Петок, 31 Јануари 2020   
Храбар човек не е оној што не се плаши, туку оној што ќе го победи стравот

VesnaВесна атанасовска

„Научив дека храброста не е отсуство на страв, туку негово совладување. Храбар човек не е оној што не се плаши, туку оној што ќе го победи стравот.“ - една од многуте пораки на Нелсон Мандела.

Токму храброста е предизвикот за промени на едно општество.

Овие избори, на 12 април се клучни во нашата држава, ова е можеби и последниот воз кој треба да не однесе во процесот на брзи и динамични промени во државата. Оваа генерација на политичари немаат избор, мора да бидат оние кои ќе не однесат во вистински правец, време за проби немаме. Предолгиот процес на транзицијата, проследен со многу грешки, има силни последици во многу области, процес во кој цветаше олигархијата, а граѓаните од средна класа паднаа на прагот на сиромаштијата. Има многу да се зборува од тоа зошто дозволивме, до тоа дали некој понесе одговорност.....

Во изминативе неколку години доживеавме да бидеме генерација на која пред сопствените очи ни ја уништуваат иднината. Сведоци сме на еден систем кој не функционира и економија која е на дното, а не убедуваат дека блескаме.
Корумпирани се оние кои требаше да не одбранат и да го обелат образот на државата, но наместо тоа го оцрнија она кое го промовираа и аплаудираа за него, оние кои треба да спроведуваат, еднаквост и правичност. Сведоци сме на селективно применување на законите, тие се толкуваат онака како што на моќните им одговара.

Националните интереси доживуваат фијаско. Клекнаа на колена пред туѓинци не вртејќи се назад кон сите кои беа жртва за Македонија, го продадоа идентитетот на сопствениот народ, потрошија народни пари за прослави и забави по повод влез на државава во ЕУ, а притоа добија корпа од европските пријатели и после сето тоа велат дека се на прав пат, што е многу, многу е.

Сите човечки творби можат да се менуваат со човечко дејство. Време е Македонија да ја доживее својата обнова. Работите мора да се менуваат, ние мора да се менуваме како граѓани, политичарите и политиката треба да бидаат синоним за решавање на проблемите на граѓаните, не за криминал, лаги и предаства. Пред сите интереси да бидат граѓаните. Мала држава со големи проблеми.

Граѓаните заслужуваат достоинствен живот, со гордо крената глава, а не со свиткана кичма, да бидат сите еднакви пред законот. Да ја обновиме нашата Македонија, да го снема сивилото од воздухот, економијата и животот.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.