|
|
Македонскиот народ е со континуитет од појавата на името Македонија |
Римјаните го поразија кралот Филип V во Тесалија и ги ослободија Хелените од Македонскиот јарем Кој е тука – лудиот? Македонскиот народ е со континуитет од појавата на името Македонија и се дури постои ова име на оваа земја. И под туѓинци во минатото (макар имало и во иднина),македонскиот народ си ја задржал и ќе ја задржи суштина на постоењето – сопственото име. Народи доаѓале и оделе како поробувачи и минувачи, македонскиот е постојано со - Македонија. Постојано, заради постоењето кое е пред секоја логика на непостоењето ширена од туѓите пропаганди. Августин со предпоставената лага, дошол до непретпоставена вистина за своето постоење. Од овде и познатата теза – "Ако се мамам, значи постојам", што кај Декарт е – Мислам , значи постојам. Дека Августин навистина постоел и нему и нас ни потврдува неговото име со кое се потпишани неговите дела и мисли. Неговиот лик и не го знаеме но името ни кажува за кого се работи, па суштината на постоењето е во – името. И токму исто е и со нашата суштина на постоење, почнува од личното име на кое се одѕиваме од раната детска свест, па оние на родителите, роднините, пријателите и др. имиња со кои се легитимират. Овие имиња ги врзува едно име – Македонија.
Припадноста се разграничувала со име, без селектирана реалност, се држело до своето име а туѓото може и се презирало но не се бришело и својатало. Толку ги истакнувале разликите (“Филипки” – Демостен) што очајни се денешните експанзионистички тези. Грците се под такво ропство од Македонците што Римјаните се сметаат за ослободители (Плутарх : “Римјаните го поразија кралот Филип V во Тесалија и ги ослободија Хелените од Македонскиот јарем “). За посебноста на македонскиот народ низ средниот и новиот век пребројна е документација а премал е просторов. Денес пак од разни страни ни се поставува исполнување на разни барања а за признавање на уставното ни име,..
Се треба да исполниме за она што и онака е наше , имено – нашето уставно и историско име. Ова е исто како да се услови и Германија со барања само за да ја именуваме како што се именува – СР Германија. Кој е тука – лудиот? |