|
|
Невенка да расчисти со медиумските бандити во администрацијата, а Геро со лустрацијата |
Автор: Виктор Грозданов Прв дел Каква прекрасна недела ни приреди медиумската групација создадена од терестријалните телевизии на национално ниво по бројка вкупно 5 (пет), наречена ММА. Донеле одлука дека нема да информираат за активностите на Владата на Македонија, најверојатно поради тоа што треба да плаќаат за фонограмски продуценти и класифицираа Министер кој нема никаква формално правна можност да им помогне, во редот на почитувачите на Јозеф Гебелс. Да имаа малку доблест ќе се консултираа со почитуваниот Тодор Пендаров како се протестира во Република Словенија како членка на ЕУ кога се загрозени правата на медиумите:
И сега да им објасниме на телевизиите во неколку точки што направија:
А, само требаше да ја исклучат целата програма и да објават телоп со кој на јавноста и го објаснуваат својот револт. Ама тоа е тоа. Всушност овој чекор ни покажа дека АВМУ е неспособно тело да ги заштити граѓаните, но и медиумите. А, дека СДСМ кога станува збор за медиумска политика на оваа држава се ЕЛЕМЕНТАРНО НЕПИСМЕНИ, да да, да повторам уште еднаш ЕЛЕМЕНТАРНО НЕПИСМЕНИ. А, само требаше да донесат закон со Бадентер, да склопат тело со 7 (седум) членови, од тие 2 (два) опозицијата да ги каже, ако се инаети опозицијата, со 5 (члена) се функционира. Во исто време во рамките правиш Комисија за загарантирана слобода на говор и правилно информирање од 5 (члена) кои ги предлагаат ЗНМ, МАН, МИМ, Факултет за Новинарство и СЕЕММ, а како надзор над нив Центар за развој на медиуми да дава мислење за регулативата. Тоа се вика институционализирање на НВО секторот. Но, се извинувам морам нешто да им предочам на Невенка и Геро. Втор Дел Што ми се допага кај Невенка? Има желба да заврши работа. Тоа е многу битен факт. Без тој неможеме да функционираме. Всушност најверојатно е кога го имаше првиот прес како дополнителен заменик министер овие другариве од СДСМ донеле заклучок како од Алан Форд стрипови: Невенка е една, а ние сите заедно сме сами. Да бегаме другари. Тоа е СДСМ. Но, што е дефиниција за медиумски бандит во администрација? Еве го одговорот во три примери (засега толку, иако имаа многу):
На почитуваната Невенка мора да и објаснам на крај дека медиумските бандити во администрацијата се на ниво кога се добиваше диплома за завршено средно образование во вечерни училишта со прашањата: Кој е претседател на Македонија? – Киро! А, Гане Тодоровски кој е? – Академик! Се гледа дека си учел. Трет Дел После аферата „Рекет“, која ја објави Бранко, можеш да донесеш заклучок дека да не постоеше ќе требаше да го измислиме. Сигурно не мислам на Црвенковски, туку на Геровски – Геро. Колку храброст треба да имаш да и’ кажеш на власт која има целосна поддршка што домашна и меѓународна, но и новинарска и да се спротиставиш самоиницијативно и да ги разобличиш. Моето поклонение за храброста. Но, со Геро во еден друг правец сме на различни агенди. Јас лично сакам сите кодоши да бидат објавени и да им се суди врз нивната чест и морал и за сите пари што ги украле и им ги пренеле на своите деца. Затоа го цитирам професорот Звонимир Јанкуловски: Само во Македонија џелатот може да биде и жртва, и спасител и просветител. И да биде амнестиран за злото што го креирал. Само Македонија е на пат да ги обештети „архитектите на злото“ кои се хранеа на несреќите на неистомислениците, стигматизирајќи ги и понижувајќи ги жртвите на една идеологија која беше основата на теророт, масовните кршења на човековите права и смртта на милиони луѓе во минатиот век. Дефинитивно низ постапките на оваа власт продолжуваме да го живееме нашиот историски егзодус. Геро вели поинаку. Он, мисли дека е злоупотребена и дека комисијата за лустрација работела под политичка команда. Јас ќе го разубедам. Објавувам писание кое немам идеја како да го направам, а не да го направам. Станува збор за како бил кодошен Драган Богдановски основач на ВМРО-ДПМНЕ во 1969 година, од татко на пратеник во нашето собрание кое е во прегратките на Зоран Заев. Томе Аџиев не лажеше кога вика дека кодошењето се движело по линија, дедо, татко, дете. Ова досие го објавувам во чест на Зоран Краљевски претседател на ГРОМ-Карпош кој му е внук на Драган Богдановски, а во исто време како што ветив на една личност во присуство на Мане Јаковлевски и неговиот зет Христијан, нема да објавам за кого станува збор. Ама ЈАВНО. Од уста на уста не важи зборот. Сакам Геро да ја прочита гнасотијата. Оваа личност се претставуваше како голем патриот. Автор: Виктор Грозданов |