Среда, 19 Февруари 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 57

Martin Trenevski

M-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 57

1. Македонското општество навлезе во една застрашувачка фаза за нејзините граѓани, но изгледа и за следните генерации. Фаза до степен на екстремна наци-фашистичка етничка нетрпеливост, понижувања и игнорирања, пред се на сопствената и доминантна нација во државата - македонскатa нација, но и кон помалите етнички заедници, Евреите, на пример.

    Во раните утрински часови, во неделата (16ти фебруари) Собрaнието на РМ, со гласовите од пратениците на СДСМ и ДУИ ја разреши од функцијата техничката министеркa за труд и социјала во преодната влада, единствената министерка Еврејка во историјата на независна Македонија, доктор на науки Рашела Мизрахи! Во килавото образложение на вршителот на должност премиер во преодната влада (до изборите на 12ти април) Оливер Спасовски, за разрешување на Др Мизрахи беше речено дека таа, наводно го прекршила Уставот на РМ (се поставува прашање: кој устав? Оној октроисаниот со купени пратеници, со уценети пратеници ослободувани од затвор... кој устав???), затоа што не сакала да ја отстрани таблата во Министерството за труд и социјала каде пишува дека тоа е министерство на Република Македонија, а не на некоја фантомска "северна" држава!

    Патем, да потсетиме, сега веќе поранешната министерка Др Мизрахи и самата кажа дека таа табла ја наследила во таква форма од нејзината преходничка, сега потпретседателка на влада Мила Царовска! Но, таквото образложение не беше доволно за Спасовски и тајфата евентуално да ја повлечат иницијативата за нејзино разрешување. Според Др Мизрахи, до нејзиното разрешување доаѓа само за да се дефокусира јавноста од бројните афери на власта. "Можам да разберам критика заради политички ставови, но не критика заради верска и национална припадност. Последен што го правеше тоа беше Јозеф Гебелс", коментираше Др Рашела Мизрахи.

    Предлогот за разрешување на Др Рашела Мизрахи дојде од потписникот на капитулацијата во Нивице (родениот татко му порача да му се исуши раката заради тој потпис) - кого некои електронски Мак-медиуми го нарекуваат "двоцевка", а други портали му припишуваат дека наводно имал полициско досие во ЈуКеи поради поседување 300 парчиња дрога за време на постдипломските студии таму, а дотичниот се вика Никола Димитров.

Тој одглуми дека Грција испратила "вербална нота" со протест заради одбивањето на Др Мизрахи да го смени текстот на таблата во Министерството за труд и социјала, по што тргна лавината на расистички изјави и антиеврејски напади од национал-социјал-демократите (СДСМ), но и од нивните коалициони партнери од албанското малцинство ДУИ (водени од антиеврејскиот став на екстремниот ислам).

Колку за потсетување: вербална нота во дипломатската пракса и нема некоја особена тежина туку во суштина е формален документ за

потсетување/укажување за одредени состојби. Тоа што грчката страна пет пари не дава за исполнување на нивните обврски што самата ги превзеде со македонската капитулација во Нивице - за Никола Димитров и тајфата, никому - ништо!?

     Осуда на ваквиот анимален излив на етничка нетолеранција од сеуште актуелната власт пристигна  од претставниците на ОБСЕ и ОДХР во Скопје, но македонските национал-социјалисти (СДСМ) изгледа ни самите не се свесни колку длабоко заглибија и на меѓународен план со незаконското и вон сите процедури резрешување на Др Мизрахи, по што ќе биде врашки тешко, ако не и невозможно да се повратат.

     Случајот за разрешување на единствената Еврејка министер во една европска влада (значи не говориме само за Македонија) знам дека со големо внимание и длабока сериозност веќе е тема за расправа во Светскиот еврејски конгрес, но и во институциите на државата Израел! И двата споменати субјекта педантно глобално ги следат сите појави на антисемитизам и соодветно реагираат. По се почестите појави на антисемитизам во Франција, Германија и други земји, Светскиот еврејски конгрес и државата Израел нема да останат рамнодушни на појавата на екстремна нетолеранција кон малата еврејска заедница во Република Македонија, чиј единствен министер во македонска влада беше Др Рашела Мизрахи.

