|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 44 |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
Почитувани, по подолга пауза заради здравствени проблеми, еве ме повторно со вас, со мојата вообичаена неделна колумна "ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ". Молам за ваше разбирање! Борбата продолжува!!!
1. На 23ти јануари во Ерусалим се одржа Глобалниот форум посветен на антисемитизмот на којшто присуствуваа врвни претставници на педесетина земји, меѓу кои претседателот на Руската федерација Владимир Путин, потпретседателот на САД Мајк Пенс, претседателот на Франција Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, принцот Чарлс и ред други високодостојници. Арно ама, немаше никој да ја претстави Македонија!? Штета и жално за пропуштената прилика, бидејки ние имаме навистина што да кажеме на оваа тема.
Ликвидацијата на 7.180 македонски Евреи во Втората светска е злостор - дело на бугарскиот фашистички окупатор, за којшто мораме постојано да ја потсетувама меѓународната јавност! Тоа е наша обврска бидејки станува збор за ликидација на наши пријатели, соседи, сограѓани!!!
Денес официјална Софија негира дека била окупатор на две третини македонска територија, па тој став дури го наметнува и на државно ниво, но фактите, т.е. оригиналните документи што на среќа ние ги поседуваме, го говорат токму спротивното. Но за чудо, бугарската министерка Захариева за прв пат призна дека Бугарија сепак дирекно учествувала во холокаустот со изјавата:"Бугарија управуваше со регионот од кој 11.000 Евреи од Тракија и Македонија беа испратени во логорите на смртта". (Забелешка: Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред неколку години сред Скопје, ова што го изјави Захариева го нарече "пропаганда"!?
Во оваа прилика едно дирекно прашање уатено до Неговата Екселенција Стево Пендаровски, по некоја случајност претседател на Република Македонија: Па добро бе Стево, не почуствува ли потреба да се појавиш на настанот во Ерусалим? Ќе беше добро и за тебе да се смешаш меѓу светската политичка елита, но пред се ќе беше корисно да ја афирмираш сопствената земја. Ефектите од твоето присуство, па и од твојот евентуален настап ќе беа многу големи.
Освен за холокаустот на македонските Евреи што го приредија бугарските фашисти, ќе беше добро на настанот во Ерусалим да се чуе дека Македонија е земја на верска и етничка толеранција. Впрочем, ние сме една од ретките земји која во актуелната влада има министерка - Еврејка.
Но за овие аспекти извонредно важни за афирмација на земјата треба да се има сенс, што нашиот претседател очигледно го нема!
-----------------------------------------------------------------
Додека го пишувам овој текст во Полска, во конц-логорот Аушвиц-Биркенау се одбележа 75 годишнината од неговото ослободување од Црвената армија на 27 јануари 1945 година. Не знам дали воопшто бевме претставени и на тој настан (можеби евентуално на амбасадорско ниво). Памтам кога се одбележуваше 50 години од ослободувањето на Аушвиц, покојниот Киро Глигоров како кутре трчкаше позади Клинтон за да му се претстави дека тој е претседател на Република Макледонија.
Жално е што во нашава земја се нема чувство за значењето на вакви настани и за важноста за наше присуство на нив.
2. Многу фалениот Денко Малески, кој според проф. Ванковска нема напишано ниту една скрипта, а камо ли учебник, во еден свој коментар ги нарече членовите на ВМРО-ДПМНЕ националисти!!! И самиот сум член на таа партија и морам да признам дека бев песосан, демек бесен, од ваквите шарлатански квалификации што самобендисаниот Денко Малески ги тресе онака ноншалантно, како од ракав.
Забелешка: На некои поединци во ВМРО-ДПМНЕ им предложив да поднесат тружба за навреда против лицето Денко Малески заради изнесените квалификации, но, за жал мојата идеја не помина. Навредата се одднесува и на сите оние со патриотски чувства кои и немора да се членови на најголемата опозициона партија.
Не сум сигурен дека професорот (!?) Малески воопшто порави разлика меѓу поимите "патриот" и "националист", но редно е да сврти некоја енциклопедија па можеби ќе му стане појасно!
Впрочем, зошто некој што си ја сака својата земја и народ би се третирал како "националист". Дали, сппоред Денкота, националист е и татко му Владо Малески што ја напиша македонската државна химна со толку многу инспиративен текст и тоа во жарот на Народноослободителната војна!?
Денко, човече, застани пред огледало и чукни се со прст во чело за глупостите што јавно ги тресиш! Ред е да прикочиш и да престанеш да се резилиш.
3. Многу влијателниот германски дневен весник Франкфуртер алгемајне цајтунг објави недамна критички осврт на контроверзниот Закон за јазици што владеачката клика на лицето Зоран Заев насилнички го донесе во македонското Собрание. Спорниот закон го отфрли и Венецијанската комисија оценувајки го како нефункционален, особено во сверата на судството, кој став го споделува и германскиот весник.
Работата постанува уште посериозна ако се знае дека Франкфуртер алгемајне цајтунг најчесто ги одразува ставовите на германската влада. Со други зборови, ако и званичен Берлин укажува на неодржливост на соменатиот закон, што уште треба да му се случи на Зоран Заев и неговите СДСМ-овци, но и на уценувачите од албанските партии во Македонија, дека треба да се откажат од силеџиски наметнатиот закон бидејки не ќе може да просперираат во евроинтеграциите со таков манир на однесување.
4. Влијателниот лондонски ЕКОНОМИСТ го прогласи лицето Зоран Заев за - диктатор, а Македонија за "хибридeн режим", рангирајки не 77-мо место според индексот на демократија во 2019та година и тоа во друштво со Буркина Фасо, Боцвана, Мозамбик, Мали, Сиера Леоне....
Наместо мој коментар ќе упатам една порака до "меѓународната": Господо, ВИЕ го донесовте истиот тој Заев на власт со "шарената револуција", со илегално сниманите тел. разговори - телефонските "бомби", со телефонскиот повик на Џес Бејли пет до 12.оо до ДУИ да не формира коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, туку со губитничката СДСМ... Сега, кога веќе и официјално го прогласивте Заев за диктатор(!), ред е да постапите како во случајот со вашите долгогодишни соработници Чаушеску, Мубарак, Садам Хусеин...., да се отарасите од него и да не се мешате во изборите што ни претстојат на 12ти април. Македонскиот народ е мудар и сам ќе си одлучи како и со кого понатаму.
5. Последното рочиште за случајот "рекет" исфрли на површина колку приземно е интелектуалното и /не/професионално ниво на поранешната шефица на укинатото СЈО, сега затвореничка во КПД Шутка Катица Јанева., која со уличарски речник реагираше на сведочењето на нејзината поранешна заменичка Лиле Стефанова.
И Катица Јанева ни ја наметна фамозната "меѓународна"! Зошто толку не понижија и омаловажија и со што заслуживме ваква казна - не знам, но можам да претпоставам! Но ред е, сега, од кога очигледно си ја постигнаа целта, кога сме веќе пред вратите на НАТО и пред евентуален датум за преговори за чланство во ЕУ да не остават на мира да си го средуваме хаосот што ни го направија нивните избраници Заев, Катица јанева и компанија!
|