Среда, 05 Февруари 2020   
Потребна е итна ревизија во Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија

9011

Потребна е итна ревизија во Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија

Незадовослтво во Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ) е Фондација основана во 2002 година со одлука на Влада, а врз основа на законот за денационализација на РМ.  Тој е основан со цел да се овозможи преку наменска денационализација, имотите на Евреите на територијата на РМ, кои што тие ги напуштиле со присилна депортација во фашистичките логори, а не го преживеале погромот и немаат наследници, да не останат во сопственост на државата, туку тој имот да се стави во функција на трајно обележување на холокаустот на Евреите во Македонија - Учество во изградба на Македонскиот Меморијален Центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Одржување на Центарот, управување и раководење со неговата работа и активности и др.

До промена на власта во 2017 година, ФХЕМ работи согласно Статутот и Законите. Меѓутоа промените кои настануваат во Фондонт и несодветното раководење на раководниот кадар ќе предизвикаат незадоволство на вработените. Тоа ќе ескалира во ноември минатата година кога 5 вработени подложени на разни притисоци и мобинг ќе си дадат отказ.

Подолг период овие вработени, меѓу кои и тројца Евреи членови на Еврејската заедница,  биле изложени од надредените на перфиден притисок и омаловажувани за нивната професионалност, се со цел за сами да си поднесат отказ. Чуството на страв ќе ги замолчи поранешните вработени, кои согледувајќи ја поврзаноста на раководството со актуелната власт и немајќи доверба во политизираните правни институции на системот, без да побараат правна заштита, ќе си дадат отказ во ФХЕМ.

Причината поради која биле изложени на мобинг, поранешните вработени во ФХЕМ ја гледаат во тоа што тие премногу знаат за она што се сучувало во ФХЕМ во последно време, како што се разните коруптивни зделки, но и да ги елиминираат како конкуренција, за да тие не станат дел од У.О. Според нив, со новопредложениот Статут, членовите на У.О. сакаат незаконски да го продолжат својот мандат за уште четири години и лицата кои биле претходно вработени во ФХЕМ да не можат да бидат предложени за членови на У.О. на ФХЕМ.

Покрај горенаведеното, сиптоматично е тоа што иако членовите на У.О. ги избира Владата и Еврејската заедниница на РМ (ЕЗРМ), со новиот Статут на ФХЕМ се предвидува тоа да го прави посебна избрана комисија од сегашниот состав на У.О. Всушност, сето ова изгледа дека со овој статут се сака да се исклучи од одлучување Владата и Еврејската заедниница на РМ (ЕЗРМ), кои патем се основачи на ФХЕМ.

Исто така, и покрај лошите резултати (лошо менаџирање со човечките ресурси и финансиите), со овој статут се сака да се заштити и Главниот извршен директор да остане вечно на таа функција. Вреботените кои заминаа во него и во дел од сегашните членови на У.О. го гледаат изворот на сите конфликти, кои има за цел да се избркаат повеќето вработени Евреи за да може несметано да владеаат додека не се исцрпат сите средства.

Ваквите тенденции се гледаат од неспроведување на постапката предвидена со Законот за јавна набавка, се со цел да се испумпаат пари колку што може повеќе.  Така на пример поради наводна итност се  доделуваат повеќе илјади евра за одредени услуги без јавен оглас. Со таков начин на трошење на средствата, кога не се размислува на инвестирање во самоодржливост, во еден момент средствата на Фондот ќе пресушат и шесте члена на У.О. со кревање на рака ќе донесат одлука за престанок на Фондот.

http://mn.mk/aktuelno/17850-Rakovodni-lica-na-Fondot-na-holokaustot-na-Evreite-od-Makedonija-sakaat-da-se-postavat-vo-idnina-nad-Vladata

Македонска нација

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.