остварена политичка поделба според етничка припадност, а таа ситуација е најблиска и до територијална поделба. …Евидентно е отсуство на елементарен политички концепт, недостиг на државничка традиција, секој министер што доаѓа а не продолжува таму каде што е застанато на проектот, кој и пред тоа постоел туку се почнува од него… Македонија нема изградено своја доктрина , своја стратегија, свое лоби. Нема сублимирани ставови нема варијанти. На нашава емиграција, во име на Македонија и се наметнуваат парадоксални и највулгарни фолклорни теми кои треба да ги разрешува. Таа се занимава со попски лакрдии, наместо со кардинални прашања од егзостенцијата на Македонија.” Јас би надополнил: На Македонија насушно и недостига како кислород, еден Систем, нов вредносен востановен на критериуми кои ќе мора да се почитуваат. Само така, со таа нова Матрица ќе бидеме позитивен пример на Балкански матрикс и секој кој ќе влезе и остане ќе се исскали и протече како солиден кадар на социјалниот дискурс. Се друго ќе биде нус продукт, мешавина и нестандардни хемии на битови лаги. Нов систем! Пишува: Гоце Марков Kолумнист Македонец и Човек https://bregalnicki.mk/goce-markov-za-makedoni-a-i-makedoncite/ |