Среда, 22 Јануари 2020   
За или против сопственото здравје

VesnaВесна Атанасовска

За или против сопственото здравје - Закон за заштита од пушењето

Од 1 јануари 2010, стартуваше имплементацијата на Законот за заштита од пушењето со ригорозните казни за оние кои не го почитуваа законот, но, сега сме 2020 се враќаме назад, во затворени простории каде може да се пуши.

Пушењето во Македонија се рефлектира како социлаен феномен. Страста да се запали цигара најчесто е потикната од влијанието на стресни ситуации на македонските граѓани, но  важи и правилото дека кафето без цигара не се консумира, беше видливо како посетителите на кафулињаи и кафаните знаат да испушат цигара на отворено недалеку од објектот.

Законот за заштита од пушењето во угостителските објекти имаше вентилационо дејство- го исчисти воздухот.Задимените простории  го сменија изгледот- се дишеше воздух наместо чад. Но ова е Македонија, законот за пушењесе не врати назад пред  2010.

Овие што се стрмеа за ЕУ, и носат Закони  со евроспки знаменца, информирани се дека: 17 земји членки на ЕУ имаат донесени закони со кои се забранува пушењето на јавни места. Меѓу нив, Ирска, Велика Британија, Грција, Бугарија, Малта, Шпанија и Унгарија имаат најстроги одредби без чад со целосна забрана за пушење на затворени јавни места, на јавен превоз и на работни места.

Ние го вративме Законот  за пушење во затворени простории. Македонија е надвор од ова правило на унијата.

Според анализа на светската здраствена организација податоците говорат дека цигари консумираат над 1,1 милјарда луѓе во светот. Се нагласува и тоа дека до 2025 се смета дека бројот ќе порасне на 1,6 милијарди пушачи а, бројноста ќе се зголемува во земјите со низок и среден стандард додека во развиените земји ќе опаѓа.

Македонија е помеѓу првите држави според бројноста на пушачи. Статистиките говорат дека во Македонија пушат околу 700.000 луѓе.

Социолози и лекари потсетуваат дека пушењето е штетно по здравјето и дека создава висок процент на зависнот кај граѓаните. Медицински е докажано дека со чадот од цигара се внесуваат во организмот околу 4.000 штетни хемикалии од кои околу 60 се канцерогени.

Ако сакаме здрава нација, мора да се започне од некаде . Еднаш државата започна да се грижи за здравјето на своите граѓани со воведување на законот против пушење но веќе не е така,се откажа. Додека пак, од здраствените институции алармираат со постојано потенцирање на статистички податоци за бројот на лица кои што заболуваат од болести чиј фактор на предизвикување во голема мера е пушењето, како и воопшто сите негативни ефекти од оваа страст.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.