Среда, 22 Јануари 2020   
АНГЕЛОВСКИ: “Новите“ комунисти по вторпат ги убиваат Ченто и Македонците

КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: “Новите“ комунисти по вторпат ги убиваат Ченто и Македонците

Страшо АНГЕЛОВСКИ
 
Пред некаде половина година напишав текст со наслов “Комунизмот е мртов, а вие?“, текст инспириран од овој графит напишан на патот во Пиринска Македонија. Текст упатен до оние, сметав тогаш, комунисти романтичари, во чии глави уште единствено опстојува комунизмот.
За жал, она што се случува околу нас, покажува дека комунизмот на овие простори не само што не е мртов, туку се “повампирува“ во својата најужасна форма, се повампирува во својата посттроцкистичка, неокомунистичка форма на Четвртата Интернационала. Се повампирува под 80 години старата концепција на Лав Троцки за “црвениот терор“, или, “уништување на сите непријатели на револуцијата“. Се повампирува под неговото познато мото дека “беспоштедноста е највисока револуциска хуманост“. Се повампирува како вовед во ново едноумие во кое нема место за никој со поинаква размисла, а има неограничена омраза кон сите “што не се со нас“.
За што станува збор?
Пред десеттина дена, на социјалните мрежи осамна застрашувачка порака од претседателот на ХСС (Хрватска Селанска Странка), Крешо Гољак, инаку најверен коалициски партнер на Социјалдемократската партија во Хрватска, чиј кандидат Зоран Милановиќ, неодамна стана новиот претседател на Република Хрватска. Во пораката, Гољак жали што тогашната југословенска УДБА не ликвидирала уште многу, многу непријатели на бившојугословенските простори, а посебно во емиграцијата. Неколку дена подоцна, тој се извини, но горчливиот вкус на напишаното и грозоморниот звук на искажаното, остануваат во воздухот.
Неколку дена подоцна, на 14 јануари,во контактна емисија на националната телевизија ТВ 24, чиј водител е ЛГБТ активистот и еден од најактивните во таканаречената “шарена револуција“, Огнен Јанески, во живо се јави гледач, кој полн со омраза, посака уште стотина илјади Македонци да завршеле на Голи Оток, затоа што, според него, оние што денес, како вмровци, и пречат на актуелнава власт, биле потомци на луѓе како оние педесетмина, повторно според него, со право ликвидирани во Велес 1945-та. Порака е повеќе од јасна – доколку “клетите“ вмровци на време беа ликвидирани на Голи Оток, денес не ќе постоеја пречки за едноумно владеење на повампирените неокомунисти. За жал, водителот ниту реагираше на ваквото јавување, ниту спречи да биде искажано, ниту пак се огради од ваквата жестока омраза. Токму затоа и го споменувам со
име и презиме, него и телевизијата која ова го дозволи.
После ова, некако појасни стануваат изјавите на Зоран Заев од пред неколку години дека “ќе јаде живи луѓе“ и дека “ќе избрка од работа се,од чистачка до директор“, нормално, се што не може да се најде во неговиот троцкистички концепт за “црвениот терор“ и за “уништување на сите непријатели на револуцијата“, во случајов онаа “шарената“, се разбира.
После ова, појасно станува и мотото на оваа неокомунистичка структура која го киднапира СДСМ и ја задуши социјалдемократската идеја од скандинавски тип, идеја и идеологија која требаше да ја води левицата во државава, ја задуши со најтемните постулати на девијантниот комунизам. А мотото кое оваа структура го користи лажејќи го сопствениот народ “едно општество за сите“, е само бледа копија на комунистичкото “братство и единство“, кое применето заради задоволување на формата, односно поставување на функции и вработување според етнички клуч, а не заради задоволување на суштината, подобар живот за сите без разлика наетничката припадност, доведе до најкрвавите војни во Европа после Втората светска војна. За жал, и понуденото “едно општество за сите“, ја задоволува само формата, односно партиските активисти и нивните потреби, а не и потребите на граѓаните на Република Македонија, кои, се посиромашни, понезадоволни и поизмамени, на крајот, скраја да е, може да ги доживеат страдањата на животот после “братството и единството“.
После ова, станува сосема јасно зошто оваа неокомунистичка структура на привремена работа во СДСМ,толку жестоко се бори да го поништи Законот за лустрација, да ги заштити џелатите и по втор пат да го убие Ченто и сите Македонци неправедно и насилно ликвидирани, токму од нивните претходници.
Затоа, по којзнае кој пат, ќе повторам дека излегувањето од кризата во која Република Македонија се наоѓа после тригодишното владеење на “црвениот терор“, е можно само доколку вистинските социјалдемократи, оние со идеја и идеологија, ја повратат во свои раце киднапираната СДСМ. Ја извлечат од канџите на троцкистичката структура на Четвртата интернационала од 38-та од минатиот и, ја насочат по вистинската патека на социјалдемократијата на 21-от век.
Токму тие ќе треба целосно да се заземат за спроведување на лустрацијата и расчистување со соработниците на тајните служби, расчистување со односот на џелатите и жртвите, затоа што комунистичките злосторства извршени врз сопствениот народ, се вистински товар токму за СДСМ како наследник на некогашните КПМ и КПЈ.
Потоа, така прочистена од грдите сенки на минатото, СДСМ ќе стане вистински катализатор во процесите на национално помирување.
Поинаку, доколку оваа троцкистичка структура го задржи киднапираниот СДСМ, на секој начин ќе го подига нивото на омраза во овој предизборен период, бидејќи во недостиг на резултати, а уште помалку на нова понуда, омразата е единственото оружје што го поседува.
Во таков случај, после катастрофалниот пораз на изборите на 12 април, ваквиот СДСМ, потпрен на концепцијата на “црвениот терор“, ќе биде на чекор до распад како политичка партија. Во тој општ партиски хаос кој ќе настапи,повторно е можно зацврстување на мрачните, неокомунистички структури внатре во партијата, што ќе претставува дефинитивен пораз за социјалдемократијата во државава, а на штета токму на државата и на нејзините граѓани.
Вистинските социјалдемократи тоа не смеат да го дозволат – заради себе, заради партијата, заради државата.
 
(авторот е претседател на МААК)
 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.