|
|
Владеењето на Заев преставува добра поука за македонскиот народ |
Свекрва Мицковски во дуелот со Заев покажа надмоќ Синдромот на Минхаузен се појавува кај луѓе кои имаат потреба за внимание и се болно амбициозни. Тие ја заобиколуваат вистината, иницираат разни активности или фалсификуваат одредени настани за да го привлечат вниманието на јавноста и да постигнат лична корист. Во прво време овие луѓе можат да ја придобијат јавноста со разни ветувања, но со тек на времето тие се откриваат и народот ги препознава. Ветувањата на овие луѓе на почетокот се огромни, а очекувањата на оние кои слепо им веруваат се големи, па оттука и разочарувањата од нереализираните ветувања кај јавноста на крај се мултиплицираат. Болно амбициозните политичари кои сакаат да дојдат и да останат на власт со ваков тип на манипулации, на крај завршуваат неславно. Зоран Заев, лидерот на СДСМ, кој му ветуваше на народот дека нема да дозволи промена на Уставот и името, потоа зголемување на просечната палата до 500 евра, плати за лекарите до 100.000 ден, економски бум, вледеење на правото и т.н. ништо не исполни. Наместо тоа, тој го измени не само името на земјата, уставот и др. туку и името на својата партија која од македонска стана мултиетничка. Ваквото негово однесување доведе до пад на неговиот рејтинг, а кој уште повеќе се намали по дебатната емисија со Христијан Мицковски. Имено, по повод престојните парламентарни избори, на првата дебатна емисија кој се одржа на ТВ канал 5, Заев во дуел со Христијан Мицковски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, повторно се обиде да ја манипулира јавноста. Тој како на пазар, во стилот на синдромот Минхаузен, се обиде да ги продаде своите фори, но набрзо беше спуштен на земја. Трговецот кој го смени уставното име на земјата, наводно само за да влеземе во НАТО и ЕУ, не можеше да излезе на крај со смирениот и елоквентен лидер на ВМРО ДПМНЕ. Меѓудругото, Мицковски изнесувајќи низа факти го спушти на земја трговецот од Муртино, укажувајќи му дека неговата роба која и ја презентира на јавноста е фалична. Односно, Мицковски побивајќи го Заев со непобитните факти му укажа на јавноста дека вледеењето на Заев беше национална катастрофа, цунами кое зад себе остави не само политичка, туку и економска пустош, што како резултат доведе до зголемена сиромаштија и заминување на младите кадри во странство. Всушност, Мицковски покажа дека Заев освен уништувањето на институциите и промена на уставното име на земјата, која ја направи спротивно на вољата на граѓаните, не направи ништо друго за македонскиот народ и неговата држава. Свесен дека еден ден ќе одговара пред македонскиот народ, Заев очигледно се обидува по секоја цена да остане на власт и при тоа не бира средства. Се прекроија и Изборните едниници. Оттука произлегува и неговиот синдром на Минхаузен кога говори за некакви успеси, како и не постоење ни на малку срам и каење за она што го прави. Сепак видливо е дека народот го прочитта и дека Заев нема да може ни со политички инжинеринг да успее да ги добие следните избори. Народот нема да му прости за тоа што го погази аманетот на илјадници борци кои ги оставија животите на боиштата ширум Македонија, во борба за создавање на независна и суверена македонска држава. Владеењето на Заев преставува добра поука за македонскиот народ. Заев е аболиран политичар, кој веќе не смее да се занимава со политика. Аферата „Рекет“ која сеуште не е расчистена а по се изгледа допира до највисоките политички врвови, само покажува дека тој мора итно да си замине од политичката сцена. Само така Македонија може да оди напред, само без него може да победува и македонскиот народ да има подобар живот, притоа чувајќи го аманетот на претците. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски во тв дуелот со Зоран Заев покажа интелектулна надмоќ, смиреност и мудрост, достојна за да биде иден премиер, и да ја води земјата. Односно да се справи со последиците од катастрофата која ја предизвика власта минативе три години. http://mn.mk/aktuelno/18026-Osum-lagi-sto-Zaev-gi-kaza-na-tv-duelot-so-Mickoski? |