Сабота, 15 Февруари 2020   
Гоце Марков: Кога бродот тоне пушти илјадници вработувања!?

Гоце Марков: Кога бродот тоне пушти илјадници вработувања!?Пишува: Гоце Марков

Навистина не можам да си објаснам како е можно некој кој зависи од некого да го понижува, навредува, уценува, манипулира и уназадува. Никаде во светот не постои политичка партија која во секој наврат ги омаловажува граѓаните, навредува со погрдни зборови…
Постапките кои ги врши Власта со сите нејзини структури се манипулации кои навистина не се објаснуваат само со збор!?

Како е можно една политичка партија да го обвини сопствениот народ во државата во која живеат и тие, дека е мизерен бидејќи не го признава насилно и на нелегетимен начин променетото име на татковината?

Еве мене некој ќе ме нарекува Гохан а јас ќе бидам лошиот ако не прифатам?

Па ме убедуваат за Референдумот бил успешен!?

Па ако не успеат ми велат бил консултативен а З.З. до последен миг манипулираше со својството на истиот, де ќе биде ваков де онаков… со еден збор го доведоа Народот македонски до мали души, да повеќе не се интересира за ништо. Проверени методи на некои други организации, претплатени и од скришни места!? Како е можно постојано да се манипулира со граѓаните, да им се дава лажна надеж за несаканата смрт на нивните најблиски? Како е можно наместо да привлекуваат се повеќе и повеќе, домашни и странски инвестиции и да вработуваат млади луѓе, наспроти тоа да се рекетираат бизнисмени? Како е можно партијата која е предводник во владата упорно да го деградира судството со ,,приватни” одлуки, индиферентно да се девастира здраствениот систем а приватизира на шерифски начин, образовниот процес?!

Сето ова е можно бидејќи СДСМ е партија која се бори со своите внатрешни комплекси за ,,пренаполнети џебови”.
Се бори за што е можно повеќе да се распродаде државното од државата како да ќе нема утре за Македонците?

Да се продаваат националните интереси на тезга како да се домати и пипер, Името да се исплука и преименува, идентитетот да се промени за час и денес да бараат од мене скоро 50 да размислувам на северџански некојси, наместо на македонски?

Срам и арам за денешниве Македонци во кои сум и самиот. Нашите сили и енергија требаше да бидат основата за една нова модерна и силна држава а не мислата на моментумот, а тоа е приграби, искористи оти утре мине дакиката ќе нема!?

До толку се анимализиравме како нација!?

Се чудам на душевната промена на луѓето со кои секојдневно комуницирам, работам творам, пишувам , говорам…
Едните помрачени од своите шефови ме убедуваат дека криминалот е крајот и морало така!

А бре лапај, кради!

Тоа се тие секојдневци кои ги среќавам на секоја кривина.
Убедени се дека се во право!? Јас, јас ги жалам ама тоа е…
Дотука била човештината! Чунки утре јас ќе бидам Лошиот за сите, наместо заспаните убавици фотељаши од сончогледи кои го кријат ВМРО, ќе ти префрлаат шефовите локалци од Власта?!

Каква е оваа математика?

Има ли воопшто психологија или се се сведува на сурова анимална борба?

Пак ќе прашам за Човеците!?

Има ли уште честити мажи и жени таму кои ги боли?

Да, дали ги боли душата?

Се ли е сведено на пусти пари и тендери, на бизнис и на мисловна декаденција?!

Да се надеваме дека луѓето во нас ќе ги пронајдат Човеците?!

Оти Македонија си оди од нас ако не ја #Обновиме!?

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.