Среда, 26 Февруари 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 58

Martin Trenevski

Мр Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 58

1.  Неброените белосветски емисари - те од НАТО, те од ЕУ, кои со месеце наназад ја посетуваа нашава татковина, не пропуштаа да ни дадат на знаење дека, демек, донесување на закон за јавното обвинителство - според нив и не било предустов за напредување во евроинтеграциите и конкретно за добивање датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, ама нашиве властодршци да беа кабил земјата да ја свртат наопаку тоа по секоја цена да го направат. И го направија, но сосема нелегално и вон пропишаните собраниски процедури.

     Во мојата професионална кариера имам работено во повеќе земји на три континенти и воедно сум ги следел практиките во парламентите на повеќе одамна етаблирани парламентарни демократии и токму затоа си дозволувам да тврдам: Македонија  н е м а  закон за јавно обвинителство, односно циркусијадата што ја направи владеачкото мнозинство во Собранието на 16ти фебруари, во режија на спикерот Талат Џафери, во ниту еден нормален парламент не може да ја смета за легитимна, а исходот од повтореното гласање како свршен чин на донесување на закон за јавно обвинителство!

     Каде се чуло и видело резултат на гласање на народните избраници во еден парламент да се поништи според самоволието и личното убедување на спикерот на парламентот!? За такво нешто ниту сум чул, а не верувам ни дека се случило (освен можеби во земји со дикраторски режими). Мотивот на спикерот г. Џафери да го поништи гласањето (од потребните 80 гласа, за законот во првиот круг гласаа 74 пратеници. Следствено, законот не беше усвоен!!! ) подоцна самиот тој го разоткри!

     Обидувајки се да го оправда овој свој потег Талал Џафери рече дека, наводно, не видел дека пратеничката Лилјана Поповска барала, процедурално (!?), да се обрати и затоа  бил приморан да го поништи гласањето и да и овозможи на г-ѓа Поповска да се обрати!? А како можел Џафери да не примети дека Л. Поповска наводно барала збор кога електронскиот систем за комуникцирање во салата на македонското Собрание е еден од посовремените и функционира речиси беспрекорно!? Овој наводен аргумент едноставно е сомнителен и отвора простор да се доведе во прашање целата постапка за поништување на резултатите од гласањето.

      Талат Џафери неколку дена подоцна отворено призна дека во моментот на гласањето во салата не бил присутен неговиот партиски лидер Али Ахмети и дека тој (Џафери) немало да дозволи "создавање на коалиција без учество во неа на неговата партија - ДУИ".

      Случката во Собранието на РМ и не треба да изненадува. Почнувајки од самиот "избор" на Талат Џафери за спикер, што се случи од нанога, во едно ќоше од собраниската сала и без неопходните за избор 61 глас (вкупно за него гласаа 57 пратеници - фактите се тие и од тоа нема бегање, а има и ТВ снимки од тие случувања) во текот на изминативе три години се изнагледавме злоупотреби и самоволија, кршења и своеволни тумачења на деловникот, садистичко исцрпување на пратениците по цели ноќи се до рами утрински часови и што ти не друго.

      Затоа сите ние треба да бидеме пресреќни што овој - дефинитивно најлош состав на пратеници од прогласувањето на независноста на Македонија, конечно замина во историјата и не ни преостанува ништо друго освем да се надеваме дека на изборите на 12ти април можеби ќе добиеме поквалитетен состав од помлади кадри кои освен партиските директиви, ќе знаат да ги почитуваат собранискиот деловник и пропишаните процедури, но и да размислуваат и со своја глава.

      А што се однесува до законот за јавно обвинителство - на опозицијата е да го оспорува пред надлежните судови, но и да ја информира меѓународната јавност за беззаконието што го наметна како стил на работење и однесување (со меѓународна подршка) владеачката коалиција, сега на заминување!

     Трошка надеж дека таа фамозна Европска Унија сепак ќе почитува принципи е изјавата на амбасадорот на Франција во нашата земја г. Христиан Тимоние дека, според него, "не е важно само донесувањето на законот за јавно обвинителство, туки и начинот  к а к о тој закон е донесен!!!" Па да видиме, претседателот Емануел Макрон повторно е на потег!

2.  Ако е и од Зоран Заев - премногу е! Најнов политички црн бисер (поцрн не може да биде) од Муртинецот што три години не измалтретира со секакви егзибиции што му ги сервираат неговите странски спонзори и советници (а се топори за уште еден мандат со образложение:"Млад сум, можам уште да дадам") е неодамнешната изјава дека партијата што ја предводи (СДСМ) повеќе нема да била македонска политичка партија, туку мултиетничка, бидејки такво ни било општеството!? Следствено, во Македонија сепак ќе има неколку партии на Албанците, ромски, влашки, партии на Србите, можеби и на Египјаните, но не и на македонските социјал-демократи (СДСМ), бидејки тие (според изјавата на нивниот лидер) се трансформираат во "мултиетничка" партија, а со каква идеологија - останува да видиме!? На среќа, тука е ВМРО-ДПМНЕ која што партија останува цврсто на бедемот на националните интереси како македонска партија, но широко отворена за членство на припадници од останатите националности во Македонија кои ја прифаќаат нејзината политичка програма.

     Лицето Зоран Заев којшто самиот велеше за себеси дека бил "црпнат од нива" упорно работи и целосно е посветен на ништење на се што е македонско или го носи тој предзнак. Тоа и не треба да изненадува бидејки според инструкциите на неговите (странски) спонзори негова задача е очигледно  создавање во Македонија на американски тип на нација според кој сите во Америка се Американци, без разлика дали се црни, бели, жолти или не знам веќе какви!? Сепак мислам дека оваа странска концепција во Македонија нема да помине бидејки Македонците се историска нација со многу богато минато и паметење и нивно трансформирање - туку така, механички, нема да помине!

     Впрочем, и самиот измеќар на странски интереси и концепции Зоран Заев е менлива категорија;  неговата кариера во политиката е во слободен пад, а и во партијата што ја предводи веќе се чувствува растечко незадоволство од неговите, од страна наметнати, штетни ставови.

     А и за фамозната "меѓународна" се појасно се наметнува проблемот: што и како понатаму со оваа индивидуа (ЗЗ) кој толку многу е заглавен во криминални афери, замешателства во судската власт, антисемитизам (нелегалната отстранување од владата на единствената министерка Еврејка Рашела Мизрахи, и какви се други беззаконија!?).

     Да се надеваме дека народот (гласачите) во Македонија на 12ти април, на вонредните парламентарни избори, ќе му даде црвен картон на ова зло чие име е Зоран Заев и самиот ќе си ја земе сопствената судбина (и иднина) во свои раце. Друго ништо не ни преостанува.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.