     Верувам дека Светскиот еврејски конгрес и државата Израел ќе извршат силен притисок на Еврејското лоби во САД за бруталната манифестација на антисемитизам од страна на сегашната национал-социалдемократска влада во Македонија. Исто така верувам дека Еврејското лоби во американскиот Конгрес и Белата куќа соодветно ќе реагираат на експлозивната појава на антисемитизам во Република Македонија.

     За очекување е Еврејското лоби во САД да изврши силен притисок и на американскиот Стејт департмент и на ЦИА да го корегираат нивното сценарио за разнебитување на Македонија и да престанат да даваат финансиска (преку ЈуЕсЕјд, и на други начини) подршка на сегашнава - изродена од сопствениот народ, власт на престојните вонредни парламентарни избори на 12 април 2020.

     Водечката опозициона партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ, што е реална опција за смена на власта во Македонија од секогаш негуваше почит кон своите сограѓани - Евреи. Токму владата на ВМРО-ДПМНЕ, помеѓу останатото, се погрижи со сретствата од имотите на Евреите што фашистичка Бугарија ги испрати во логорот на смртта Треблинка на 11 март 1944, да се изгради Музејот на холокаустот во Скопје; многу Евреи беа активни учесници и во Илинденското востание 1903. Објавена е и книга на англиски и македонски јазик за Холокаустот на македонските Eвреи. Колку за потсетување: двајца Македонци се длабоко врежани во колективната меморија на Eвреите!

Првиот, големиот Александар Македонецот е единствен освојувач кој дошол со војските во Светата земја не да разурнува и пљачкосува - туку донирал богати дарови пред храмот на Давид и Соломон во Ерусалим.

Вториот е Димитар Влахов кој со гласовите од солунските Евреи бил избран за член на турскиот Меџлис (парламентот) во Стамбол и се залагал Империјата да овозможи Евреите да се враќаат и  да се населуваат во нивната прататковина, што бил главен предуслов за создавање на државата Израел.

     Народот/гласачите во Македонија на престојните избори имаат можност самите да бираат и да изберат опција што им нуди мир и правна сигурност, повисок стандард, повеке вработување, можности за младите, странски инвестиции и пред се и над се прозападна определба за својата политичка иднина.

Криминално-мафијашката банда СДСМ-ДУИ треба еднаш за секогаш да се прати во неповрат, во историјата, а НАТО и ЕУ да добијат пристоен чесен и достоинствен партнер и сојузник.

Тоа е понудата за македонските гласачи за изборите на 12 април 2020.

Martin

МИЗРАХИ: Моја Рина, Македонија е наше дома повеќе од петстотини години. Срцето ни е тука

2.  Она што се нарекува македонско Собрание се распушти во неделата, на 16ти фебруари и сега следат предизборни кампањи што, според мене, ќе бидат највалкани од воведот на партискиот плурализам во Македонија пред 30 години. Мојот впечаток го базирам на искуствата од последниве три години на владеењето на СДСМ и ДУИ, непочитување на Уставот (и неговата промена), законите, процедури, право и /не/правдини - нешто што ни го наментаа "големите" белосветски демократии, а со цел уништување се што носи македонско име, дострел и вредност! Со еден збор, очигледно е дека сеуште преовладува концепцијата на "длабоката држава" да се елиминира македонската нација во етничка смисла и да се формира нешто слично во политичка смисла (демек сите сме Македонци, но како граѓани, а не како етникум).

      Големи се изгледите овој проект, за којшто се даваат огромни пари и да успее но пред се и над се заради неединството меѓу нас Македонците!!! Впрочем, а што друго да очекуваш кога лидерот на националсоцијал/демократите и поранешен премиер ЗЗ за најдрагоценото национално обележје - името на нацијата и државата изјавува:"Да му е.ам името".

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.