|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 46 |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 46
1. "Муртинскиот итрец", како што го нарекоа порталите, се надмина и себеси. Дефинитивно и без сомнеж!
Во обид да си ја спаси кожата (што со неговите лаги и манипулации се покажа дека е подебела и од кожата на слон) и да наметне усвојување на закон за јавно обвинителство (ЈО) според негов терк (да не се користат снимени телефонски разговори што за него ги има премногу) и што ќе го заштити од одговорност за криминалите што во континуитет ги прави од кога го устоличија на власт!?
Зоран Заев е ретка, ако не и единствена појава во политиката (во меѓународни рамки) што треба да се проучува и во науката: веќе усогласен текст на влада на законот за ЈО во понеделникот навечер (9ти фебруари), утредента го крие под маса, а праќа во процедура во Собранието сосема друга верзија, се разбира по негов терк што го ослободува од евентуална одговорност и гонење по изборите на 12 април. Невидено!!!
Оваа валкана маневра сепак нема да му помине на "Муртинскиот итрец" бидејки помалите (албански) партии, кои беа спремни да му обезбедат апсолутно мнозинство од 80 гласови за усвојување во Собранието, му откажаа подршка и сега останува да се види дали воопшто може нешто да се поправи до 16ти фебруари, за кога спикерот Џафери најави распуштање на највисокиот законодавен дом во земјата.
Колку за потсетување, Зоран Заев е два пати аболициран (ослободен од одговорност), еднаш за случајот "Глобал" од Бранко Црвенковски и втор пат од Ѓорге Иванов во 2016, а амнестиран и неколку пати за повеќе афери од кои најкрупна е за случајот "Поткуп", кога од струмички бизнисмен (снимено со камера и објавено на телевизија) бара 200.000 евра рушвет (мито).
Зоран Заев знае дека против него има многу сериозни инкриминирачки аудио-визуелни материјали, особено во случајот „Рекет“. Со евентуалчното прифаќање на овој закон, пратениците практично ќе го амнестираат можеби најголемиот криминален клан кој постоел на Балканските простори во последните три децении, по елиминацијата на Белградското подземје, тврдат македонските медии!
2. Лидерот на најголемата опозициона партија во земјата Христијан Мицкоски ги соопшти контурите на економските мерки што ги содржи предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, а што веќе предизвикуваат одобрување и подршка од бизнис заедницата и од инвеститорите кои ја оценија како амбициозна но сериозна!
Програмата, помеѓу останатото, предвидува: раст на платите во економијата и во администрацијата од 25%; зголемување на пензиите од 20%; намалување на невработеноста под 10%. Една од клучните заложби на партијата што особено наиде на одобрување во бизнис заедницата е воведување на рамен данок од 8%, а голема е подршката и за заложбата за ослободување на плаќање персонален данок за млади до 29 години!
Мицкоски најави раст на бруто-националниот доход од 4% и странски инвестиции од четири милијарди долари во текот на четиригодишниот мандат на неговата влада.
Новина во програмата е и повторното испраќање на економски промотори чија задача ќе биде не само да привлекуваат странски промотори, туку да работат на зголемување на извозот на македонски производи.
Стабилизацијата и унапредувањето на екомијата е апсолутен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ, рече Христијан Мицкоски и, според него, Партијата ќе ја донесе економијата на вистинска патека.
3. Европската Унија конечно, после бројни најави, ја објави "новата методологија" за пристапни преговори за прием на нови членки, која осем протоколарната подршка, во суштина се кокажа дека - според некои македонски медиуми, е "ремикс на стари и веќе чуени и видени еврорефрени"! И не само тоа, експертите сметаат дека новата методологија може да послужи и како средство за нови блокади и уцени кон земјите-кандидати од регионот западен Балкан што имаат амбиции за членство во ЕУ, но и многу меѓусебно нерешени прашања! Практично, се се сведува на задоволување на француските барања: Она што претходно беше составено на триесетина поглавја, сега се наоѓа во 6 кластери или подрачја, кои според новиот план ќе можат да се отвораат и затвораат и државите да се вратат на почеток од некој процес! Tоа не се суштински промени бидејќи и претходно важеше слична состојба во која без враќање наназад, ако една земја не напредуваше на патот кон ЕУ таа немаше да се приклучи кон Унијата, сметаат експертите!
Сепак, една од битните разлики што се добиени со задоволувањето на француските барања се привремените рамки за пристапување. Имено, ќе постои поголем политички притисок врз политичкиот естаблишмент во Македонија за да исполни одредено очекување за членство во Унијата. Ако се употреби процесот со носењето, на пример, на законот за Јавно обвинителство, македонските политичари ќе имаат и точен рок до кога ќе мораат да ја спроведат оваа работа, а не да се развлекува како сега. Според новата методологија, државите во ЕУ посилно да влијаат врз процесот за зачленување на кандидатите.Во нашиот случај Грција и Бугарија би можеле да имаат засилена улога во нашиот пристап кон ЕУ, доколку одредени аспекти од договорите за добрососедство со овие држави не би биле испочитувани од нашата земја.
Не знам зошто, но имам впечаток дека таканаречената нова методологија на ЕУ има и една важна мисија на дефокусирање на јавното мнение во самата ЕУ, но и пошироко! Унијата се соочува со огромни внатрешни проблеми, особено по дефинитивното напуштање Унијата на Велика Британија (Брегзит), што е силен удар на нејзината внатрешна кохезија.
Од друга страна, неизбежно е прашањето: зошто сега се менуваат правила за прием на нови членки кога во неколкуте претходни кругови на проширување видовме се и сешро: и непочитување на Копенхагеншките критериуми, гледање "низ прсти" на одредени земји - кандидати за членство, кршење на принципи и сл. Унијата знае да кажже дека била грешка (!?) приемот на Бугарија и Романија бидејки, наводно, двете земје не биле подготвпени за прием! Но, би ги запрашал одговорните во Брисел: Што е со приемот на Кипар во полноправно членство? Земјата не го испоплнува ни основниот услов за прием - нема суверенитет на целата своја територија и е поделена на два дела! Со постанувањето членка во ЕУ на јужниот дел од островот практично, според мене, дефинитивно е запечатена судбината на Кипар како поделена земја - северниот дел си проласи независност (иако меѓународно не е признаена), а јужниот е членка на ЕУ. Неверојатно, но вистинито!
4. Собранието на Република Македонија на 11 фебруари го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО. Иако процедурата предевидува тоа да се стори одкога сите останати членки ќе го ратификуваат, сепак до ратификацијата се инсистираше по секоја цена да дојде сега, со цел постоечкиот состав на македонското Собрание да биде запамтен дека гласал за Протоколот.
Останува сега само уште парламентот на Шпанија да го усвои протоколот за членство на Македонија и земјата формално да постане 30та членка на Алијансата.
Според правилата, денес усвоениот протокол ќе се испрати во Вашингтон, каде во Стејт департментот се депонирани протоколите за членство на сите земји-членки на НАТО, а по ратификацијата во парламентот во Мадрид, Македонија и фактички е членка на Алијансата.
5. Како што веќе побјави порталот mn.mk, поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, со сопругата, наскоро ќе ја посети Австралија. До посетата доаѓа на покана на Македонското добротворно друштво.
Во Мелбурн на 22 фебруари и во Сиднеј на 28 фебруари ќе се одржат гала-вечери на кои ќе се обрати Претседателот Иванов.
Посетата на екс-претседателот Ѓорге Иванов е од огромно значење за враќање на моралот кај нашите зад Екваторот по разочарувањето од промената на името на земјата од актуелната власт на заминување во Република Македонија.
|